Каква љубов? Многу зависи од тоа.
После 5 години сакање на еден ист човек, можам да кажам дека сум способна да бидам и со некој што не го сакам. Затоа што сите можни преодни фази ги поминав.
Онаа, првата, ,,стресната,, љубов најпрва и поминува - но е најинтензивна. И најубава, ако е возвратена.
Потоа доаѓа фазата на доверба, взаемна почит, и пред се, пријателство. Таа фаза има подобра страна од првата, затоа што подразбира многу посериозен и поодговорен пристап кон партнерот, но и фали ,,стресниот,, дел.
Третата фаза (where I believe I am now) ја нарекувам ,,стабилна,, фаза. Фаза во која нема претерани емоции, нема ,,стресување,, , партнерот ти е пред се пријател, а потоа љубов и љубовник.
Во оваа фаза најмногу фали авантурата, која е далеку почеста во првите две. Веќе ич не ти е гајле дали ќе те види во распар пижами и скината чорапа. И го праќаш да ти купи улошки.
Добриот дел е стабилноста, довербата е тука најголема, страстите се смирени.
Е сега, да не сум во оваа моја врска, ќе одберам да бидам со некој што не го сакам. Затоа што знам колку е потешко да си со некого што го сакаш.
Кога би била со некого што не го сакам, помалку би се грижела за него. Не би се вознемирувала премногу околу него. Не би ни пробувала да го менувам, да се трудам да биде подобра личност, уште помалку би прифаќала совети или критики. Би нашла некој што мене ме сака, но јас да не го сакам него.
Така работите се многу полесни. Се е полесно. Одлуките не се преиспитуваат толку многу, не се бираат зборовите толку многу, ниту постапките се толку промислени. Не губиш многу ако го изгубиш, затоа што реално, не го сакаш.