Кај мои роднини во град во Западна Македонија со помал број жители Македонци, последниве две години се родија 5 деца, кај едниот пар 2, кај другиот 3.Истовремено немаше смртни случаи.Истото и во нивната околина, тазе парови се со по 2 деца, дел веќе со чекање на трето, едно 7-8 брака.И после пак ќе гледаме податоци дека бројот на Македонците се намалувал
А ситуацијата реално на терен и таа во податоци на хартија е баш различна.
Исто и во Охрид гледам редовно одат на второ дете, па и трето, а пред некое време знам за случај со 4 деца (2 + близнаци).
Одговорот е во болдираното.На пример, според ДЗС во 2002 бројот на Албанци е +67.979 од последниот попис, а бројот на Македонци +2.000 за 11 години!
Според истиот тој ДЗС, во период 1999 - 2009, бројот на жители е зголемен за 31.144, значи 3114 годишно.Ако сметаме дека бројот на Албанци е +67.979 од пописот во 1994 спрема пописот во 2002 (429.600 / 506.083), нивниот број годишно би растел просек по 8497 годишно - двојно од вкупниот прираст...нелогично,а?
Од 86.615 вкупно зголемено население -Македонци 2.000, Албанци 67.979, останати 16.636.
215.000 жители креирале 16.636 нови, а 1.400.000 Македонци само 2.000 нови жители?
Од друга страна, во истиот период само бројот на жители на Скопје е зголемен за ~58.000 (7250 годишно).
Соодносот на живородени деца од албанска националност спрема деца од македонска националност е 34:1 !
http://kurir.mk/makedonija/vesti/45708-Kolku-Albanci-ima-vo-Makedonija
http://kurir.mk/makedonija/partii/45815-Bacev-Imame-dokaz-deka-Albancite-se-17-otsto
Уште поинтересно, бројот на жители ако ги споредиме официјалните пописи од 1994 и 2002 е зголемен за 134.333 (16.792 годишно), а погоре гледаме бројка од 86.615 (10.827 годишно).
1994 - 1.936.877 жители
2002 - 2.071.210 жители
2009 - 2.114.550 жители (процена)
Според некакви чудни податоци на интернетов,
во Општина Валандово во 2009 се родиле 4 деца од албанска националност, во Василево 1, Велес 72, Гевгелија 1, Градско 2, Демир Капија 5, Демир Хисар 12, Другово 2, Кавадарци 8, Конче 3, Илинден 8,Македонски Брод 9, Лозово 1, Конче 3, Кратово 1,Крушево 61, Могила 16, Неготино 6, Новаци 8, Прилеп 58, Пробиштип 2, Радовиш 5, Росоман 4, Свети Николе 1, Старо Нагоричане 1, Струмица 6.
Ај шо е трагикомично, па и напишале дека немало смртни случаи, само раѓања.Или живеат до 126 години или чисто онака дека воопшто не постојат, а овие бројки се од памет.
Друго..
Македонци (2009)
Родени 12.490
Умрени 14.332
-------------------------
-1.842
Албанци (2009)
Родени 7454
Умрени 3023
+4431
Официјално според податоците на Државниот завод за статистика во текот на 2009 година биле родени 23.684 деца а во истата година починале 19.060, што значи населението било зголемено за 4624 лица. И во 2010 според податоците на ЦИА Македонија ќе забележи позитивен природен прираст, според овие податоци населението во нашата земја во текот на 2010 година било зголемено за 0.25 проценти.
Но доколку се анализира морталитетот и наталитетот на етничките заедници посебно, може да се види, дека носител на природниот прираст се етничките заедници на нашата земја кои припаѓаат на исламската вероисповест.
Тоа го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика според кои во 2009 година, од вкупниот број на родени, Македонци биле 12.490 а починале 14.332, што значи дека во таа година 1.842 Македонци повеќе починале отколку што се родиле. Истата година биле родени 7454 Албанци, а починале 3023, па така во 2009 година, бројот на Албанци се зголемил за 4431 жител. Освен кај Албанците зголемен природен прираст има и кај Турците и Ромите.
__________________
Според ова, 95,82% од наталитетот во Македонија го носат Албанците?!
__________________
Најмногу овие бројки им одат на политичарите, ние вака да се замараме на форум, а и за избори им се баш ок погодени.
За Охрид имаше 35.397 гласачи излезено на последните избори (Јуни 2011
http://ohridnews.com/index.php?mod=43&kat=44&id=31731), односно 65% од гласачкото тело, според ова гласачкото тело е 54.457 (полнолетни) лица.
Или54.437 според Сител
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/izborniot-proces-vo-opshtinite-ohrid-i-debrca-pochna-navreme-vo-site-glasachki-me
Или 53.893 според МИА
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=63554910&lId=1&title=ТИКЕР.
54.437 + 6.021 основци + 4.064 средношколци (околу 3000 без полнолетни и средношколци од др. општини) = 63.458 жители на Општина Охрид (не се пресметани податоци од 5 градинки, отприлика 600-700 деца).
55.749 е според ДЗС бројот на жители во Општина Охрид, а бројот на гласачи според истата институција е 54.437, значи само 1312 малолетници разлика.За споредба само во ОУ Григор Прличев учат 1305 деца.
Нешто се имаш збунето, во Охрид пораѓања веќе 2,5 години немаме, се е префрлено во Струга.Баш ме интересират кај ќе ги пишат овие деца, во наталитетот на Општина Струга или во Општина Охрид....
Мислам дека сега е јасно зошто се бојкотираше последниов попис.