Tonchie
BATTERY +
- Член од
- 15 јуни 2005
- Мислења
- 13.490
- Поени од реакции
- 7.984
Панкрок-маскенбал во МКЦ
На првоаприлскиот фестивал ќе настапат домашните „Новиот почеток“ и „Фонија“, Американците „Вилхелм скрим“ и Грците „Тен ту гоу“, а секој посетител што ќе дојде маскиран ќе добие купон за бесплатен пијалак
Филип Тасевски-Фиц со својот бенд „Новиот почеток“ ќе го промовира албумот „Меланхолична машина“
На Денот на шегата, 1 април, во реновираната сала на Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи голем панкрок-маскенбал. На првоаприлскиот фестивал ќе настапат домашните состави „Новиот почеток“ и „Фонија“, како и американскиот бенд „Вилхелм скрим“ и грчкиот „Тен ту гоу“. Билетите за еднодневниот фестивал веќе се пуштени во продажба по цена од 250 денари и може да се набават на билетарницата во МКЦ и во музичката продавница „Југотон“ во ГТЦ. На денот на одржувањето на фестивалот билетите ќе чинат 300 денари. Сите што ќе дојдат маскирани на концерт ќе добија купон за бесплатен пијалак.
За македонските состави „Новиот почеток“ и „Фонија“ ова ќе биде концертна промоција на нивните нови албуми, „Меланхолична машина“, односно „Зелен, сончев ден“, кои ги објавија пред десетина дена.
По настапот на првоаприлскиот рок-маскенбал, „Новиот почеток“ ќе тргне на турнеја низ нашата држава и низ Балканот, која, според планот, треба да заврши во Скопје со голем солистички концерт.
Американскиот бенд „Вилхелм скрим“ е добар избор за овој еднодневен фестивал, имајќи предвид дека нивната музика одлично кореспондира со онаа на нашите состави. „Вилхелм скрим“ е мелодична хардкор-банда што ги освојува сите љубители на „здравиот“ рокенрол. Бендот зад себе има пет албуми и три максисингл-изданија и голем број концерти насекаде низ светот.
„Тен ту гои“ е млад бенд што доаѓа од Лариса, Грција. Зад себе имаат едно максисингл-издание. Во Скопје доаѓаат да ја загреат атмосферата со материјалот што наскоро треба да биде објавен како нивни деби-албум.
Автор: М.Г.
Извор: Нова Македонија