1. Се согласувам. Брзо сфаќам дека не е нашинка, по зборувањето. Но тоа не важи за сите, важи само за накинџурените, кои не се репрезентативен примерок на сите ,,дојденци,,.
2. Јас така не се облекувам.
3. Се согласувам. Пак по дијалектот, најчесто, знаеш дека не е од Скопје.
Другото не го коментирам. Плачење на друго место, не кај мене.
1. А накинџурените скопјанки провинцијалец клецале, па префатиле сељачаана, или вродено им е? Или пак, гарант се втора генерација, па семката излегува на виделина? И пак, плука плука, па за да се извади „ама не, јас тоа не за сите...“. Лејм
2. Ме заболе како се облекуваш. Или соблекуваш.
3. Немам никаков дијалект, родена сум и порасната во Скопје. Дијалектот го снемува многу брзо, не е никаков показател. Ама како би знаела, ти, живеејќи ја скопската бајка, додека ние копаме пиперки по нивите.... Со миничи копаме пиперки. И со шљокици.
Оу кеј, не коментирај, и така смрди на
скопска канализација кога коментираш.
Па предходно наведов, искуство. Стојам пред дискотека и пушам цигара, до мене накинџурена со накит, гардероба мислиш дека од Планет плус позајмила, и збори на дијалект кој едвај го разбирам (хинт, најчесто делува источњачки, западниве подобро ги знам).
Оу, до пред малку ќе дискутирав, ама ми изгледа дека зборувам со овца. А со овци се блее, не се зборува. Не разбирала источњачки, она. Држ ме мајко сиспосрав.
Овој град има душа, има своја историја која вие што сте дојдени од страна нема никогаш да ја почуствувате и да ја разберете...Мирисот на Скопје можат да го осетат само старите Скопјани кои од дедовци и прадедовци се тука...
Лол, мдр, рофлмао итн итн. Кромањонска скопјанке, раскажи ми го мирисот на Скопје, жити очи. Јас последно кога бев таму, зимоска, мирисаше на чад и лајна.
Но не е фер цела една популација да обвиниш за нешто, само затоа што се разликува од тебе, исто како што не е фер да плукаш по градот и да викаш дека не го бива, а ни сам не знаеш 90 проценти од истиот.
Освен кога таа популација носи шљокици?
--- надополнето: 19 мај 2012 во 10:23 ---
На страна од препуцавање со хипер скопски хард кор првоборци, збор два за Скопје.
Екшли, Скопје е мојот град, 15 години живеев таму и над 90 посто од пријателите ми се од таму. Така што, го знам Скопје, душата, кафаните, вицовите, зборењето... И сето тоа е убаво и си има некој свој... шарм?! Ама кога ќе се вратам во МАкедонија, за неколку години од сега - не сакам да живеам во Скопје.
МУабетот е - не се дриблајте ко фудбалери со ампутирани нозе - Македонија е толку мала, што тоа што го има во Скопје - го има низ цела Македонија.
Исто Кисело Млеко јадете и исти серии гледате од Табановци до Меџитлија, и исти вицови кажувате и исти луѓе хејтате од Дебар до Берово.
Проблемот на Скопје се Скопјаните. Не зборувам за вас, Ох, Старите скопјани. Зборувам за 95 посто од Скопјаните, кои како мене имаат родители, или баби и дедовци (Пума, тука си? Од кое Кумановско село доаѓа баба ти?) кои се дојдени во Скопје.
И претпоставувам дека надменоста на „староседелците“ е таква што ги има натерано во еден момент сите да си го мерат во „скопјанштина“. Па одненадеш на сите им фалат дрворедите на „Старо Скопје“, шармот на „Стариот Плоштад“, мирисот на старите кафани во Дебар Маало. И паралелно на ова, одеднаш сите оние кои до пред две генерации (како и цела Македонија, де) оделе „насело“ за да си го направат ајварот и да си го земат сирењето - почнаа да се засрамуваат од својата провинција. Пред се', за да покажат на околината колку не се тие дел од неа - почнаа да ги исмејуваат првите братучеди, нивниот акцент, облекување, начин на живеење.
А и „провинцијалците“ нема да се поарни, по 10 години во Скопје, де... И нивните деца ќе бидат „прави аеродромци“ или „горди карпошани“.
Некако жалосна е нашата централизација на Скопје. Не зборувам за административната, политичката и економската... За менталната....
Ајде, да фатам да работам. Поздрав