Мугер Фугер“концертна промоција на албумот Ла Кања
Последниот продукт на групацијата Мугер Фугер,албумот Ла Кања е богатство од различни сензибилитети и креативци ...од кои концертно ке ги видиме:
Горан Трајкоски (Падот на Византија,Анастасија,Мизар) Драган Гиновски - Гино (Архангел) Зоран Тортевски(Хармосини,Мизар) мултиталентираните Сашко Костов и Ади Имери виртуозот Мухамед Ибрахими како и поетот Џабир Дерала...
- Last Expedition се едни од ексклузивни гости на овој музички настан, славната рок приказна која му претходеше на Mooger Fooger во 90-те. Тие ќе ја почастат публиката со неколку од своите хитови кои наизуст ги пее веќе втора генерација вљубеници во рок културата
- Exic ,се сеќавате ли на извонредниот проект од крајот на 90-те години? Најавангардните рок фаци во земјава во тоа време се собраа да создадат еден прекрасен, слоевит, мултилингвален албум со незаборавни траки. Да, и овие фаци ке бидат на сцената на МКЦ, оживувајќи ја меморијата со песните So many loves ,Странец,Таксист...
–The Black & Vice Social Club ке настапат како предгрупа, garage rock power трио од Скопје предводено од Ади Имери (вокал и гитара). Со својот настап тие ќе направат најава за деби албумот кој се очекува да излезе напролет. Ова ќе биде вистинско музичко торнадо. Без фолирање, без шминка. Експлозивно и контемплативно, сурово и деликатно... Визуелно! Неповторливо! Вреди да се биде таму на 8 февруари.
Билети во претпродажба во 1/2 Југотон
од21.01.до 27.01.2013 цена150 ден
од27.01.до 08.02.2013 цена200 ден
влез на врата 300ден