Шубаји искрени женски мислења се изначитав на темата. Таман за да ги седнам моите да потпрочитаат и да ме олабават од некои прашања. Некои мажи имаат секс за една вечер. Жените се секогаш понапредни на ова поле и идат корак даље, они да ти имале вибратор со (по)долг рок на траење. Нешто како оние инвентивните реклами за Дурацел батерии со зајци кои тераат и тераат и тераат. Притоа доста инвентивно го вртат тркалото искористувајќи им го историскиот метод што самите машки го употребуваа години уназад. Имено порано машкото лажеше дека ја сака за да ја легне, сега е обратното. Какво време дојде ќе ја начекаш во град ќе те легне она тебе, за утредента да ја побараш и да сфатиш дека ти дала грешен број, па ти разочаран му се јавуваш на другар ти да компензирате со шопинг на розеви кошулчиња од Теранова и шеширчиња како на Бруно Сникерс, за после да си се почастите по еден пилешки стек паузирајќи ја на еден ден диета базирана на соја и зелена салата за да изгледате фит во новите шорцеви за бањање оние узгз и узкур што се лепат. Секако, и тука важат двојните стандарди. Кога машко има женска за плескање притоа правејќи и филм, он е машка свиња, ѓубре, завршил во Златан Сремац, краде, лаже, спие со кокошките и има вошки. Кога женско го прави истото тоа се должи на психолошките трауми кои сиротата ги има доживеано па сега секоја емотивна поврзаност претставува неиздржЉива болка недостојна за едно такво кревко и невино суштество, осудена во овој суров свет само поради тоа што е желна за допир, за срцево откуцување, за прегратка, за посакуваност (превод-за еден подебел кур). Кога женско го прави тоа се пишуваат турбо-поп песнички кои стануваат евергин хитови кои одат во етерот на Сити, Антена, Лајф и тако даље.
Отсекогаш ми била интересна таа поетична романтизација кога жените прават "гревови" за која имам и пишувано. Пример она не го вара маж и, туку ја лечи својата несреќна љубов, не пие како стока туку ја користи вечната мистика на виното за пронаоѓање на себеси итн... Така и на темава настапот е сведен во 2 чекора. Во првиот му се дава поетична димензија на моментот дека она некого ебе у здрав мозок. Да, тоа е терминот-ебење во мозок. Оти кога на некој ќе му сервираш гомно ќе се згади. Ама ако му сервираш гомно во Луј Витон чинија и прибор од кој јадел Луј 16 пред му летне главата, ќе си ги излиже и прстите и ќе ти каже дека поубаво нешто нема јадено во живот. Значи прво она никого не ебе у мозок, на никого не му набива рогови, никого не лаже како циганка со апла фотошопирана докторска дијагноза. Она само е во врска со човек со кого нема емотивно поврзание, сплотение, надополнение и во кое сентиментите сеуште не се асцендирани на повиско ниво (превод-Ма кој го ебе). Дури и пожелно е тој да ја сака неа, за добивката да биде максимална а ризикот минимален (кост/бенефит анализа исто спомната неколку пати од моја страна). Ако тоа не ви е доволно да направите жална фаца со извик Оооооо душичка, следува втор чекор. Вториот чекор се состои во јустификацијата (нели кул звучи) на соствената постапка. Да се повторам од погоре. Значи да, она ебе некого во мозок. Меѓутоа тоа се должи на психолошките трауми кои сиротата ги има доживеано па сега секоја емотивна поврзаност претставува неиздржЉива болка недостојна за едно такво кревко и невино суштество, осудена во овој суров свет само поради тоа што е желна за допир, за срцево откуцување, за прегратка, за посакуваност (превод-за еден подебел кур). Со ова ти веќе си освоен како што си бил во моментот кога Скар го турка Муфаса во бездната каде што прелетуваат стадо муфлони (или што год и да се). Ти би ја оправдал и да ти дојде дома и куќата да ти ја запали. Функционира бре совршено, лајкови се стегаат, си се цитираат и надополнуваат, сочуствуваат едни со други, кај и да е некој пост ќе заврши и во форумски цитати може дури и на насловна на портал. Значи по н-ти пат да потсетам дека збориме за поддршка на постапка во која некоја некого ебе (најверојатно недолжен) во здрав мозок. Секако не му посакувам на никој да му се случи обратното. А да, заборавив, веќе им се има случено па од државната агенција за подјебавање добиваат лиценци за играње курташак без полагање одгворност. Колку ми се смешни мажињата само кога мислат дека ја заебале некоја а не разбираат дека ги плескаат со двојна пенетрација. Прво ти прават ујдурма, а второ ти ја сервираат на крајот ти да си крив што се они никакви. Мислам дека крајно време е да ставиме женско во преговорите за името. Грците на крај и ќе не признаат под уставно име, ќе ги вратат имотите и сепак на крај ќе мислат дека работата е решена ем правично ем во нивна полза.