Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Не ја намалуваме нашата одговорност за смртта на повеќе од 11.000 Евреи, депортирани од Тракија и од Македонија, изјавил Георги Прванов
Бугарија ја прифаќа одговорноста за погромот на Евреите од Македонија во 1943 година, кога во нацистичките концентрациони логори во смрт беа испратени повеќе од 11.000 луѓе.
Овој став го соопштил бугарскиот претседател Георги Прванов при неодамнешната посета на Израел, а го пренесе влијателниот израелски весник „Харец“. Прванов е прв бугарски државен функционер кој јавно ја признава вината на неговата земја за учество во систематското уништување на Евреите во Втората светска војна, организирано од нацистичкиот режим во Германија и од нејзините сојузници.
Кога оправдано се гордееме со тоа што сме го сториле за да ги спасиме Евреите, не забораваме дека во исто време во Бугарија постоел и антисемитски режим и не ја намалуваме нашата одговорност за судбината на повеќе од 11.000 Евреи што беа депортирани од Тракија и од Македонија во логорите на смртта - изјавил Парванов на средбата со израелскиот претседател Шимон Перес, при посетата на Израел од 24 до 27 март годинава.
Весникот „Харец“ наведува дека тие 11.000 Евреи биле жители на Тракија во Грција и на Македонија во Југославија, области припоени кон Бугарија во април 1941 година. Во текстот под наслов „Бугарија ја прифати вината за 11.000 жртви на холокаустот“ пишува дека нацистичка Германија му ги подарила овие територии на балканското царство како знак на благодарност за неговата соработка.
„Бугарската полиција, која дејствувала под нацистички наредби, ги уапсила Евреите во анектираните територии и ги депортирала во Треблинка во 1943 година. Во исто време, Бугарската црква и политичките лидери спасиле 48.000 Евреи што живееле во Бугарија, иако нацистите побарале и тие да бидат депортирани. Царот Борис Трети се согласил со барањата на нацистите, но бил изложен на притисок од јавните личности и не ги спровел.
По падот на комунистичкиот режим во 90-тите години на минатиот век, бугарските лидери што го посетиле Израел одбивале да ја преземат одговорноста на злосторствата. Парванов, член на Социјалистичката партија, е првиот што го стори тоа“, пишува „Харец“.
Виктор Мизрахи, поранешен претседател на Еврејската заедница во Македонија, вчера го поздрави прифаќањето на одговорноста од стана на бугарскиот претседател.
- За првпат бугарски државен функционер го признава тоа што го направиле бугарските фашистички сили. Тој докажува дека е модерен државник кој не се плаши да ја искаже историската вистина. Дали ова ќе значи дека Бугарија ќе оддаде почит пред скопскиот Монопол, каде што бил собирниот центар од кој биле транспортирани Евреите, или дека ќе биде повлечена одлуката на бугарскиот Врховен суд од 1996 година за рехабилитација на директните виновници за холокаустот - тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, министерот за внатрешни работи Габровски и уште 40 други злосторници осудени во 1945 година - вели Мизрахи.
Тој верува дека сево ова ќе помогне во постапката во која Еврејската заедница од Македонија побарува од Бугарија околу 16,5 милиони долари отштета за имотот што бугарските фашисти го заплениле од Евреите.
Бранко Горгевски