Прозни искри

С

Сатори

Гостин
Вистина​

Во сите мои хиперболизирани приказни и светлечки реклами кои што продаваат упатство за користење и далечински управувач за да бидам лесно подложна, заборавам да напоменам дека кодовите за употреба се менуваат секоја следна прилика.Го наоѓам за фасцинантно тоа што дури самата јас не знам правилно да се користам.Длаб(инската)оката себе-анализа изгледа комплетно бескорисно кога не можам да си пронајдам траума од детството или некоја тешка сексуална фрустрација, за да се утешам себе дека дури и ако не успеам да ескалирам во професијата која што сум ја одбрала тоа ќе биде во ред, зашто сум производ на лоша општествена адаптација.Но затоа сум лампион на распродажба сред Божиќни празници кога добивам одобрение од академската маса на себепрокламирани интелектуалци, затоа што тоа значи дека во суштина сум квалитетна и способна.Вистината е дека ги мразам сите соништа и Дизни приказни, дека сум исплашена од пост-модернистичките и алтернативните движења кои што креираат суб-култура каде и да се завртам, како лоши трговци се обидуваат да се дистанцираат колку е можно подалеку за да му бидат блиски на законот, за да бараат причина за еднакви можности и шанси во капиталистичко општество без футуризам и егзистенцијална програма кога ќе дојде ред на нова поплава.И се смеам како лудак затоа што тоа ми е бесмислено, комплетно патетично и дури и кога го практикувам затоа што утрото сум била лошо расположена сепак се смеам во секоја дадена прилика и го навредувам конзумеризмот и потрошувачката грозница додека купувам чевли и нова долна облека.
Малибу Барби со потреба за интелектуален секс на редовна база.

Веројатно е вистина дека би дала се што имам за да можам да се променам или барем да престанам да посакувам промени.Би го трампала и новиот лак за нокти и рецептите на баба ми за еден ден мир и тишина од кои што ќе полудам и одвај ќе чекам да се вратам во мојот живот.Тоа мене ми е совршена аналогија.Би сакала и да студирав медицина за да можам страствено да го сакам и посакувам правото и дечкото кој што ми беше се да не ме сака повеќе за да можам да го сакам јас него.Посакувам и да се лажев себе дека светот ќе заврши во 2012 и сите проблеми на денешницата се решливи за некој што има предиспозиции да го живее животот во ашрам во Индија, но не можам.Мразам медиокритет и трансилваниски курви исто колку што сакам да бидам паметна.Да живеев по правилата, се горе наведено ќе имаше смисла за оние што ја имаат несреќата да го читаат.

Се сеќавам дека имав еднаш една личност која што ја сакав скоро колку што се сакам себе, слична на мене, но веројатно со многу повеќе сила и среќа во наталната, една прекрасна девојка која што беше дел од мене колку што сега не е.Кога размислувам за сите грешки во мојот живот, она е веднаш зад него, а тоа е многу високо за некој што не признава дека прави грешки.Ја гледам како стои таму сама и бара од мене нешто што не можам да и го дадам, се гледам себе како се обидувам и мизерно неуспевам.Ги пакувам сите сеќавања и ќе беше убаво да можам да и ги подарам, но додека таа брка пантенони во Грција, јас бројам членови и се обидувам да ја рационализирам љубовта.Идентични сме секогаш кога паѓаме на дното од нашата ароганција.Таа е мојата персонифицирана вистина, исто како што нејзината најголема непријателка е мојот личен ангел кога сакам да пијам и да пропаѓам.Сите вистини кои што ги кажуваат политичарите се мојот крст и причина за крусификација, зошто луѓето кои што некогаш ги познавав се лица на екранот во кои некогаш сум била заљубена.Ти си ти сонце, јас сум јас, ние сме во различна димензија.

Ја мразам вистината.
Кон тебе, злато мое, кон тебе сум рамнодушна.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Venus in furs

The awakening came in the routine of the eaonic cycle that Everyday monotonically enacts. The insertion of It in that lucid morning was self imposed by the smell of the well known sweat of indifference. She looked upon the slumbering epiphany of what would inevitably become her cage and resigned into the realization. It was, in a way, suiting.
The coffee was half-made while the makeup did it’s work in covering up the superficial with more of the same. The boots were polished, breakfast was made, the books were lined up and tidy, lying at the corner of the table and exhausted from yesterday’s absorption. The bra was tightened, while Air, master of all life, struggled for survival upon his victimizing in the everomnipotent gaze of beauty.
The cage woke up, and with greasy eyes stood in awe of it’s victim and value shaman. Today, he knew, upon awakening, was one of the last days of taxation. No more would society diminish the value and worth of cages. No more would they put him in line of every obscurity, unmasked with mouthfuls of puny and overaged. His conquest would echo through the eons, and with every defeat, with every little swarm of pubes upon his integrity, he would achieve a greater and mightier victory, showing off with his prize.

“Career” – said the mirror to her, while it reflected both her and the cage. The reflection of polarity and wantonness erected her stratosphere.
She was every woman in the eyes of the silent glass of distopia.
She was resourceful, beautiful and evernoticed, though, in her mind.
She cemented those superlatives into her blood stream and while it stopped the fluid and paled her, she could calmly fake a smile and kiss her cage with all the passion the notion of security amongst calamity could bring. Then he went to his bag of green wonders and pulled out a white fur coat with the smell of veining rosemary.
“These will be your venerating wings, your emotionless ikarians, to fly onto me, always within Me!”

And it did.
It flew.



One hundred days of Sodom

“Awakening”
He wondered if the concept of retributive energy in the sense of energetic reawakening had its roots somewhere in Mesopotamia.
He had to wander in his mind and ponder such foolishness, for not in one instance did he believe that she would snore.
Yet, she did.
Loud.
After two hours of incessant demonic fucking and inventing new wormholes it was normal for anyone to vent off in such a way.
The room smelled of a woman’s perfume, sperm, vaginal grease, sweat and body milk. The odors fused and unified into a hybrid smell of dry timber and bazaar.
It was the day of anal, the analguration, the analateral…after a long time, he proved upon himself that sodomizing to more-or-less normal people is more-or-less normal only in situations of extreme shallowmindedness. Mouths, as he and the educated world knew, were used for eating and having a part in creating sound. Assholes, of course, were there to show the true nature of humanity. All this he knew, but in the name of liberty, freedom of choice and airport for spermload, he went where no sane and sober man ever went before.
He remembered her squealing like a trapped rat and him telling her to think about how the Jews felt.
He remembered them falling of the bed and her spine making a weird snapping noise, followed by a cry and a shrug. He then penetrated harder.
Smiling, he got up to put some clothes on and make some coffee.
There were bite marks all over his neck and his left hand was bleeding a little from some scratch he didn’t remember.
His books were all messed up around his room, stains of juice and burns from cigarettes decorating them. His shoes had some brown, stinky substance on them, but he had no will and no time to identify it.
He quickly put on the coffee and went in the bathroom. There was a little blood on his dick. He knew it was not his. He came up with “An overdose of Dicking” as a good title for any irony-sex-book. He washed up.
The coffee spilled a little. She woke up and joined him.
“You put some rat shit in this?”
“Why, it sucks?”
“Yes.”
“How’s your back?”
“It’s okay.”
“Are you hungry? There’s some leftover pie if you want”
“No, I’m fine.”
“There was some blood on my dick.”
“Not mine.”
“You sure?”
“Yes.”
She half finished the coffee and got up to leave.
“How’s my hair?”
“It’s great.”
“Why don’t you buy a new mirror?”
“I’m afraid to look at myself in any mirror lately. Too many truths. Philosophies.”

She kissed him and told him that her boyfriend is going to be in town for the week, so there should be no calling.

He nodded.
Twice.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Странец во ноќта ( 1 дел)

Седев на шанкот во хотелското фоаје, гледајќи во чашата црвено вино која шанкерот само што ми ја наполни. Тоа беше моја втора чаша вечерта. Како минува времето се помалку ми текнува да наздравам со алкохол, но никогаш нема да се откажам од вкусот на црвеното вино. Го пијам секогаш, без разлика дали е лето или зима, што им е многу чудно на моите пријатели кои постојано ме прашуваат како можам да пијам црвено вино на плус четириесет степени. Едноставно можам, и што е најважно, сакам.
Во позадина тивко се слушаа звуците на пијаното. Некој свиреше на него, и тоа по некоја случајност една од моите омилени песни од "Queen", " Love of my life", што е помалку иронично и саркастично ако се земе предвид дека мојот рацинален дух одамна не верува во љубов на оваа земјина топка. И како минува времето, не верувам ни дека некогаш ќе поверувам. Сепак, иако можеби човечката љубов ми е комплетно нелогична, љубовта кон музиката напротив ми е сосем рационална.
Голтка по голтка, стигнав до својата трета чаша, кога прекрасниот звук на музиката престана. Љубопитно се завртев кон пијаното. Човекот кој свиреше на него пак веќе беше станат и се упати право кон мене. Не забележав претходно како изгледа, но сега веќе кога гледав во него, прво нешто што ми падна на памет е дека е човек со просечен изглед кој никогаш не би го забележала во гужва. Беше галантен маж на отприлика 35 години, облечен во бела кошула и темни панталони. Костата му беше темна и долга до рамена, а очите костенливи и кротки. Лицето му беше покриено со кратка брада. Сепак во човекот имаше нешто лукаво. Стигна на неколку чекори од мене кога почнаа да ми се мотаат безброј прашања. Типична појава за една жена која очекува некој да и се додворува. Што ќе ме праша? Да не е некој налудничав? За што ќе разговараме?
Мислите ми ги прекина неговиот гест. Комплетно се самозалажав дека човекот има намера да разговара со мене, тој само куртоазно ми се насмевна и нарача коњак. Потоа седна на две столчиња од мене и во молк исто како и јас пиеше од жестокиот алкохол.

Хотелот оваа ноќ делуваше како да е прогонуван од духови, не се слушаше никаков глас, ниту пак видов некој да мине низ холот. Веќе беше единаесет часот навечер, а чудно, ноќните патници како да изостанале оваа есенска ноќ. Што барав јас овде и сега? Апсолутно ништо. Само сакав на мир да се напијам некоја чаша вино и во тишина да одморам од напорниот работен ден. Јас сум огромен вљубеник во тишината, но ретко кој го разбира тоа. Затоа и првиот синоним за мене е осаменоста. Некогаш проколнував се живо што сум толку голем обожавател на тишината и повлеченоста, но подоцна сфатив дека тој дел од мене нема никогаш да се смени и дека сето тоа е моја потреба. Токму затоа и сакам да седнам сама и да пијам во тишина.

Од здодевност почнав потајно да го надгледувам странецот. Ми делуваше мошне пристојно. Не беше од оние кокетни и прости мажи кои праќаат погледи кои воопшто не се суптилни. Напротив, овој човек не ме ни погледна седејќи на две места од мене, што како припадник на женскиот род сериозно ме замисли. Каде отидоа можностите од оној замислен разговор и зошто тој воопшто не се случи? Додека размислував за тоа, звукот на неговиот глас ја разби тишината. Беше како да ми ги прочитал мислите.
-Ви се допадна песната?- ме праша одненадеж.
- Да- му се насмеав-тоа е една од моите омилени песни.
-Забележав. Вашето лице ве издаде. Романтична душа сте?
Се насмевнав саркастично на прашањето, но тој не ми остави да одговорам, туку го стори тоа место мене.
-....зашто не ми делувате така.
-Затоа што и не сум. Но, веројатно не ми го пишува тоа на челото. Како погодивте?
-Така делувате, не знам да ви одговорам на тоа прашање. Едноставно така почувствував.
-Ве молам не ме персирајте. Не ми е пријатно кога ме персираат, макар што е тоа знак за голема почит. Патем, јас сум Марија.
-Кристофер- се насмевна подавајќи ми ја својата рака.
-Кристофер, невообичаено име за овие простори.
-Мајчинска работа. Гледала некој филм кога била бремена со мене и излегло да се викам според некој јунак од филм. Најтрагичното е што никогаш не сум го гледал филмот.
Двајцата се насмеавме на кажаното.
-Значи, Марија не е романтичарска душа. Како така една жена е толку рационална? – пркосно ме праша, гледајќи ме право во очи.
-Зарем рационалноста е несвојствена за жените?
-Не е. Барем за мене - ми одговори кратко.
-Објасни.
-После тебе- ми одговори уште попркосно.
-Оваа жена е рационална од причини кои тешко може да се објаснат како и самата таа емоција. Јас не сум романтичар, затоа што сметам дека луѓето се заљубуваат во чувството, а не во човекот. На крајот не е се во срцето, туку во главата.
-Браво!Браво! – почна да аплаудира смеејќи се и нишајќи со главата. Шанкерот погледна во нас и јас се почувствував непријатно, зашто не знаев дали сум исмевана или величана.
-Морам да ти признаам нешто Марија, толку години си имам работа со налудничави и емоционално тврдоглави жени кои се скриени феминистки, што просто не ми се верува дека штотуку чув рационална мисла од жена која не ја ни познавам. Ефектот на кажаното е како да си била во мојата глава. Можеш да ми станеш најдобриот пријател после ова.
- Сега ти си на ред-му реков. Зошто сме нерационални?
- Ама ајде, јас не треба ни да ти одговорам на тоа. Па ти и самата знаеш зошто штом си навлегла толку рационално во рационалноста.
-Смешна реченица – му наздравив со чашата.
-Сепак - продолжи тој отпоздравувајќи ми со чашата - на рационалистот му е потребен емотивец. Затоа што, му годи да го набљудува тој процес на занес или пак уште посурово речено, рационалистот сака кога некој се тутка во неговата прегратка. Некој сличен на нему би го оставил креветот празен. Или ако сакаш уште попластично, без емотивците, јас не би бил рационален.
-Логично.
-Ох, баш и не – ги сви веѓите - ретко кој навлегува во таа суштина денес. Денес се брзаме да стигнеме на време на работа, да го испиеме кафето додека не се оладило. Ако сме невработени брзаме да се втурнеме во хаосот. Овој свет нема време да не чека. Не прави мртви ако сме бавни.
-А ти Кристофер, го фаќаш тој брз чекор?
Се насмевна на прашањето. Му беше забавно во моето присуство, бев сигурна во тоа. Одеднаш неговата насмевка се претвори во таинствен поглед кој делуваше на прв поглед недефинирано.
-Јас сум во меѓупростор. Немам за што да се брзам, а сепак иронично животов маршира и не ме прашува.
Молчев. Немав поим што зборува. Како би знаела? Не го познавав. Тој беше талентиран странец, по име Кристофер кој по некоја случајност знаеше да ја отсвири мојата омилена песна. И толку. Ниеден негов збор не ми значеше ништо повеќе за да влезам во психолошката анализа на странецот до мене.
-Се прашувам дали треба да ви се доверам. Не зашто се плашам, не зашто чувам тајна, туку зашто се прашувам колку е бесполезно да ви кажам.
-Па, препуштете се на импулсот.

Тој отпи една голтка од коњакот и воздивна. Не како да е слаб, туку како да е изморен од нешто. Додека беше завртен во профил, забележав дека подочниците му беше силно изразени и дека неговото лице имаше бледа боја.
-Нека биде така. И онака не сум сретнал личност како вас, а еден психијатар сретнал многу личности во својот живот кои личат како јајце на јајце за да го одвои она што не припаѓа во масата. Морам да ви признаам, од за мене сосем познат импулс ве набљудувам цела вечер. Можам да ви кажам многу за вас од самото држење. Затворена сте, ама мислам дека имате чувство за хумор и адаптација кон просјак и кон мултимилионер. Сепак не би рекол дека сте змија. Ми делувате на праведник. Чудно, мислев овој свет ве испогази вас праведниците. Како и да е, ви должам објаснување.
-А јас мислев ќе продолжите со мојата анализа избегнувајќи ја својата исповед.
-Не носам штит во моментов – се изнасмеа на својата забелешка.
-Како и да е. Што би рекле ако ви кажам дека умирам? Дека имам еден месец живот? Тоа не е трка, тоа е слободен пад. За човек како мене е прашање кое никогаш не би можел да го решам, освен секако да помолчам. Немам време за да трчам да го испијам кафето додека е топло, а не ни ми треба. Немам време да се збогувам со сите, а не сакам да се збогувам со никој. Немам време да размислувам за она што го оставам зад себе, ниту да се прашувам за пеколот и рајот. Немам време за ништо. Си се смеам сам на себе. До вчера немав време заради животот, сега заради смртта. Иронија, драга моја. Во чист проѕирен облик.
 
Г

Господ

Гостин
Трката на Животот
(пролог)

Хак!
Ме слушаш ли?!
Хак,копиле генералот нареди повлекување!
Хак!

Трчаше брзо по тесната шумска патека.Рафали ечеа на сите страни.Немаше време да се обѕрне наоколу,знаеше дека нема многу време.
Истрча зад една бука и се стутули во нејзината шуплина.
Накратко го обли топлина но знаеше дека мора да продолжи.
Веројатно мислеа дека е мртов,а и викањето неодамна прекина.
Се насмевна...што ли мислат сега назад во ровот.
Полека го наполни пиштолот и се измолкна од пукнатината.
Легна на земјата и тивко дишеше.
Тревата беше свежа,но мирисаше на барут.
Не беше обично лето,всушност беше навистина одвратно.
Но не му пречеше,немаше време да размислува на тоа.
Пукотниците прекинаа и се надеваше дека застојот ќе трае доволно долго за да стигне до ровот.
Полека се шмугна во тревите и почна полека да ползи.
Целата полјана беше обвиена во густ чад,беше невозможно да го видат,но,ништо не можеше да види и тој.
Се обиде да излезе од чадот и тргна накај еден мал карпест предел кој изгледаше како намерно исклесан во планината.
Успеа да излезе на чистина и како што очекуваше,покрај неговото уво профрче куршум.
Веднаш сфати дека идејата не му беше најпаметна.

-Хак,теле едно со кој памет се прчиш пред швабиве?

Радиото беше мртво,а и онака мислеа дека самиот тој е мртов.
Одеднаш од никаде како порачани од Бога на другата страна од голата карпа ги виде Еди и Каубојот.
Очигледно се враќаа од извидничка мисија,и двајцата беа ситни па можеше да се каже дека само за тоа и ги бидува.
Чуден човек беше каубојот,недруштвен,беше чудо што прифаќа да оди со Еди.
Мистериозно копиле.
Едвард беше спротивен,секогаш кажуваше некој црн хумор на кој се смееше самиот но го сфаќаа.
Тој беше од еврејска фамилија,гледал додека СС ги воделе неговите од дома додека се криел во рушевините што некогаш беа куќата на соседите.
Чудниот хумор беше само еден негов вид лек за душа.
И токму овие двајца чудаци беа оние кои го пресретнаа Хак.
Полека им се доближи и им го објасни планот.
Каубојот кимна со главата а Еди само проморе
Не е фер да го видиш татко ми пред мене ама ајде.
Исползеа до едно мало брдо и се притаија зад него.
Одеднаш Хак стана и почна да трча,директно накај ровот на непријателот.
Немаше пукотници...само смеа одекнуваше од германскиот ров.
Знаеше зошто се смеат.
Трчаше по минско поле.
Но мораше да премине,мораше.
И успеа,не му се веруваше дека го мина.
Германците сфатија дека тој се проби но веќе беше доцна,гранатите беа фрлени во главните генератори и нивната одбрана сега беше бескорисна.
Ги фрли двете последни димни бомби и почна да трча,не му се веруваше дека успеа.
Насекаде околу него фрчеа куршуми но знаеше дека нема шанси да го погодат.
Одеднаш земјата се отвори и тој беше фрлен високо во воздух.
Заборави...
Заборав...
А потоа...
Темнина.

--- надополнето ---

Aj и ова,почетокот.

[FONT=&quot]Хак![/FONT]
[FONT=&quot]Ме слушаш ли?![/FONT]
[FONT=&quot]Хак,татко ти ми рече да те викнам![/FONT]
[FONT=&quot]Хак![/FONT]
[FONT=&quot]Застани идиоту![/FONT]
[FONT=&quot]Застани по ѓаволите![/FONT]
[FONT=&quot]Хак![/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
Трчаше брзо низ полето памук.Извиците на стариот полека се губеа некаде далеку во белото море.
Конечно стигна до една пенушка и седна.
Едвај дишеше.
Беше тоа едно сосем обично момче.
Живееше со своето семејство во предградието,покрај нивите на богаташите од градот.
Нивната,ако можеше да се нарече куќа,всушност беше фарма која некој некогаш успеал да ја приспособи за кохабитација на луѓе и животни,но семејството на Хак велеше дека никогаш
не би ја замениле за нешто друго.
Навистина,куќата имаше некоја сентиментална вредност за татко му на Хак.
Сув,и ковчест изгледаше доста неухрането.
Човек би помислил,бездомниче,нема ни да се прехрани.
Но природата го беше дарила Хак со витка става,а тој за среќа,имаше што да јаде.
Мразеше да работи на полето.
Собираше по 50 килограми тутун за неколку бедни доларчиња.
Но што да се прави,семејниот бизнис го хранеше семејството со генерации и татко му чувствуваше дека е летово е погодно и Хак да почне со она што го нарекуваше “вистинска” работа.
Кутриот Хак,никогаш дотогаш не се чувствуваше толку бедно.
Детството одамна беше зад него,му се чинеше дека ова лето е последно за него.
Навистина,полјоделството претставуваше агонија за него.
Мајка му исто како и него се беше задушено во тој затвор,единствено љубовта кон сопругот ја натерала да остане во градот.
Но работата на полето полека го беше исцицал животот од неа и таа починала од туберкулоза,без волја да се бори за здравјето.
Уште од мал му се восхитуваше на стариот Чемберс,градскиот доктор.
Харизматичен човек во своите шеесетти,сосем пријатен но ѓаволски паметен,
Имаше докторат на Факултетот за Медицина во Филаделфија и Хак често го прашуваше за неговите студии.
Ги слушаше неговите приказни за разните болести и лекови со кои се сретнал,го впиваше секој негов збор.
Денес тој повторно се измолкна од фармата каде што беше задолжен за неколкуте кокошки што ги имаа и сега со сите сили трчаше накај канцеларијата на Чемберс,со надеж дека денес ќе чуе уште нешто за страшните чуми во Африка.
Ах,Африка.
Колку само Хак сакаше да се губи од оваа пустелија и да патува низ белиот свет.
Честопати дедо му кога беше жив му раскажуваше приказни за Том јаболковото семе и Пол Бањан,за нивните патешествија и подвизи.
Хак и деда си го сметаше за јунак иако навистина не знаеше дали дедо му некогаш имал заминато подалеку од градот.
Најпосле излезе на улиците.
Градот беше малечок и немаше многу метеж што на Хак и му се допаѓаше.
На радиото слушаше за големите метрополи и за хаосот што владееше во нив.
Но тој пекол беше далеку.
Трчаше по тротоарот на главната улица,покрај редот новоотворени колонијали и старата месарница.
И токму кога сврте на аголот,без да види,удри во нешто тврдо и падна наземи.
Го дигна погледот и на земјата веднаш до него го виде “тврдото” нешто во кое беше удрил.
Кретен!
Ааа...
Слепец!
Ама..
Глупак низаеден,селанец прост!
Добро,извини.
Вчера ми го купија фустанов,а погледни го сега идиоте!

Хак замолча.Не можеше да изусти ни збор.Таа беше бесна.
Ја наведна главата и повторно се извини.

-Ако сакаш ќе ти платам за фустанот,но ако може да ми дадеш малку време да заработам некој долар бидејќи последната заштеда ја потрошив на...

Нема потреба,извини,не требаше да ти викам...како се викаш?
...
Како?
Хак.
Мило ми е Хак,јас сум...еј каде одиш?!

Но Хак веќе трчаше,не знаеше каде оди.
Не беше ни важно.
 
Г

Господ

Гостин
Хак!
Хак ме слушаш ли?!
Еј,Хак!
Хак,тебе ти зборувам!
Хак!


Само сон.

Лежеше во тврд кревет во болничкото крило.Беше приквечерина,барем тој заклучок изгледаше најлогичен според нивото на темнина во собата.
Се обиде да стане но се чинеше дека секоја клетка од неговото битие е направена од олово.
Се опушти и повторно се спушти на перницата.
Имаше некое чудно чувство во долниот дел од телото,се обидуваше да се помрдне но безуспешно.Погледна кон малиот замаглен прозорец од спротивната страна.
Низ него веќе јасно се гледаше месечината,беше скоро полна.
Убава глетка,си помисли.Колку ли ќе мине додека повторно не трча под нејзината насмевка.
Не знаеше зошто,но месечината отсекогаш му беше синоним за мајка му.
Всушност некое чудно чувство одвнатре му велеше дека всушност мајка му е месечината,се чувствуваше како да е вечно под нејзината закрила,безбеден.
Собата мирисаше на алкохол што го дразнеше,отсекогаш го мразеше тој мирис.
Го потсетуваше на детството,на работата во полето,многумина од работниците додека работеа на памукот редовно потпивнуваа ракија.
Но сега беше сам во собата,овде,на фронтот дури ни месечината не беше пријателски настроена.
Му недостигаше домот,и таа.
Се прашуваше дали ќе му дадат отпусница,да може да се врати и да се запише на факултетот.
Стариот Чемберс му вети дека ќе му фати врски,му рече дека отсекогаш знаел дека е талентиран за професијата.
Таков замаен во мислите не ги ни забележа Еди и полковникот кои штотуку се појавија на вратата.
Полека влегоа и се сместија до неговиот кревет.

-Што се случи... праша Хак.

-Леташе другар,како швабски проектил се вивна во небото.Веднаш потоа тргнавме во офанзива,благодарение на тебе се разбира. рече Еди со прилично широка насмевка на лицето.


“Смири се малечок,иднината на нашиот пријател не му е баш најсветла”
Полковникот полека покажа кон долниот дел од креветот на Хак.
Жал ми е дете промрморе тој.

“Деноноќно седевме и ја гледавме медицинската екипа како се обидува да ги закрпи деловите што останаа од тебе.”

“А швабите?” премалено праша Хак.

“Ах,швабите,швабите.Ги истеравме од брегот,конечно можам да речам дека имаме стабилна ситуација.Но што ти е тебе гајле,заминуваш во вторник…” рече полковникот.

Но...можам да...

Можеш да што?Да лазиш?Да молиш? Не се глупирај,одмори се од овој кошмар.
Ајде малечок,да го оставиме нашиот херој.

Излегоа.
Хак остана сам во темнината.Не му се спиеше.Главата го болеше и му се повраќаше.На сето тоа,во неговиот ум полека се прикриваше болната вистина.Никогаш нема да прооди.
Се прашуваше што ли ќе помисли таа,дали ќе биде исто како порано.Се немаа видено веќе две години,но тој знаеше дека таа ќе чека.Се чувствуваше згаден од себеси.Не сакаше да потроши уште еден човечки живот.
Во тој момент Хак сфати,сета горчлива,сурова вистина го удри во лице и тој заплака.
Неизмерна болка се всели во неговите гради,и онака имаше тешкотии со дишењето,плачењето речиси го задуши.
Смртта на еден сон.
Полека,плачејки не сети дека конечно повторно заспа.
 
Член од
2 април 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возот на животот
Воз, воз на една линија без почеток и без крај, константно патува со иста брзина, секогаш и сегде е на време, само... станиците се редовно распределени на нови, различни, за никого познати локации.

Патници еден куп, само тие се менуваат.Тој е еден ист одсекогаш, нешто слично на автобусите на скопското ЈСП. Но овој не застанува, никого не чека и толку спокојно оди што ти се чини никогаш нема да застане. Има мноштво кои му ја предвиделе последната станица или барем се обиделе во тоа, и кој знае можеби е негде таа последна станица, па нели се си има свој почеток и свој крај.

Но да не одолговлекуваме, да кажеме нешто поконкретно за него. На пример ентериерот му е различен, секој вагон изгледа поинаку, од раскошни вагони за комотен пат до бедни во кој едвај се воздржуваш да не слезеш на следната станица. Но чудно, никој не сака да се симне. Без разлика каков е патот по кој патува дали со тешки кривини, угорнини по кои речиси невозможно е да се искачи, или удолнини по кои брзо се спушта како најбрзите водопади, на сите им е единствена цел без оглед на се да останат во него, дури и жално е за оние кои ке одлучи кондуктерот да ги симне на следната станица, жално за тие најблиските патници до нив, оние од другите вагони нема ни да го приметат тоа.

Кондуктерот е оној кој може и ја има моќта да ве натера да се симнете на следната станица, секако има и од оние кои ке слезат своеволно, скришно и подмолно, никој не знае дали го направиле тоа од храброста да се симнат сами без некој да им нареди или пак од страв од чичкото кондуктер. Како и да е за оние кои ке се симнат нема назад, возот заминал, продолжува.

Бројот на патниците некако на чуден начин енормно се зголемува. Редовно се додава по некој нов вагон, се додека не откаже локомотивата, и таа да си ја каже својата максимална носивост.

Како и да е патувањето во возот е многу забавно, понекогаш напорно но секогаш возбудливо. Секако дека има и од оние кои го уништуваат, се обидуваат со сите напори да го онеспособат или барем така изгледа, но за сета среќа ги има доста и тие што даваат се од себе за да биде покомотен за патување , оние кои сметаат дека тие нема да се последните патници во него, оние кои гледаат барем еден вагон повеќе на опашката на оваа бескрајно долга машина.

Сите вагони се поврзани, сите ние патуваме заедно, можеби ке се симнам јас на следната станица, можеби ти, можеби некој трет, тоа нема да смени ништо, останатите ке продолжат да се возат на за нив забавен начин. Затоа пријателе мој, сопатнику, уживај во возењето какво и да е тоа затоа што возот можеби и нема крај на својата патека но секој патник има своја станица, се додека не дојде твојата возот е местото во кое треба да го направиш патот попријатен за оние околу тебе и секако за тебе.
Пријатно возење и добра ноќ.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Немам ништо.
Те немам тебе ми снема се. Се она што го правеше животов живот го зеде ти кога ме остави...
Ова сега не е живот- мачење е. Смрт на живо е.
Нема кој да ја осети мојата среќа и мојата тага, да го допре и да ја осети како негова. Го нема чувството дека припаѓам некому и дека ми припаѓа. Го нема чувството дека што и да биде, каде и да сум има кому да се вратам. Го нема чувството дека потребна сум некому и сум во мисли.
Немам ништо...
Немам насмевка која душава ми ја топли, немам рака цврсто да ја стисне мојата, немам очи искрени, полни со љубов кон мене. Усни меки да ги топат ледовите.
Немам кој да копнее да ме види, да ја чека со нетрпение и нервозно секоја наредна средба.
Немам кому да фалам... Нема кој да ми кажува мили зборови и на мило да ме вика.
Нема на кого да му ги посветам моите победи.
Нема ни кој да ми ја избрише солзава сега...
Немам никој кој ми изнудува насмевка секој пат кога ќе го помислам. Немам ни насмевка- таа што ми се појавува повремено на лицето без душа е. Нема среќа во мене, нема кој да ме направи среќна. Убиено е се во мене. Се е распарчено. И духот ми е ранет, а телово се бори да преживее.
Немам со кого да сонувам. Кој да ме чува. Кој да ме сака.
Бесмислено ми е постоењето. Животов ми нема никаква смисла. Ја снема кога си замина.
Остави темница. Ги собра боите. Остави празнина.
Солзи и незимерна болка.
Немам ништо.



П.С. Малце патетика, ама ете се дешаваат моменти. Личи ова на мене кога првпат се зачленив на форумов :)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Средба

Поминаа речиси 3 години одкога ја видов таа жена последен пат..Таа медицинска сестра која се мешаше во животите на своите пациенти,таа жена која правеше чуда во болницата.Кога ја видов последен пат бев со другарка ми која носеше во својата утроба живо суштество и ја нападна другарка ми со тешки зборови на кои јас и се спротиставив,а таа ми врати со само еден чуден поглед и ме прекори за однесувањето иако знаеше дека сум најдобрата другарка на нејзиниот син Тоше.И реков да не се меша повеке и да исчезне од нашите животи за секогаш.Не ми беше гајле дали син и ке ми се налутеше или не.Таоа беше вистината и јас и ја кажав во лице.
Од тогаш ни трага ни глас од нејзе.Несакав да ја сретанм по болниците зошто имав некакво чудно пречуство за неа.
Минуваа денови и месеци,не знаев се уште ништо за неа се до денес.Патиштата ни се вкрстија повторно.Се вкрстија во тој дождлив и студен ден,во кој решив да побарам помош за мојата болка од нејзината претпоставена.Но не знаев дека работи за нејзе,си реков дека се смениле времињата.Таа само ме гледаше со натажено лице зошто ја трпам таа болка но јас не и реков ништо.Таа се доближи и ме потчукна по рамото.И ме праша дали сум јас таа девојка која беше најдобрата другарка на нејзиниот син.Се насмеав и и дадов потврден одговор.Ми понуди помош но не сакав да ја прифатам зошто бев премногу горда денес и да барам подршка од личноста која ми го смени животот целосно.Си заминав но слушнав викање од прозорецот,тоа беше таа...но не се свртив зошто ме имаат учено:Каде и да тргнуваш не гледај назад.Така и сторив.
Овој ден беше чуден,полн со изненадувања,полн со неочекувани средби и упатени зборови.Ден кој ке го паметам секогаш.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
КАФЕ


Тоа утро стана малку подоцна од обично. Беше будна веќе некое време, но имаше навика понекогаш да продолжи да сонува со отворени очи. Се доближи до прозорецот, и повеќе рутински, го повлече платното за да фрли краток поглед кон патеката што поминуваше зад нејзината зграда. Надвор беше пролет. Неколку зраци срамежливо влетаа во кујната и останаа таму заробени. Бариерата што претходно ги спречуваше да влезат, повторно беше на своето место, овојпат ги спречуваше да излезат.
Живееше сама. Немаше семејство, ниту деца, ни родители. Немаше ниту пријатели, немаше никој што се грижи за неа. Освен мачките, кои и' се умилкуваа само заради храната што им ја даваше - така таа мислеше, дека не ја заслужува нивната љубов, бидејќи некогаш ни самата не ги сакаше. Како и секое утро, откако ги нахрани, три на број, побрза да свари кафе. Уживаше во утринското пиење кафе, ја правеше среќна. Вареше на двапати, за неа со малку шеќер, за него слатко. Пробуричка низ креденецот и поткревајќи се на прстите од нозете, ја дофати кутијата, но сфати дека е празна.
"Немам кафе. Морам да најдам кафе." - како наредба и' проструи низ мислите.

На скалите се размина со жената која живееше над неа.
"Добар ден..." - тивко изусти.
Госпоѓата ја погледна без да ја сврти главата, промрморе нешто и се прекрсти, продолжувајќи да ги качува скалите.
Патеката поминуваше до школското игралиште, каде се' до пладне учениците имаа часови по физичко, а низ целата населба одекнуваше нивниот џагор, како крик со кој животот сакаше да ја докаже својата убавина на сите оние кои ја забораваа. Сакаше да ја слуша нивната игра, ја потсетуваше на деновите кога и таа играше на истото место.
Го забележа детето на соседите како стои покрај аут-линијата, очекувајќи некое од другарчињата да му ја додаде топката. Лука имаше околу десет години и беше најмилото дете што нејзините очи некогаш го виделе.
"Здраво Лука." - го поздрави тивко, дури плашливо..
За момент се збуни. Секогаш се збунуваше кога таа ќе го поздравеше. Родителите му имаа кажано дека е многу болна и дека затоа ретко излегува од дома, затоа е нечешлана и носи излитени фустани. Секогаш беше сама и не зборуваше со никој, а кога ќе проговореше, тоа беше речиси нечујно. Го облеваше по малку страв. Нејзиното бледо лице и тагата во нејзините очи го потсетуваа на дух. Но, го мачеше уште нешто. Зошто само кога го гледаше него, на лицето имаше насмевка?
"Лука! Ќе играш или цел ден ќе стоиш таму!?" - викна некое од децата.
"Здраво" - и' врати Лука набрзина и потрча кон другите деца.
Во продолжение, друштво и' правеше непрекинатото гракање на гавраните од густите крошни на дрвјата кои растеа крај патеката. Како мала многу се плашеше од нив. Ја потсетуваа на смрт. Но сега, нивната груба песна и' беше мелем на душата.
Продавачот ја пречека како што ја пречекуваше секој пат. Љубезен беше со сите муштерии.
"Добро утро, принцезо! Како си ми денес?" - се насмевна.
"Подобро." - одговори. "Ми треба кафе."
Додека ја испраќаше со поглед, лицето му стана сериозно. Загрижено. Длабоко воздивна и се врати внатре во дуќанчето да ги изброи парите.

Минувајќи ја улицата, го симна погледот за да ги избегне оние на минувачите од другата страна. Мислеше на тоа колку ќе уживаат во кафето. Додека го пијат, ќе си зборуваат и замислуваат за куќата во која ќе живеат. За бојата на ѕидовите во детските соби. За тоа како ќе ги воспитуваат дечињата. На крајот, кога таа ќе стане да ги крене празните филџани, ќе ја повлече за рака и ќе ја седне во скутот. Ќе ја прегрне и ќе ја пофали дека му сварила најслатко кафе на светот. И ќе ја бакне.
Наеднаш, почувствува остра болка од левата страна. Рефлексно се сврте и тогаш... Тогаш запре се'. Целиот свет стана нем и се претвори во тишина, можеше да се чуе само себе си:
"Тој е! Тој е! Тој е!" - не престануваше да одекнува во нејзината глава.
"Звездан?!" - подвикна.
Човекот кој веќе беше стигнал до тротоарот, збунето погледна кон неа и се стаписа.

"Кристина? Ти си?" - извика гласно.
Ја прегрна силно колку што можеше.
"Изгледаш прекрасно. Kако ангел. Секогаш си била."
"Што бараш тука? Мислев дека си во Америка." - следуваше прашање.
"Се вратив пред некое време. Не можев да издржам повеќе таму. Но, тоа не е важно. Ти како си? Сигурно си веќе омажена. Имаш дечиња, а машкото се вика Лука. Секогаш го сакаше тоа име. Така?" - радоста на неговото лице полека се претопуваше во израз на болка.
"Не будалче, сама сум."
"Kако сама? Зошто?!" - го знаеше одговорот. Му потече солза. Не можеше да ја запре.
"Тоа е твое место." - рече таа. "Патем, уште го пиеш кафето слатко?"
Веќе не беше солза. Беше дожд. Почна да плаче на глас.
"Не требаше да заминам, љубена! Прости ми! Секогаш те сакав! Се вратив за тебе! Никогаш веќе нема да те оставам!"
Немаше сила да мрдне. Не си го чувствуваше телото. Само пулсот. Се' посилен и посилен. Неговата прегратка, неговите бакнежи, неговите солзи, и' вратија безброј слики. Се виде себе си како се смее. Плачеше. Се виде како се радува. Ја болеше. Беше преморена. Но, беше среќна. Конечно беше среќна.

Полека ги отвори очите. Гледаше во небото. Над неа еден куп луѓе мрдаа со устите. Зборуваа. Викаа. Се' што имаше на нивните лица беше страв. Од тишината полека се издвојуваа пригушени звуци. Од далечината слушна забрзани чекори.
"Што се случи?! Што се случи?!" - викаше некој испаничено.
"Се разминавме на улицата..." - низ солзи, со прекини раскажуваше некој друг.
"Ме нарече Звездан.. Изгледа мислеше дека сум некој друг.. Кога се завртев, таа се' уште стоеше на средина на улицата... Беше предоцна, не можев ништо да сторам.."
Гравитацијата и' го повлече погледот на страна. Се' што можеше да види беше регистерската табла на искршениот автомобил. Не можеше да ја прочита. Знаците се прелеваа во чудни форми. Беа прекриени со крв. Само еден јасно се издвојуваше - З. Тоа беше последното што го виде.

Тој ден, навидум се' беше како и обично. Лука сеуште играше со другарчињата. Соседката по којзнае кој пат ги искачуваше скалите. Продавачот љубезно ги дочекуваше и испраќаше купувачите, а потоа задоволно ги броеше парите. Никој не почувствува дека времето запре за момент. А запре. Запре за да ја види најубавата насмевка на лицето на едно безживотно тело. Мачките беа мирни...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Вовед наместо (приказна)

Знаеш... за да се започне една прикаска, доволно е само едно зрнце спомен... Или една капка од морето наречено „чувства“
Но не можам да ја раскажам... Се плашам...
Затоа што ги негирам. Затоа што постоеа за некоја друга. Би можел да се обидам со повторно додавање на сол по веќе раскопаните рани. Или би започнал сосема одново. Трудејќи се да не потпаднам под истите спомени за да подоцна ја прочиташ репризата.
Но, како што реков... За да започнеш приказна треба сопствените чувства да ти бидат водич во спомените.
Сеуште се плашам. Затоа што тие не се мртви. Ме стегаат во душата, ме влечат во бездната, молејќи ме да додадам само уште еден ред самосожалување, уште еден збор себеуништување. Проклето сурови, подмолни спомени испливуваат на провршината, терајќи ме да продолжам онаму каде што застанав. Да започнам приказна од својот живот.
И така започна...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Мојот татко беше човек кој живееше за другите.
Откако памтам, тој секогаш беше добриот самарјанин, извидникот, филантропот.
Беше калемен по репер на модерните витешки романи, па јас често дискретно му велев дека неговата реалност е дело на перото на некој ала Сервантес од друга димензија.
Тоа беше човек со висок коефициент на природна интелегенција, многу прониклив и мудар. Имаше потенцијал за освојување на широк дијапазон од академскиот универзум, но, роден како единствено машко дете во матријархална фамилија, со две постари сестри кон кои било целосно насочено родителското внимание, некаде попатно замрел неговиот моментум за его-триперски живот.
Во доцните осумдесетти отворил видеотека, затоа што на Велес му фалело такво нешто. Од омраза кон пиратеријата, земал само оригинал филмови на кои трошел цело богатство, па после осум илјади купени касети, длабоко да зацапа кон очигледен банкрот. Добар дел од филмовите нашите сограѓани никогаш не му ги вратија. Pulp Fiction, Terminator, Rosemary’s Baby, Godfather се само дел од колекцијата украдени филмови за кои ми е криво дека утре нема да можам да им ги покажувам на гостите во мојата ретро-библиотека. Фадр, нормално, не им замери за тоа ниту кога го стави катанецот на видеотеката и ги спакува филмовите во кутии. Се беше простено. Во тетратката со долгови имаше имиња колку што градот имаше жители. Се помина тивко и сите си поминаа само со начнатата совест.
Татко ми наследи повеќе веќе започнати бизниси на моите дедовци. Беше успешен дистрибутер на тогаш силната битолска пивара и држеше ресторан. Long story-short, камионџиите не беа редовни со плаќањето, битолска пивара пропадна, доверителите си ги бараа парите, а фадр беше, тврдам, единствениот кој исплати се’ а можеше да излезе како валкан победник од тој крах.
Ресторанот пропадна од алчни луѓе и гагаџии на кои стариот не знаеше да им рече не. Си доаѓаше навечер и ми кажуваше точно колку пари кој келнер му украл. Се смееше кога му се дерев дека у тие пари има цел мој одмор во Макарска и секогаш стоеше на тоа дека е добро “што не сме страдале за леб.”
Не бараше да му се врати заем. Не се лутеше кога некој свесно го мајтапеше. Не се срамеше да изиграва паљачо за да орасположи друг. Не замеруваше на алчните сестри и малициозните зетевци кои го понижуваа во сопствениот дом и го третираа како крпа. Не ја слушаше мајка ми кога го караше дека е човечен до граница на глуп. Ниту мене, кога му го кажував истото.
И умре неславно. Како секој трет бескичмењачки лешперко....и Елвис...
Му имплодирало срцето.
На погребот имаше можеби четирицифрена бројка на луѓе. Бев сигурен дека огромен дел од тие луѓе беа таму или за да си ја излечат совеста за некој ќар кој на нефер начин го лапнале на негова сметка или за да се осигураат дека стариот е скинат и никогаш нема да им се јави на полноќ и да им бара услуга назад.
Додека го спуштаа у земја, памтам дека ама ич не бев тажен. Ниту скршен. Бев гневен. Гневен на стариот затоа што цел негов ебан живот беше толку човечен и емпат, па ниту еднаш не се стави себеси во центарот, ниту еднаш не кажа како се чувствува, дали му е тешко, што се случува во неговата глава, со неговото тело. Еднаш, еднаш, еднаш да се пожалеше на било каква болка, на било каков проблем, мака, тегоба.
Остана верен на неговата индиферентност кон себе до самиот крај, за постхумно да го мразам затоа што не остави простор малку и ние да се грижиме за него и да му објаснам дека јас тивко си имам ветено дека нема да стапнам во клептократската ни црква до крајот на животот, за он да остане верен на својата сервилност кон другите и да не ме примора да го правам тоа секоја недела, барем додека не ми се смени мислењето.
Додека беше жив, ги мразев неговите гени и константно ги евтаназирав. Кога почина, секој генетски импринт на тој човек во мене, со сигурност можев да тврдам дека умре.



Помина скоро една година.
Оваа сабота ми беше роденден. Никогаш не сум славел, ама ете, овојпат си помислив дека би било добра промена. Викнав двајца другари од скопје, собрав дечки од Велес и договоривме дружба. Заради тоа што не сум придавал значење на денот претходно, никој од нив не ни знаеше дека всушност тоа ќе биде мое роденденско славје. Ги собрав дечките од станица, се собравме со дечките од Велес, земавме од тоа со што требаше да ги честам и поминавме една многу, многу неоптоварена кул вечер. Кога друштвото полека се растопи, а утрото се ближеше, заедно со тајмингот кога скопјанчишчата требаше да рипаат у воз, ги однесов малку кај мене. Помалиот ми брат им свари кафе и дваесет минути ги прашуваше(мачеше) дали кафето било доволно благо, дали било доволно јако, дали се отрезниле малце...
Кога ги испратив на станица, се поздравивме, ги прашав дали им било ок, дали си поминале добро...одговорија ептен потврдно, ми беше мило, се поздравивме и заминав дома.
Не спиев, беше веќе Недела, роденденот ми помина, а мораше да се оди црква кај стариот за два-три саати.
Неволно се средивме со малиот и фативме патот. Веќе ни стана механички целиот тој процес на купување свеќи, палење свеќи, зачистување на гробот, праење муабет за грешките на стариот...се додека не доживеав мал флешбек.
Значи, чекај бе малку....мене вчера ми беше роденден. Ја на типциве не им кажав дека ми е роденден за да не ги оптоварувам со непријатната ситуација дека, еј, тоа е мој ден и они треба мене да ме имаат како центар на внимание. Не им кажав дека ми е роденден за нив да им биде океј, за они да се дружат меѓу себе и да се запознаат исто колку што ќе ме дружат и мене. За да меѓу нив има тек и flow кој нема да биде испрекинат со потребата на моето его да ми се бутаат лажички внимание на секои пет-десет минути, оти тој ден јас пркнав на овој свет.
Кога ги однесов кај мене, малиот веќе припремил благо (оти ептен ни требало, а он сам се сетил на тоа), свари кафе и прашуваше цело време дали кафето е океј, дали им се свиѓа, дали ги размрдало малце. Беше пет саат сабајле. Му се спиело у курац. А он се фрикаше дали на некои си таму другарчиња на брат му им се вратил допирот со реалноста.
Кога ги испраќав, ги прашав дали им бил добар поминот, дали се задоволни. Ми беше многу битен нивниот одговор, а кога беше потврден осетив блага елација во нервните завршетоци и мал зен момент во умот. A little too much за едно обично “да бе пеер, супер беше.”
Јас сакав, со цело мое срце, а со ниту еден дел од мојата активна свест, на овие луѓе да им биде поубаво од мене, а со тоа и јас да се шлепам, заедно со нивното задоволство. Јас сакав да им дадам мал убав помин за кој ќе им треба време и неколку гигл моменти додека ги средуваат впечатоците. Целев кон нивната среќа, а мојата ја добивав како пропратност.
Стариот ме заеба. Ја да сум ти бил многу ист како него ебате. За брат ми знаев..ама ја? Секогаш мислев дека сум успешен “ладно копиле” проект на мама. А, мене, уствари, стварно емпатски ме болело кур бе пеер...
Додека си одевме дома со брат ми, му кажав само едно нешто:
“Џони, ќе дојде ден и ти кога ќе ебеш некоја. На крајот, кога ќе завршите работа и ти ќе легнеш до неа целиот испотен, прашај ја дали и било океј. Ако е целата исчупавена, испотена, шминката и е размачкана и ако ти се заврти, ти се насмее и те баци по челото, знај дека си ја усреќил улав и ќе се осеќаш wonderlandish. Ако не го направи тоа....мавај уште. И да те боли таму доле, мавај додека не ја задоволиш.”
Ми рече дека сум ретардиран и да ќутам.
Ама ме послуша. И ќе ја праша. Како што пред тоа да му го кажам сфатив дека јас сите сум ги прашувал. :)
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Abre Los Ojos


Вторник. Денес има Лига на шампиони во фудбал. Вечерта што толку долго ја чекав. Тргнав до дневна за да ги земам оние 30-тина денари што ми останаа во паричникот. На ТВ, вклучување во живо од куќата на Големиот Брат. Некогаш се прашував зошто наместо обични луѓе не земат скитници, барем ќе им’ обезбедат кров над глава и редовен оброк на некое време, си мислев. Сега знам, ни скитник не би ја продал својата патетика за пари. Карши ТВ-то, на каучот лежи мајка ми, со бледо лице и завиткана во ќебиња. Таква е веќе скоро година, од оној ден кога ја отпуштија од фабриката, после 17 години верност и вредна работа. Во последно време престана да ја прима и терапијата што и' ја препишаа за ракот. Заеби, и онака ќе умре наскоро, а тоа во никој случај нема да го спречи мојата бедна стипендија која не покрива ниту пола од трошоците...
Паричникот празен. Старото копиле повторно е во кладилница. Не помогна ниту кавгата од пред некој ден, кога ми ја пукна аркадата со шишето ракија, а јас му го скршив носот. Како да не е доволно што дневницата му е третина од дневниот џепарлак на копиљаците од другата страна на реката, па мора и да се коцка. Со моите пари.
Во оставата го најдов она старо вино во ексклузивно пакување, кое го чувавме за посебна пригода. Таму стои откако знам за себе. Изгледа било пишано оваа да биде вечерта што ќе ужива во неговиот сладок вкус. Го сместив во ранецот, земав се' она што ми требаше за прославата, си ги стегнав врвките и излегов. Ја наметнав капуљачата од блузонот. Не сакам да ми го гледаат лицето. Не се достојни.
На mp3 плеерот, кој патем беше се' што ми донесе високиот просек во првата година од моето студирање, свиреше , напишана од врсник од мојата населба, кој во своите стихови до детал опишуваше се' што мислам и чувствувам. А не ме познаваше. Само еднаш делевме такси до дома. Чудно, нели? Среќа што стариот пие само ракија - размислував.


Празниот паричник не ми е пречка да стигнам до било која дестинација во Скопје. Така е од оваа страна на градот. Користењето на јавниот превоз не не’ чини пари; сепак не е бесплатно. Мора да го истрпиш презирот од патниците и да си на штрек се’ до крајот на патувањето. Чекав од темната страна на автобуската. Не сакам шоферот да ме види и да ми ја затвори вратата пред нос. Најчесто успевам со ваквата стратегија. Спринт до средна врата, кратка борба со луѓето што се симнуваат, неколку примени удари од лакти во слабините и веќе си внатре. Додека се движев меѓу седиштата кон задната врата, дотераните шмизли ме скокаа со погледот како што голем дел од вас веќе го прескокнаа текстов. Мојата слика нема доволно розеви нијанси за да остане во нивниот фокус подолго од една секунда. Не ме боли кур, ниту јас сакам да ги гледам, а фактот што се речиси голи ни малку не ја менува состојбата. Всушност, мразам се’ што е женско од моментот кога ја видов девојка ми во лимузина со странски таблици. Префлив на од Big L. Ме потсетува на поранешните другари од населба...
Со погледот ги одмерував силите со дебелата жена која седеше на едно од столчињата на средината на автобусот. Знам што значеше кривата гримаса на нејзиното лице додека зјапаше во мене. Исто така знам дека таа плаќа високи суми за својата дрога именувана со куп латински имиња, а се купува во аптека, додека мојата беше бесплатна и носеше само едно име. Нема да го кажам.
Стигнавме до замислената граница. Уште 50-тина секунди црвено светло ме делеше од другата страна. Дебелата се сврте кон човекот над неа, ја пребара ташната и му покажа карта. Fuck! – си реков. Кој кур?! Почнав и да мислам на англиски. Пак контрола. Премногу често се сретнуваме месецов. Со сила ја отворив задната врата и скокнав, трчајќи кон тротоарот, пред да ме прегази некое говедо со нов џип, зборувајќи на мобилен. Јеби га, од тука можам и пешки.


Конечно таму. Dis’ da spot. Десетина накитени локали, светла во секакви бои, силно озвучување, разорна галама, маси до самиот кеј и купишта розеви кошули, златни ланци, миничи, кармин. Тоа е кремот на градот. Шемата - како што го викаат ова место, а не знаат зошто. Јас знам, though. Затоа што тука никој не отстапува од шемата. Качени на воз, одат во непознат правец, а никој не се осмелува да ѕирне низ магливиот прозорец. Затоа сум јас тука вечерва. За да им’ го украдам вниманието на момент, да им’ покажам фрагмент од вистината која упорно ја избегнуваат. Но, прво да прославам. На метар-два од масите има тесни скали, претрупани со мириси на мочка и гомнарии. Лево од нив - клупи, десно – цигански камп. Овојпат, празни. Сите гледаат Лига на шампиони, remember? Јас пак, не знам ниту кој го игра натпреварот. Мразам фудбал. Сметам дека е зло спортистите да бидат платени со милионски суми, додека некаде на другата страна на светот, во фабриката на спонзорот, нивните патики ги изработуваат 7-годишни деца, робови. Наздравив во име на доброто и почнав да пијам.


Во меѓувреме, натпреварот заврши, а забавата почна. Во ушите ми се мешаа неколку хитови од врвот на светските топ листи одеднаш, но сепак најгласно ги слушав стиховите од на Immortal Technique, од мојот плеер. Време беше. Последната капка ми се лизгаше низ грлото, очите подзамижани, дланките лизгави од студената пот што ме облеваше. Се качив во гужвата. Набилданите ќељавици беа задлабочени во разговорот со неколку вештачки створа прекриени со купишта козметика. Се пробив меѓу масите. Никој не ме забележува. Баш како што очекував, се' одеше според планот.
Ја извлеков металната играчка од џебот, ја доближив цевката до слепоочницата и викнав “Look around you, motherfuckers!” додека го повлекував чкрапецот. Кој кур, пак на англиски?!
Се сомневам дека некој го слушна мојот крик, но знам дека го слушнаа истрелот што следеше. И знам дека мојата крв на нивната светкава гардероба нема да им’ дозволи да ги затворат очите, барем не во скоро време.
Не верувам во Господ. Но, ако е таму, го молам да не ме прати во рајот. Не ќе знам да се снајдам.


Инспирирано од вистинит настан, кој секојдневно се случува во мислите на _?_ милиони млади луѓе низ светот.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Капки дожд удираа на прозорецот од нејзината спална соба. Се протегна, ја повлече завесата и ги виде дождливите накиснати улици. Луѓето брзаа насекаде со чадори во рацете. Но таа, го имаше целиот ден за себе. Сакаше да ги состави коцките на нејзиниот живот, да ја реши таа енигма со која се соочуваше и сите емоции кои прелетаа преку нејзиното младо лице кога по толку години, навидум странец и се чинеше.. го виде повторно, оној кој некогаш и значеше се. Краток дел од нејзиниот живот, спомен од нејзините тинејџерски години, дел кој мислеше дека одамна го заборавила. Но животот носи изненадувања. Навистина.
Расчепка по плакарите. Бараше нешто. Пронајде една кутија, во која беа врежани нејзините детски работи. Зема едно мече. Се сеќаваше добро на тоа. Она утро на 14 Фебруари, се појави кај неа дома со тој сладок подарок и порака секогаш да заспива со мечето и да и текне на него. Уште едно ланче што и го подари на една нивна месечнина. Беше со два клуча, едниот за неговото а другиот за нејзиното срце никогаш да не го отклучува на друг. Најде стари фотографии, писма од нивната љубов, нивните омилени песни на CD и преубавото фустанче што и го подари кое совршено и стоеше и го истакнуваше нејзиното боженствено тело. Се сеќаваше на се. Таа првпат сакаше искрено, со сето срце. Но тој беше исплашен од љубовта, не давајќи си ја можноста да ја осети нејзината магија кога се препушташ на чуствата. Но таа веруваше во своите чувства, му веруваше нему. Тој знаеше дека таа е најдобрата за него, дека само таа може да го сака со сите негови мани, но сепак многу пати си дозволуваше да ја повреди. Но нејзината љубов беше пред се, нејзината огромна толеранција и дарба за простување беше секогаш причинител за повторно смирување на двојката. Но тоа постепено се намалуваше. Таа не беше среќна. Еден разговор помеѓу нив двајца ја прели чашата и таа замина. Но овојпат не беше за 2-3 дена, замина и не се врати. Тој страдаше, ја изгуби онаа што му значеше. Не се видоа ни чуја по долго време. Таа и понатаму го сакаше и ја мокреше перницата секогаш пред да заспие за него. Една година после тоа, се сретнаа случајно. Таа беше весела искочена со другарките а тој со друга девојка. Само му се насмевна и се повлече некаде далеку од неговото стојалиште. Ја повреди но се потруди повторно да ги закопа сите спомени далеку од себе. Не си дозволуваше ни една мисла да прелета преку нејзината глава за него. Реши да биде Госпогица Ледена. Успеа бар за кратко. За неколку месеци, се пресели во друг град и не слушна понатаму ништо од него. Преку нејзиниот живот поминаа неколку мажи, но ниеден од нив не и остави белег. Сега, по толку години се сретна случајно со својата прва љубов.
Брзаше на работа додека плавата коса и беше неуредена и и се вееше на ветрот а образите и беа румени од ладното. Го поминуваше пешачкиот и кога ја крена главата го виде него. Тој топло и се насмевна и ја почека. Немаше излез. Го поздрави љубезно со насмевка. Тој се закикоти.
"Ти, ти.. што правиш тука?" - му рече со насмевка.
"Најдов работа овде. Следната недела се вселувам. А ти? Кога пред неколку години дознав дека си се преселила, немав појма дека ќе одбереш вакво бучно место."
"Еј, Нујорк има свој шарм, зар не?"
"Се согласувам. Но зо тоа пошироко да расправаме, утре одсабалје на појадок. Одговара?"
"Хм, секако. За старите времиња."
"Можеби и за новите подобри" - се закикоти.
Таа ја имаше заборавено неговата насмевка. Чиста, но и предизвикувачка.
"Десет часот во Тифани?"
"Омиленото место на Нујоркшани. Требаше да знам. Се гледаме таму."
Таа повторно се засмеа, го отпоздрави и тргна кон нејзиното работно место. Средбата ја израдува, но исто така ја исплаши. Беше неочекувано а тој делуваше предизвикувачки и мистериозно. Немаше трага од некогашниот избувлив тип, сега изгледаше како пријатен созреан дечко. И се допадна. Ги имаше истите црти како пред многу години, но повеќе истакнати и зрачеше со таква мажественост.
Имаше чувство дека ова е почеток на нешто ново. Нешто што тајно, а толку долго го посакуваше но ни самата не беше свесна за тоа. Некогаш спомените болат. И треба.. но можеби ова ќе трае. Можеби лудоста од тинејџерските години ќе биде заменета со позрела љубов и сериозност. Тие двајца имаат изгледи да успеат. Времето ќе покаже.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Интелектуализација. Најчеста кај адолесцентите, одбранбен механизам преку кој наместо да чуствуваме, мислиме за чувствата. И после тоа помислив на тоа дека мислите ги контролираат чувствата, и обратно, или сепак не, има некоја логичка грешка овде. Би се запрепастиле од тоа колку исполнувачки празен ќе ви изгледа животот без ова.
Тоа е како да седите со самиот себе, секогаш само со себе. Има причина зошто луѓето не сакаат да го прават тоа. Зарем има нешто позастрашувачко од самиот себе? Сите одговори на ова прашање потекнуваат од стравови кои јас ги имам, од фустрациите поради неисполнетите желби кои ги посакувам... Никогаш, ама баш никогаш не се сфаќај сериозно. На крај секогаш и трите "ти" ти зборуваат, но јас одамна веќе не знам кое е кое. Не ми е јасно како можев да пишувам некогаш во трето лице. Барем не сум досадна, не на самата себе.
Секогаш е тоа така, решаваш тестови за да знаеш што си, бараш статистички податоци во животниот наратив за да сфатиш што сакаш, читаш книги за најразлични екцентрици за да се убедиш себе дека има полошо од тебе, ил барем има и други како тебе, потоа целосно се разочаруваш зошто си ја постигнал предходната цел, но затоа сфаќаш дека си типичен пример за типичната појава во развојниот период низ кој го поминува секој човек, па се враќаш повторно на личниот наратив зошто тоа е тоа што не прави единствени, различната комбинација на типични појави. Затоа и ги љубам луѓето околу мене, секогаш се тука да ме одржуваат на нивото каде што сакам да бидам, да ме убедуваат дека сум онолку типична и единствена колку што посакувам да бидам.
Видете, јас внимателно ги избирав такви, набљудував и проценував кога како реагираат на мојата акција, за да сум стабилна и лабилна колку што ми одговара. Гледајќи на тоа дека реализмот е најчесто полош од песимизмот, (за оптимизам не треба да се говори), сметајќи го за типична појава тоа што девојките во своите 20ти, особено кога не се успешни во трите кариери се сместуваат себе си во некое ниво на пеколот, зависно од прагот на осетливот. Не премногу жешко за да може да останеш повеќе, иронично тоа дава чувство на сигурност, но не премногу ладно за да не почнеш да бараш нови дразби. Единствено што останува е да го мерам мојот. Проблемот овде е тоа што не е толку страшна болката колку смрдеата на изгорена кожа, а изгореници од трет степен не се чувствуваат. Барем не сум досадна, не на самата себе.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Koј ќе може да ми каже...
Дали навистина чекав или само посакував да ја доживеам едвај сликата на имањето нешто засекогаш.
Зашто, вистината е дека не знам што да правам со него, што и да е, во било каков облик. Ќе го измачувам се додека системот не го исфрли како новонастаната токсична материја...ќе го измачувам се додека тој не стане чиста штета.
Непогодна сум за меѓудејство, за соживот и хармонија, проклетата хармонија, омилениот идеал на Дамата Мајка. Идеал кој јас го кршам со самото чекорење по земја. Прегрубо чекорам, вели.
Ја сакам хармонијата само додека е толку. Идеал облеан со божествена светлина.
Ако ја донесеш и ме натераш да ја допрам, бриши.
Но тоа и не би било толку страшно...
Крајот ќе го видиш кога ќе побараш сама да ја произведам.
Јас никогаш неможам ни да воспоставам стабилно отчукување на мислата, никогаш не знам на која страна е југ, никогаш не можам да си го најдам патот назад...
Оди си, ти и твојата добра намена.
Ме убива токму тоа што не ме убиваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom