Фан Клуб: Јувентус

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.479
Поени од реакции
5.559
Да, имаше добри потези ама ајде да гледаме вака. Одигра околу 10 меча? Даде некој гол? даде (критични и то). Напрај неколку асистенции? неколку. Кажи ми ако не се викаше ДелПјеро дали друг играч со ваква статистика би чувал во тимот? редовно беше вклучуван или на клупа или во игра генерално поради името.
Има фудбал и во Такони ако гледаме така. Мислам дека на 50 и некоја година брани во некој 4то лигаш. Ај и него да го вратиме како 3 голман?
Реално последните 2 сезони имаше блесоци но ја немаше потребната константнос во тимот. Ако веќе го гледаме голот со Лацио, да го гледаме промаршувањето со Сампдорија?
Знам дека ти е тешко, ама како шо кажав треба да гледаме во иднината.Потребно е да се гради тимот врз свежи играчи мислам дека дури и Алекс е свесен за ова нешто. Потребно е да се остави простор за свежа крв а во исто време да се има некаков бекап во нападот кој ќе биди провајдиран од моменталната постава. Онај шо требаше да отстапи место беше Алекс. Остана во Јуве можеби и подолго отколку шо можеше да се очекува и даваше поддршка дури да добиеме каков таков освежен напад кој функционира.
Алекс има уште многу да дај за Јуве и то е факт. Еден ден ќе се врати во стручен штаб заедно со Недвед, со нови искуства кои ќе ги собира по светов.
--- надополнето: 24 мај 2012 во 16:25 ---

Дури и ова држи вода до негде. Потребен е еден голем афторитет во соблекувална. И на Конте му е потребна малку слобода за да работи. Присуството на Алекс и одлуките да клава некој друг во игра место него само му додаваат непотребна тежина.
Мислиш ти ако киксневме со Лацио ќе се вратевме пак на врвот? Мало морген.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
И Дел Пиеро знае дека не може да игра веќе 90 минути и нема сила да издржи цела утакмица а срамота е играч како него да седи на клупа ,многу едноставно,он сака да игра уште неколку сезони а во Јуве ќе играше само 20 минути колку што му дава Конте,на крај краева Јуве освои скудето а тоа е најбитно,колку може да помогне Алекс со играње само 20 минути?значаен е ради искуството но мора некогаш да се донесе и вакво решение,еве и Реал Мадрид го пуштија Раул,не се вклопуваше во тактиката на Мурињо ама затоа Реал М. после 4 год. освои титула.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.867
Поени од реакции
6.380
Мислам дека е до Конте .. Дека не му е во плановите за следната сезона ..
Не ми се верува, Ањели објави уште пред почеток на сезоната дека на Алекс ќе му е последна сезона,додека Конте го играше Алекс од клупа често преку цела сезона, и изјавуваше многу често дека со Буфон се многу значајни во тимот.Освен ако му е навистина тешко, или му е жал на Конте да го седи на клупа Алекс,или не му одговара што Алекс му одзима од славата..затоа би било убаво да кажат. Да сме на чисто со ова и да го оставиме зад нас.
Да, имаше добри потези ама ајде да гледаме вака. Одигра околу 10 меча? Даде некој гол? даде (критични и то). Напрај неколку асистенции? неколку. Кажи ми ако не се викаше ДелПјеро дали друг играч со ваква статистика би чувал во тимот? редовно беше вклучуван или на клупа или во игра генерално поради името...
Забораваш многу важен сегмент, тоа е позитивната енергија, харизмата , шампионскиот дух, искуството , пример над сите примери , кое го дава Капитенот. Колку често само читаме изјави на помладите дека им е огромно задоволство да тренираат со Алекс, да учат од најдобриот. Не мора да гледаш само што Алекс дал за Јуве на теренот, туку и вон него. Затоа мислам дека најмногу ни вреди Алекс во моментот. И ми е жал што новодојденците ќе ја немаат честа да тренираат со него и да учат од најдобриот. Останува Пирло и Џиџи тука да заменат, но никој не може да го замени Капитенот. Поздрав до тебе и се согласувам горе доле со тебе, дека треба да се гледа во иднината, сепак можеше сето ова да се случи поинаку...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Мислиш ти ако киксневме со Лацио ќе се вратевме пак на врвот? Мало морген.
никој не рече дека не беше важен голот. И да останеше уште некоја сезона ќе донесеше сам неколку поени, само финтата е шо треба свежина а Алекс можи да си го клај костумот и да седи до Недвед на трибина.
--- надополнето: 24 мај 2012 во 16:52 ---
Не ми се верува, Ањели објави уште пред почеток на сезоната дека на Алекс ќе му е последна сезона,додека Конте го играше Алекс од клупа често преку цела сезона, и изјавуваше многу често дека со Буфон се многу значајни во тимот.Освен ако му е навистина тешко, или му е жал на Конте да го седи на клупа Алекс,или не му одговара што Алекс му одзима од славата..затоа би било убаво да кажат. Да сме на чисто со ова и да го оставиме зад нас.

Забораваш многу важен сегмент, тоа е позитивната енергија, харизмата , шампионскиот дух, искуството , пример над сите примери , кое го дава Капитенот. Колку често само читаме изјави на помладите дека им е огромно задоволство да тренираат со Алекс, да учат од најдобриот. Не мора да гледаш само што Алекс дал за Јуве на теренот, туку и вон него. Затоа мислам дека најмногу ни вреди Алекс во моментот. И ми е жал што новодојденците ќе ја немаат честа да тренираат со него и да учат од најдобриот. Останува Пирло и Џиџи тука да заменат, но никој не може да го замени Капитенот. Поздрав до тебе и се согласувам горе доле со тебе, дека треба да се гледа во иднината, сепак можеше сето ова да се случи поинаку...
Фала шо се сложваш - горе долу :) .
Знајш, по сите коментари шо ги читам изгледа како разделбата да е непријателска. Сите го прават настанов како Ањели да му ги опна клоците на Алекс.
Можиме на оваа тема да се расправаме уште многу, кажав шо имав да кажам и мислам дека потегот си е скрос на место. Дури и оваа година беше тој поклон сезона за кој шо збораме сите, така да ... лајф гоус он.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Сите го сакаме Алекс и на сите ни беше тешко кога не напушти, ама јас мислам дека ова му беше максимумот во Јуве, ја немаше веќе таа брзина и сила што ја поседуваше цела негова кариера, еден Џакерини можеше подолго време да ја загради и чува топката од него.
Против Наполи во купот не се виде Алекс. :)

И време е да се насочиме кон иднината.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
http://supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=8552:verati-ako-odam-togas-vo-juventus&catid=39:italija&Itemid=80!
Верати мислам дека ке биде достоја замена нареднтата сезона на Пирло .
Ни треба еден врвен напаѓач моја желба е Игуаин но и Џеко не е лош .
Има шпекулации дека Наполи би го продале Кавани ако би го добиле Матри плус пари...за мене е ова супер .Со две јаки имиња во нападот мислам дека ке правеме лом .
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
ова ако е за продолжување договор потпишувањето,тогаш многу мал договорот само едно ливче :D
Памтам јас на факултет ко се упишвав,на сто страни тој договорот, ко душата на ѓаоло да му ја продавав :D
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Пред се, нема извор, кој ли го приметил?
Потоа, тој ќе има завршни преговори со Венгер после финишот на Еуро, а и воедно сите играчи се веќе упатени кон Полска/Украина.
Исто така, грешка е тоа , освои 7 трофеи но само еден не освои од сите можни а во текстов токму тој е наведен дека го освоил...играч на сезоната во ПЛ.
 
Извор е Микеле Кришитело, убаво пишува во текстот. А тоа со трофеите не те разбирам што сакаш да кажеш:confused: во текстот пишува дека РВП е избран за играч на сезоната во ПЛ. Какви трофеи какви бакрачи.... Инаку мене ми е малку веројатно да се реализира овој трансфер, скоро невозможно...Иако би учествувал со два дреса од него заедно со Синистер , директ за плата да му покриеме едно 5-6 минути од првиот тренинг :)
 
A

apidrone

Гостин
Ако не се лажам, играч на сезоната во ПЛ е Винсент Компани од Сити..
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
ako разбира некој нека преведи,јас едино можам да скопчам 6 милиони годишно и бројот 10 да му го даеле
 
Kajgana Shop

На врв Bottom