- Член од
- 25 април 2012
- Мислења
- 8
- Поени од реакции
- 5
Анализатор, како што си напишал ризикот за селење во странство е голем. И дека човек треба да се сели доколку, буквално кажано нема што да изгуби тука. Е сега ако може да кажеш, според тебе, која е таа ситуација кога човек не би имал што да изгуби (според мене тоа би било да немаш тука ниту семејство, ниту куќа, ниту работа). Имам пријатели (семејство, 30 годишни) кои планираат да се иселат и го започнаа процесот за апликација за виза, а и јас планирам да им се придружам. Се иселуваат, а тука имаат и семејство и куќа и работа, скромни се разбира. Причината за иселување во нивниот случај е дека не гледаат иднина тука во Македонија, за себе и за своите деца уште побитно. Значи сега е лошо, самите тие живеат ден за ден,( уназад 10-15 години исто така живееле), ама иднината изгледа катастрофално, затоа што нивните деца би требало да се мачат како и родителите. Значи наместо да се занимаваат со учење, кариера, напредување на било кој начин, тие би се занимавале во животот со грижа за пари за утрешниот ден. Од друга страна ако ги земеме животите на постарите луѓе во пензија сега што се, можеме да видиме како би била нашата старост. А тоа е дека пензиите се толку мали што не можеш ни струја да платиш месечно. Тоа би не дочекало и нас. Мала пензија и тешка старост.Епа вистинското прашање не е дали они возат луксузен Мерцедес. Вистинското прашање кое треба да им го поставиш е колку луѓе возат полуксузен Мерцедес од нивниот и колку луѓе возат полоша кола од нивната. Со други зборови дали се во ниска, средна или висока класа таму.
Џабе ти е Мерцедесот ако буквално сите останати во твојата околина имаат трипати поскап автомобил. Исто како и во Македонија и во странство е многу фрустрирачки ако си на дното на општеството поради тоа што те дискриминираат иако си способен и образован. И тогаш автомобилот не ти значи ама буквално ништо. Верувај ми дека твоите познаници доколку се снашле спаѓаат во мала група на луѓе (20% би рекол). Многу побројни се тие што немале успех и се во странската држава во ниска или средна ниска класа. Некои можеби имаат повеќе плата отколку во Македонија ама нивната ситуација е прилично фрустрирачка.
И да не кажувам само за пари еден човек си има и други потреби (да не ги набројувам сега) и во странство тие потреби ке ти останат неисполнети.
Совет до сите: Во странство се оди ако навистина немаш друг избор и си во Мк сиромашен. Тогаш не губиш ништо. Човек треба да се потруди да не се најде во ситуација да мора да оди во странство бидејќи ризикува да живее како во ропство. Е тогаш не ти помага ниту еден Мерцедес и ниту едно Ферари.
Луѓето треба пред да си одат да знаат какви ризици да очекуваат. И криминалците живеат луксузно доколку не ги фатат. Но ризикот е преголем и затоа секој нормален човек се одлучува да проба чесно да живее. Така е и со одењето во странство. Едноставно ризикот не е мал (иако е далеку далеку помал во однос на ризикот кој го превземаат криминалци).
Во животот се си има своја цена и не треба да им се наседнува на некои приказни.
А како што стојат работите сега, мислам дека секој разумен човек гледа дека Македонија и за 20 години не би го постигнала стандардот на некоја просечна европска земја, што за нас би значело покомотен и безгрижен живот.
Далеку од тоа дека тие што се селат мислат дека сите потреби за пријатели и слобода ќе им бидат исполнети. Знаат дека нема да бидат. Но го жртвуваат тоа во однос на подобрата иднина за себе и просторот за развој на нивните деца.
Дали мислиш дека овие причини се доволно силни и можат да се носат со ризикот за иселување од Македонија?