Според книгата Бугарија во март 1943 година почнала да размислува на злоделата во кои помагала. И според тоа била согласна да дозволи преселба на Евреи во Палестина. Иако недостасуваат какви биле официални документи за да видиме кога точно била таа кореспонденција, нека прифатиме дека тоа е израз не некоја желба за спас на тие луѓе. Но депортацијата на Евреите од Македонија е спроведена на 10 и 11 март 1943 година а се депортирани меѓу 22-29 март. Па сега јас не разбирам, што сакала да “спаси“ Бугарија - депортираните Евреи ли ? Сакаш да не убедиш , дека Бугарија направила некои напори за спас на луѓе што во тоа време ги депортирала ? Може би јас не разбирам, но објасни , зошто ги депортира кога сака да ги спаси ? Како се спасува нешто што веќе го нема ?