Грабеж на студентите на Правниот факултет - Скопје (прва година)

  • Креатор на темата Креатор на темата Грмуш
  • Време на започнување Време на започнување
Одговорниот за настава така ни објасни кога прашавме за казнена сесија, сега што секој различно го толкува ЕКТС тоа е друго, ама факт е дека се имаат казнувано факултети заради казнени сесии. Претходно пишав за плаќањето поскапо на кредитите. И јас не пишав дека измислува работи, затоа и прашав, зашто такви правила првпат слушам и некој ми беа нејасни и да ги подобјасни на некој што не е на правен, а пошто си ти на правен незначи дека тие правила се и на другите факултети, 9 страни исчитав никаде не беше објаснено подетално за тие идиотски правила.

Секој факултет, своја политика... ;)
 
Да знаеш ти како јас учев во Борис, ќе си ја мавнеш главата од земја. 3 пати повеќе од што учам на факултет. А учам многу на факултет.
--- надополнето: 19 мај 2012 во 02:07 ---


Редно е, се согласувам, да не може секој да заврши факултет. Ама редно е, ако се бара квалитет од студентите, прво да се провери квалитетот на нивните професори. Да се провери нивниот начин на предавање и оценување, нивните барања, да постојат книги по кои би учеле, за почеток.
Па пола од предметите, ги преведував книгите од српскохрватски. Ти ебам професорот што 20 години предава, уште една смрдена книга по неговиот предмет не издал.

И јас баш ова истото си го размислував пред некој ден. Па да му ебам мајката, со години предаваат ист предмет, за една година, по страна дневно да куцаат ќе ја направат книгата. Не ми е јасно како не им е срам, имаат титула ДОКТОР НА НАУКИ ЕЈ! Па мене искрено би ми било срам да сум професор а да немам напишано книга по мојот предмет. Срамота.
 
Дај застанете искрено дали вреди таа диплома за тоа време потрошено и пари?

Заеби дипломата бучиоо,абе како не вреди знаењето кое сиго стекнал-па вреди,имаш,високи секси колешки,имаш со убај облини,гради, има исфрустрирани ванаби манекенки,некои коилетаат по асистенти па имаш заедничко учење цела вечер со колешки од нив најмногу учиш-ни професорот нема така да тенаучи боље;) ...вреди бе бучо,вреди и текако.

Ако го доздадеме знаењето тогаш образованието и неговата цел е да оформат и изградатличност која ќе биде корисна за општеството и за себе.

Е сега тоа што кајнас го сјебаа образовниотсистем,ја уништија автономијата на универзитетот е стварно доказ дека кај нас за жал навистина образованието паднана ниво на молдавија ама што е тука е.

Знам дека изјавава моја е песимистичка црна ама тоа е вистинита, ти си клиент на таа фирма исто како во песнава:

Ова озбилно??

Факултет=клиент??:vozbud:

Песната е приказна сама за себе.

И сега идниве правници како што прочитав сенешто незадоволни,им фали,па немале услови за школување....абе алооо зошто е студентски сојуз ??!?!?

За да брани нечии права или??
--- надополнето: 19 мај 2012 во 09:43 ---
Кога не учат, нека плаќаат! Родителите нека работат дење, ноќе за да ги исплатат!.....Срамота!

Аууа па да знаеш колку такви родители на јавни функции,абе синови им е коцкаат,пијанчат,СЕ ПРАВАТ САМО НЕ УЧАТ...жив пример ти кажувам книгите прашина му беа фатиле оти неотворени ама родител на висока функција ќе ти гарантирадиплома од економски до правен.
 
Аха-а кој е комитент?

Бучо,абе универзитетот ти е образовна институција,па и факултетот како гранка на истиот мислам...дај те молам ова се бејзикстаф.

Какого поткрепуваш ти твојот став дека студентот е клиент на факултет??
 
Какого поткрепуваш ти твојот став дека студентот е клиент на факултет??

Па клиент е купува ветер во магла и диплома безвредна со која што има големи шанси никогаш да не пронајде работа.
Клиент е, фирмата ако нема профит за да ги исплати професорите сменува таму услови за наплата на партиципација и културно забавни активности.
 
Па клиент е купува ветер во магла и диплома безвредна со која што има големи шанси никогаш да не пронајде работа.
Клиент е, фирмата ако нема профит за да ги исплати професорите сменува таму услови за наплата на партиципација и културно забавни активности.

Брат, ај копај си на нива не ми продавај муда за бубрези.
Нај добронамерно, без навреди.
 
Па клиент е купува ветер во магла и диплома безвредна со која што има големи шанси никогаш да не пронајде работа.
Клиент е, фирмата ако нема профит за да ги исплати професорите сменува таму услови за наплата на партиципација и културно забавни активности.

Бучо зошто вака??

Настрана дипломата бидејќи во основа е безвредно парче хартија.

Сега одиме со еден пример мада денес имав екстремно тежок ден-се запишуваш ти на факултет и го одбираш агротехнологија на пример,таму заедно напредавањата по ботаника од прва година,втор семестар запознаваш убаво моме и го бендисуваш а ете и она тебе па тешките студии продолжуваат и во арно и во лошо заедно сте.

Учиш,од книгите,минат година,две,па од земјоделски машини,па ботаника еко системи,методи за заштита на ратенијата и.т.н положуваш многу испити.

Во меѓувреме вие дипломирате женската твоја те запроси и те зема за маж кај неа дома во нејзините прегратки и дом и си уживате во љубовна идила.

Едно добро утро пиејќи ракија со дедо-ти(татко и)кроз шопска салата си муабетите колку револуционерно открити е бордовската чорба и стариот самоуверен ти вика абе какви чорби,орања,ова она-па јас цел живот сум на нива ти ли татко ти ќе го учиш како се прават деца,абе па колку Рж и овес сум вадел ти се фали старото, толку ти и внучето нема да изедите нит за 100 години и сесмее голтајќинја чашката и гледаш те бреца знаејќи дека заедно со ќерка му отворивте фарма на неколку километри од неговиот посед земја.

Бучо покрај што ти на факултет ќари женска која ти родидетуле метнато на неа;) ,ќерката на стариот-ами и земјата ќе ти ја даде ете веќе имаш 7 хектари,а останатите десет ги работи стариот со женичка му..

Продолжува дедото да се фали и ти вели јас ти велам по хектар гарант пак ќе имам поголем принос ако ти и ќерка ми ете се фалите семето било органско,па ми кажуваш приказни за оставање лента за тркалото на тракторот,па сеиш во правец од север на југ и пазиш на нагиб па дури и не ме послуша наместо само Рж ти посеа Рж и овес посеа Пченица и рж комбинирано оти на кинигите ти велеле така ќе имаш 25% појќе род,а ти криво и смешно ми паѓа наместо жито ти на секои десетквадрати садиш билкии инекои миризливи растенија наместо овес-хаха Билкар да не стана слатко се смее дедо ти.

Арно ама бучо он не знае дека таа тракторска лента ја врши работата побргу,троши помалку гориво,додека идеална комбинација е Пченица и рж а не рж и овес,додека оние билкине и растенијата,па научи бе бучо во книгата дека некои паразити,растителни вошки не можат да опстанат во таков хабитат а и други растенија одбиваат Хинсекти што значи служа ткако како репелант природен и го штитат поседот и од штетници,а ете добиваш и чаеви...и така помина времедојде сеидба на ред и иако ти имаше 7 хектари земја сепак бучо твојата нива даде поголем род за дури 30% од оној на дедо ти-кога виде стариот декаќерка му е кај маж домаќин,вреден штедлив ја препиша цела земја на име на фамилијарната фирма,сега жена ти зема кредит и одгледува цвеќиња има цвеќара,а ти планираш нешто со шеќерна репка чунки од неа велат имало био-дизел а горивото е скапо.

Гледаш сега-Ем,Жена,Ем,земја,внуче,добар дедосекоја недела сукано од бабичката...имаш фарма и си работиш а дипломата е за на ѕид,само за на ѕид работиш со УМОТ!!
 
Вака сега неам ништо против тебе , што не ебат во здрав мозок нас студентите не ебат, ама ти напиша еден куп работи што не се по ЕКТС и што не ги ни разбирам, а не е можно да се такви правилата. Како е можно да ти се бара услов положени предмети од претходен семестар за да запишеш семестарот што следува?Да запишам летен семестар треба да имам положени од зимски ?
И не те сфатив како не им се признаваат колоквиуми како положени -> презапишување, па имаш тука сесии немате право да одите на сесија ако паднете на колоквиум ? И за тоа дека само на правен требаат 61% за шеска, а на другите 51% мало морген. Кај нас тешките предмети се полжуваат со над 60%, бош предметите 50%. Оди на градежен да видиш кој се правила за полагање одма ќе заплачеш/
И уште нешто, законски по ЕКТС не смее да има казнена сесија, презапишување предмети скоро секаде има .
Другар знам ваљда какви ми се условите за студирање и знам кои правила се донесени кои не!
Кај тебе биле со 60% тешките со 50% лесните, а кај мене сите се со 60% без исклучок.Плус јас треба и да положам 2 колоквиума за да фатам услов за да идам на усен испит, и да се молам на господ, предходната вечер жената да му дала на професорот!
-Инаку услов фаќам од семестар за семестар, од прв за втор, па од втор за трет, од трет за четврт и тако на даље:)
Епа види сега какви се правилата на градежен какви на правен!
 
Другар знам ваљда какви ми се условите за студирање и знам кои правила се донесени кои не!
Кај тебе биле со 60% тешките со 50% лесните, а кај мене сите се со 60% без исклучок.Плус јас треба и да положам 2 колоквиума за да фатам услов за да идам на усен испит, и да се молам на господ, предходната вечер жената да му дала на професорот!
-Инаку услов фаќам од семестар за семестар, од прв за втор, па од втор за трет, од трет за четврт и тако на даље:)
Епа види сега какви се правилата на градежен какви на правен!
ме интересира што се деси со барањето поднесовте ново од почеток или...
 
Бучо покрај што ти на факултет ќари женска која ти родидетуле метнато на неа;) ,ќерката на стариот-ами и земјата ќе ти ја даде ете веќе имаш 7 хектари,а останатите десет ги работи стариот со женичка му.....

Да не го цитирам цело ама ова е сценароито од македонската сапуница што на турците ќе им го земе лебот :icon_lol:.


На темата економски и правни факултети можат слободно да се самораспуштат, затоа што овде ни економија ни правда има. Филологија и филозофија ги има со лопата да ги ринеш сето јазичари и психолози, по нив педагогија и медицина и така натаму....
 
ме интересира што се деси со барањето поднесовте ново од почеток или...
За тоа не сум запознаен...Знам само дека јас кога поднесов иницијатива за барање и собирање потписи уште во октомври месец (сакав уште на почеток да се среди проблемов) сите ме направија ненормален и ми се згазија од смеење!
-Кога почнаа да паѓаат на колоквиуми и испити дури и ме замолија пак да организирам некаква петиција, али јас ги одбив бидејки знам дека нема да наидам на поддршка...
Така да стварно незнам дали е поднесено ново барање, само знам дека професорите сакале да донесат одлука, студентите да немаат право да поднесуваат барања и петиции до деканот на Правен факултет!
 
Така да стварно незнам дали е поднесено ново барање, само знам дека професорите сакале да донесат одлука, студентите да немаат право да поднесуваат барања и петиции до деканот на Правен факултет!
да донесат одлука студентите да не можат да поднесуваат барања и петиции у врска со ова не можат, али можат фино лепо да го одбијат барањето - врти сучи исто ти доага. треба да пробате да разговарате со саво климовски мислам дека он стои позади сево ова, барем така се фалеше уште пред две години коа имав уставно, дека ќе поднел предлог да се смени начинот на полагања и ред други глупости
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom