Според мене, немало теоретски шанси балканските народи да ги застанат турците.Турците биле во полн налет, полни со елан за формирање империја, додека балканските средновековни држави се веќе на залезот(заедно со Византија).И да успеале да ја добијат Маричката битка, до каде ке оделе србите со освојувањата? До Константинопол, Едрене? Турците имале огромна база позади нив(Мала Азија, поточно Анатолија) и кога тогаш, пак ќе го освоеле Балканот.
Интересен факт е тоа дека цар Душан сакал да организира крстоносен поход против Турците. Неколку години пред неговата смрт преговарал со Папството, но не успеал да се договори. Можеби една таков моќен сојуз би бил во можност да се спротивстави на продорот на Османлиите.
Болдот си во право. Балканските држави, по Душан, разединети и слаби не биле во можност да ги
запрат Турците, иако во неколку наврати победиле. Единствен спас претставувала интервенција од запад. Западните рицари од тоа време биле далеку воено посупериорни од Османлиите. Каталонската компанија уште во 1303 година успешно војува против Турците во Мала Азија. Се тоа арно, ама после се свртува против Византија и ја пустоши нејзината територија ( вклучително и Македонија).
Еден друг авантурист, Амадео Савојски наречен уште „Зелениот гроф“ со мал број луѓе во 1366 година го освојува Галиполе за краток период. Десет години подоцна Византијците го враќаат на Мурат што е катастрофална грешка. Некаде помеѓу овие настани, на 25/26 септември 1371 г. се случува погибијата на Волкашин и Углеша. Монахот Исаија говори за
словенска војска од 60, 000 луѓе, фатена на спиење. Можно е оваа бројка да е преувеличена. И сижето со фаќање на сон е познато од порано. Имено при битката кај Сперхеј, Самуил е фатен на спиење и победен.
По Черномен, вратите на османлискиот продор на Балканот се отворени. Турците веднаш не ја користат победата за проширување, туку прво внимателно се консолидираат. И така натаму...Сер паѓа 1383, Софија 1385, Ниш 1386, Солун 1387. Сепак дека Османлиите можат да се победат, доказ се битките кај Плочник и Билеќа. Тука Србите (Лазар Хребељановиќ)/ Босанците (Влатко Вуковиќ) им нанесуваат огромен пораз на турските војски. За одмазда се случува Косово 1389 и веќе Србија(наследникот на Лазар) е принудена да стапи во вазален однос.
1396 се случува Никопол и здружените европски, предимно унгарски сили се поразени од Бајазит. По оваа битка христијанските војски се истрошени и на Турците им е отворен патот за проширување. Само под еден услов. Да не им се случеше Ангора
и Тимур Лен. Јас мислам дека периодот 1402 - 1413 додека траат немирите и борбата за султановиот престол во Осм. држава бил шанса балканските народи нешто да искористат, арно ама само Византија го користи ( го враќа Солун). Добро и Србија станува деспотство ама тоа и понатаму не и менува ништо, пак е растргната помеѓу Унгарија и Турција.
Бидејќи никој ништо не користи, Турците ги реогрганизираат силите и консолидираат своите редови. Во следните 30 години ништо битно не се случува. Втора година кога можело нешто да се направи против освојувачите била 1443. Тогаш се поклопуваат повеќе настани. Се крева востанието на Скендербег, се организира нов крстоносен поход против Османлиите на чело со унгарскиот крал Владислав III, Јован Хунадин и Ѓураѓ Бранковиќ, а во исто време има пуч во турското раководство во Мала Азија. Крстоносците напредуваат солидно. Им задаваат неколку тешки порази и стигнуваат дури до Тракија, но поради зимата и гладот решаваат да се вратат назад. Потоа настанува радзор меѓу сојузниците, и Ѓураѓ го напушта бидејќо Мурат II му го враќа деспотство. 1444 има нов поход, но се случува битката кај Варна и крстоносците се поразени. 1475 интересна е битката кај Васлуј. Турските војски се катастрофално поразени. Буквално сотрени до земја од страна на Молдавците, но без никакво историско значење на нашиве простори.
По овие настани секаква можност за ослободување на христијанските народи на Балканот исчезнува таму се до 1683 година кога е разбиена втората опсада на Виена.