Се уздржавам да коментирам, ама не ми се верува колку необјективни коментари се вртат цело време.
ЛА скоро зема брејк (2 глупави грешки на додавање на крај), се враќа со повеќе од солидна игра по пораз од 29п (благодарение пред се на играта во одбрана), ... и баткава тука ни пишува „не им идело„ на ОКЛ. Како јас да кажам „не му иде на Коби„ кога вистината е дека Сефалоша одлично го чува. Гледање на играта на ниво на Горан Милковски и компанија.
Вистината е дека ЛА сами се победија во последните 2мин.
Ама ајде нека продолжат лејкерси со вакво залагање и нека ја направат серијава интересна за гледање...
--- надополнето: 17 мај 2012 во 06:43 ---
Ајде објасни зошто мислиш така?
Што да прави на 4сек. пред крај кога има топка во раце а центрите ни се покриени?
Ќе шутне нормално, макар и да шансата е 60%+ дека ќе утне.
Артест со 2-10 нема да го критикувам заради одличната одбрана но каде е критиката за Мајк Браун, на 3 разлика во 4та четвртина ги пушта заедно: Барнс, Артест, Хил, Сешнс и Гасол... и после 3 минути паничи и зема тајм аут. Башка на крај инсистираше додавање топка кон Брајант и истроши 3 тајмаути. Еве ви ја разлика меѓу Фил Џексон и Мајк Браун... немаше шанси Фил Џексон да ја загуби оваа завршница.
Сешнс (1-3). Блејк (1-5) промаши нечуван шут на крајот, Бајнам 8-19 со само 9 скока...
И после Коби е „100% крив„?
Ајде бе.
И премногу неизнудени грешки во финишот.
Браво за Дурант, он ги извади и покрај слабата игра на тимот (која пак се должеше на одличната одбрана на ЛА).