Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Стивиии....не е само до засилувањата братче!!!

Не можам да с правам слеп и да викам дека е добро.
Бенитез цели 5 сезони колку е тука во овој клуб не променил ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ ФОРМАЦИЈА. Повторувам во ниту еден случај.
При резултат 1-0 за нас на домашен терен тој со тим кој како што ти кажа и јас како шо те сватив ПРОСЕЧЕН, тој не знаеше што да прави. Сите тераа кој каде сака во второто полувреме едноставно без идеја.
Згора на тоа во 85 мин. го вади до тогаш најдобриот на теренот Аква а притоа го остава во игра ЦЕЛ МЕЧ преморенито Кујт кој уште во второто полувреме се виде дека едвај оди а не да трча.
Се излегувањето на Аква веке се се растури (ако имаше нешто да се растури), целата средина се загуби и топките само се префрлаа преку центарот за да се избегне средината каде стоеше како слепец Лукас а притоа Џерард беше тотално отсечен.

Да не ги споменувам грешките со трансферите кој ги направи за овие 5 сезони Бенитез, за тоа ми се поврака!taga

БЕНИТЕЗ МОРА ДА СИ ОДИ!!!!

Мора да си оди и тоа додека е време да се искористат овие промени кои се планираат да се направат со продавањето на тимот.

ПС. Можеби не се однесуваше постот за мене но морав да ти реплицирам, впрочем ке го правам тоа на секој кој што ке каже дека Бенитез не е крив за оваа ситуација!

Не се однесуваше конкретно на тебе постот туку на сите шо имат мислење спротивно од моето :smir:
Значи зедовме со Бенитез Лига на шампиони, уште еднаш стигнавме во финалето( да потсетам дека некаде над 100 милиони би требало да добил тимот) два пати до полуфинале, лани бевме втори и имавме најмногу бодови во последните 20 тина години колку шо се сеќавам. Најскапиот трансфер шо го има напраено Бенитез во овие 5 години е Торес и нормално најдоброто засилување( да вредеше 5 милиони како Досена итн сигурно и тоа ќе беше пропаднато). Нормално дека има многу утки на пазарот но тоа е кога треба да бара играчи кои не се поскапи од 10 милиони. А дека Бенитез не знај да постави игра тоа нема врска, лани ги победивме по 2 пати и Челзи и манчестер, на Реал му дадовме 5 гола во ЛШ, се вративме против Челзи на гости во полуфиналето...Тоа шо лани немавме среќа е друга работа. Годинава замина Чаби Алонсо и нормално дека треба период за да се прилагоди новата игра.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Која нова игра?
Не ми е јасно која е таа нова игра кога 5 сезони го играме истото!

Трансфер политиката беше КАТАСТРОФА иако и не беше баш без пари како шо викаш!
 
Баш ме интересира да споредиме колку играчи и за колку пари се продаени и колку се купени и за колку пари во Ливерпул и еве да речиме во Челзи или Манчестер. Ако можи да најди некој нешто такво нека постира.
Мислев на новата игра без Алонсо зошто беше една од најважните алки во тимот ако не и најважна минатата сезона.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Еве нешо за сите навивачи на Ливерпул...
Во 1981-та година се ожени принцот Чарлс, Ливерпул го освои трофејот на Лигата на Шампиони, умре Папата...
Во 2005 година принцот Чарлс се ожени по втор пат, Ливерпул го освои трофејот на Лигата на Шампиони, умре Папата.

Поука: Кога ќе се ожени принцот Чарлс и ќе умре Папата тогаш ставете ги сите пари на Ливерпул да ја освои Лигата на Шампиони. :pos2::pos2::pos2::pos2: :smir::smir:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143

хахахах интересно....
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.794
Поени од реакции
12.161

значи вака...ми требаат двајца доброволци....едниот да се ожени со принцот а другиот да го убие папата :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
а за тоа со бенитез superstarpizza е комплетно во право....бенитез имаше пари не ги искористи.....аквилани и бабел цела сезона ја поминаа на клупа.....пачеко не ни доби шанса......немет мистериозно исчезна....истото ке им се случи и на овие шелси мелси новиве играчи што се.......а тоа дека шпанецот освоил лига на шампиони.....тоа држеше вода некаде до 2008ма.....од тогаш поминаа 5 сезони.....тоа повеке не е оправдување.....на стара слава можеше да се вади до 2008ма...повеке не...така да бенитез чао.......или ако веке останува под итно да промени нешто
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Баш ме интересира да споредиме колку играчи и за колку пари се продаени и колку се купени и за колку пари во Ливерпул и еве да речиме во Челзи или Манчестер. Ако можи да најди некој нешто такво нека постира.
Мислев на новата игра без Алонсо зошто беше една од најважните алки во тимот ако не и најважна минатата сезона.
http://www.transfermarkt.co.uk/en/fc-liverpool/transfers/verein_31.html

Кликај и провери за што сме потрошиле 64 мил. евра минатата сезона, а потоа смени ја годината и ке видеш за што сме потрошиле пак 45 мил евра за оваа сезона.

Провери па пиши ми шо мислеш!:smir:
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
http://www.transfermarkt.co.uk/en/fc-liverpool/transfers/verein_31.html

Кликај и провери за што сме потрошиле 64 мил. евра минатата сезона, а потоа смени ја годината и ке видеш за што сме потрошиле пак 45 мил евра за оваа сезона.

Провери па пиши ми шо мислеш!:smir:
Сезона 2008 - 2009
Маскерано- добар трансфер
Н гог- за парите е одличен ако не беше тој ќе завршевме во долниот дел на табелата
Досена - промаршај
Риера - Вреди за сите 8 и кусурот милиони а можи и повеќе само шо годинава изигра нецели 10 утакмици
Кин - Го зедовме и го вративме шо значи изгубивме помалце од 5 милиони, а го вративме заради тоа шо не се покажа до полусезона а не можевме да ризикуваме да го чуваме пошто после ќе немавме пари за лек. Кога гледам кај е сега Кин можам да кажам дека беше правилен избор шо се продаде.

Значи не сме потрошиле 64 туку 44 ако оттука ги одземиме сите продажби таа година добиваме пројка од 17 милиони потрошени на трансфери.

Сезона 2009 -2010

Џонсон - добар трансфер
Киргијакос - добар( ни требаше некој за на клупа)
Аквилани - се двоумам дали е правилен и се надевам дека догодина ќе игра постандардно. Да потсетам дека го купивме повреден оти немавме скршен динар а дечкото беше добар во Рома па шансите да се покажи кај нас беа 50 -50. Инаку за 18 милиони ќе купевме некој кој заслужува да игра во Вест хем а не кај нас а со тоа шансите за титула ќе ни беа 0%.Вака барем имавме 50 %.

Продадени беа играчи во вредност од 45 милиони плус 7 милиони кои ги добивме од Портсмут шо значи сме потрошиле минус 8 милиони односно повеќе сме продале отколку шо сме купиле.
Овие трансфери шо се напраени се замени а не засилувања.
 
Стеф...

30.05.1980 Time when the legend was born...
Член од
16 април 2009
Мислења
364
Поени од реакции
39
Citav deka Tevez ke si ide od City i deka Benitez ke dae se da go donese zaedno so Arda Turan i toj leviot bek od francuska liga
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.794
Поени од реакции
12.161
Citav deka Tevez ke si ide od City i deka Benitez ke dae se da go donese zaedno so Arda Turan i toj leviot bek od francuska liga
а каде тоа нешто синко???? веројатно е од оние трансфер шпекулации-глупости.......дај боже да е вистина ама шансите се 1:1000000
 
CrAzY_BiTcH

Аin't funny?
Член од
1 февруари 2010
Мислења
82
Поени од реакции
6
Aјде суредете ги пичкиве во Недела.YNWA
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.794
Поени од реакции
12.161
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom