Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 ноември 2009
Мислења
101
Поени од реакции
31
Кога играме стандардна 4-4-2 со игра по крила, средњациве наши значи играат и дефанзива и креираат, но поголем акцент на креирањето имаат крилата кои ја влечат играта бочно и нафрлаат во пеналтикот, влегуваат внатре. Исто се случува и крилава да повлечат на средина околу 16-те метри (нешто што го прават Јанг, Нани, Гигс).
Е сега се случува да играме и формација 4-5-1, кога играме со истурен напаѓач. Оваа формација е фактички 4-2-3-1, а некогаш и 4-1-2-2-1 со што во првиот и во вториот случај има потреба од деструктивец. Имено, во првиот случај еден од тие двајцата што ќе бидат во средината треба да биде деструктивец кој ќе сече, а другиот бокс ту бокс играч кој ќе ја повлече играта напред и ќе ја предаде до плејот и со крилата да креираат напад. Во вториот случај е без класичен плеј, со двајца бокс ту бокс играчи и еден деструктивец кој ја има задачата од претходниот формат со тоа што двајцата бокс ту бокс играчи имаат дел во креирањето, но исто поголем акцент имаат крилата. Значи ние си ја играме класичната 4-4-2, но во минатото сме сведоци дека во ЛШ и во некои дерби натпревари САФ влегува со 4-5-1 односно со неформулирани 4-2-3-1 или 4-1-2-2-1. Поради тие причини има САФ изјавено дека не ни треба деструктивец зошто во вакви случаи може да игра Џонс, а исто и Керик и Флеч би можеле да се снајдат (не се класични деструктивци, но можат да играат на таа позиција).
Далеку е МУ од класична 4-4-2, ама ме мрзи да објаснувам за тоа. А 4-5-1 формациите и варијациите може да угостат различни позиции и улоги на играчите во истите. Се помалку има box to box играчи поради потребата да цела игра се потпира врз нивната игра. Сега се игра поколективно отколку порано. Али ако сме за таков играч ѕирнете го Strootman.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
Ние имаме box to box мидфилдери што ги има низ цел терен и во одбрана и во напад! Класичен деструктивец сме немале
A да не Флечер и Керик се деструктивци? Изгледа не знаеш што е деструктивец.
И не ни треба нас таков играч, никогаш не сме имале и тешко дека со Фергусон ке имаме.
Немаме ние од тие класични деструктивци или плејмејкери или слично, играчите извршуваат повеќе улоги итн. Многу релативни работи се овие „деструктивци" и слични такви работи
Roy Keane !!!! да не речеам убица :)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
^^ Види, не дека изигравме менаџери или нешто слично. Но треба да гледаме реално на некои случувања за тоа што ни е потребно. Исто ко да рече некој сега ни е потребно голман...САФ не е од вчера во тимот и да не се познава филозофијата која сака да ја постигне.Значи во изминатиов период тимот немал класичен деструктивец од типот на Масекерано, Микел, Есиен и слично, но сме имале играчи од типот на Харгривс, Кин итн, кои играле дефанзивно во средината, но со далеку поинакви улоги од еден класеичен деструктивец. Така и сега, па нереално е да се очекува да се купи деструктивец од типот на споменатите погоре (Маскерано...).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
^^ Види, не дека изигравме менаџери или нешто слично. Но треба да гледаме реално на некои случувања за тоа што ни е потребно. Исто ко да рече некој сега ни е потребно голман...САФ не е од вчера во тимот и да не се познава филозофијата која сака да ја постигне.Значи во изминатиов период тимот немал класичен деструктивец од типот на Масекерано, Микел, Есиен и слично, но сме имале играчи од типот на Харгривс, Кин итн, кои играле дефанзивно во средината, но со далеку поинакви улоги од еден класеичен деструктивец. Така и сега, па нереално е да се очекува да се купи деструктивец од типот на споменатите погоре (Маскерано...).
Да да, тоа ми беше зборот, тоа сакав да кажам со епитетите со кои го опишав Харгривс :)))))) Иначе се нашалив со тоа за во чемпионшип :D:D:D:D:D:D
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
101
Поени од реакции
31
Roy Keane !!!! да не речеам убица :)
Рој Кин беше деструктивец, ама не беше холдер туку BtB. Тоа е разликата меѓу него и останативе "деструктивци". Флечер е истиот тип на играч, дали ќе се врати како таков?
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
Далеку е МУ од класична 4-4-2, ама ме мрзи да објаснувам за тоа. А 4-5-1 формациите и варијациите може да угостат различни позиции и улоги на играчите во истите. Се помалку има box to box играчи поради потребата да цела игра се потпира врз нивната игра. Сега се игра поколективно отколку порано. Али ако сме за таков играч ѕирнете го Strootman.
Сакав да го пишам Стротман баш, ама изумив, ете и ти ме потесети. Играч кој одлично би се вклопил во наша филозофија, а и не би не чинел многу. Има САФ на радар неколку играчи од негов профил, но дечкото дава одлични игри во ПСВ оваа сезона :)
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480


Вака одговорил жути на прашањето дали догодина ќе ја вратиме титулата! :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.708
Многу менаџеришта по форумов :icon_mrgr:Фудбал менаџер ви е омилена игра дефинитивно :D Се шалам, остајте му на Ферги он знае како треба.Деструктивец( на хартија) за наредната сезона мислам не ни треба, а таков тип на играч кој е универзалец и сличен на Харгривс и играта на Јунајтед е Хави Мартинез.Во Билбао игра многу повлечено нешто ко Керик кај нас ама може лесно да се трансформира.Ако летоска не отиде негде ќе биде супер, зашто мислам дека ферги го мерка него а и ќе се фклопи многу добро.

А формациите 4-4-2 4-5-1 итн се само лажги за јавноста не се замарјте толку.Секој играч си има своја позиција и задача.;)
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
Еххх Ѕвер ... има еден момент на 1.16 i 2.55 , е тоа фали кај нас .. да размислат 2 пати пред да отидат на груб старт :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Едно е тоа дали ние мислиме дали ќе ни е потребен таков вид на фудбалер, друго е стариот што мисли. Не сме ние менаџерите :) Со самото тоа што му кажал на Есиен кога беше кај нас на проба дека задоволен е од него како фудбалер но таков тип на играч не му е потребен за неговата формација, треба да сконтаме дека не сака стариот такви фудбалери. Нас ни треба како Харгривс, брз, енергичен, упорен, неуморлив
Вас ви треба некој како М’вила за назад и решен проблем :icon_mrgr:
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.546
Поени од реакции
4.181
Едно е тоа дали ние мислиме дали ќе ни е потребен таков вид на фудбалер, друго е стариот што мисли. Не сме ние менаџерите :) Со самото тоа што му кажал на Есиен кога беше кај нас на проба дека задоволен е од него како фудбалер но таков тип на играч не му е потребен за неговата формација, треба да сконтаме дека не сака стариот такви фудбалери. Нас ни треба како Харгривс, брз, енергичен, упорен, неуморлив
Е за ова апосолутно се согласувам со тебе за таков профил на играч и јас велев премиер Строман или Хaви Мартинез :)
 
A

apidrone

Гостин
Ја мислам Шумуликовски да го донесеме, ем искусен репрезентативец, ем одлично се трансформира од одбрана у напад, ем ќе ги заебааме скаузерите дека имаме Џерард у тимот, ма прав погодок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom