Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
Ние имаме box to box мидфилдери што ги има низ цел терен и во одбрана и во напад! Класичен деструктивец сме немале
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.546
Поени од реакции
4.181
A да не Флечер и Керик се деструктивци? Изгледа не знаеш што е деструктивец.
И не ни треба нас таков играч, никогаш не сме имале и тешко дека со Фергусон ке имаме.
Немаме ние од тие класични деструктивци или плејмејкери или слично, играчите извршуваат повеќе улоги итн. Многу релативни работи се овие „деструктивци" и слични такви работи
Дoбро можеби Флечер е повеќе box-to-box mifdilder од колку деструктивец aмa Карик е дефанзивен играч за врска (деструктивец) слична улога во тимот има како Бускетс во Барса .
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Не е така. Изнеси арументи ајде, докажи го тврдењето, но прво добро и точно дефинирај што е деструктивец.
Другпат не ги споредувај овие двајца
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Не е така. Изнеси арументи ајде, докажи го тврдењето, но прво добро и точно дефинирај што е деструктивец.
Другпат не ги споредувај овие двајца
Фактички деструктивецот стое пред стоперите, тој е тука за да сечи топки,да ја поврзува одбраната со нападот...
Деструктивци се Камбијасо,Керик,Скот Паркет , Де Јонг.....
Задоволен?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
На ви ја изјавата на Кагава кај што збори за неговата средба со САФ, ќе разберете не е проблем :icon_lol:

 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.546
Поени од реакции
4.181
Не.. некомплетно е.
Ај ти кога си ти толку паметен кажи што е деструктивец?
--- надополнето: 16 мај 2012 во 16:03 ---
На ви ја изјавата на Кагава кај што збори за неговата средба со САФ, ќе разберете не е проблем :icon_lol:

Не разбрав ни зборце од тоа што го зборуваа :), ама еве од коментарите што кажал
He was saying he has been to Manchester and met Ferguson to have a talk,but there was
nothing happened yet. There is no timetable on this decision so he wants to think really hard about it. He also said that Premier League is the best to play and it would be nice
for him to play there.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Ај ти кога си ти толку паметен кажи што е деструктивец?
--- надополнето: 16 мај 2012 во 16:03 ---

.

Значи деструктивец е играч чија задача е да одземе топка и да ја даде до најблискиот соиграч, играч кој нема скоро никакви офанзивни задачи. Такви се Маскерано,Камбиасо, Паркер, Бускетс, Ласс, Ван Бомел, Есиен во никој случај Керик и Флечер
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Kако прво, во нашата игра со двајца везњаци, неможе да има ДМФ или деструктивец, холдинг мидфилдер.
Овие секогаш играат пред одбраната но пред нив да има двајца што ќе играат.
Задачата на овие им е да одзимаат топки, да сечат, да стартуваат над противниците, да им бидат на помош на дефанзивците кога ја вадаат топката. Тие не се вклучуваат во нападот, тие покриваат позиции на играчи од задниот ред кои се вклучуваат во нападот - бекови, штопери(при сет писес). Еден вид чистачи, кога средината ја згреши они да поправаат.
Ова нашите везњаци не го играат. Нашите се мултитаскинг, но ДМФ никако не се. Појасно е сега?
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
101
Поени од реакции
31
Дечки, непотребно разбиструвате што е деструктивец... Затоа што деструктивец може да биде и играч од нападот исто како и некој од средина. Пробуричкајте малце за Емил Хески и Замора и нивното влијание врз игрите на нивните екипи. Впрочем во многу наврати Хески играл во репрезентација само поради тоа што добро се позиционира и одзема топки во напаѓачката линија.
Ако зборите за ДМ деструктивец, како што кажа некој претходно, никогаш сме немале, а и ќе немаме. Тоа е некој како Макелеле или Де Јонг, па и цел свет затоа ја вика "Макелеле улога". Во денешен фудбал таа улога не се користи затоа што Плејмејкерите не се оние класични кои седат позади напаѓачите, туку се движат кон или од крилата. Озил повеќе време поминува во странични позиции отколку во средина на теренот, иако таму е позициониран. Снајдер исто. Така да класични Макелелевци нема повеќе во највисокиот ранг на фудбалот.
Друга работа: Тие класични деструктивци на времето ја одземале топката со лизгачки стартови. Нешто што во денешниот фудбал не се употребува поради фокусот на колективен пресинг и висока дефанзивна линија и офсајд стапица. Башка ретко некој лизгачки старт да биде карактеризиран без фаул. Таква е денешната игра, сакале ние или не.
Карик и Флечер се деструктивци, но секој на свој начин. Керик седи пред одбраната и прави interceptions, а флечер го прави истото само повисоко на теренот. Врлината на Керик е покрај одличното позиционирање има и добри корисни долги топки.
--- надополнето: 16 мај 2012 во 16:19 ---
Kако прво, во нашата игра со двајца везњаци, неможе да има ДМФ или деструктивец, холдинг мидфилдер.
Овие секогаш играат пред одбраната но пред нив да има двајца што ќе играат.
Задачата на овие им е да одзимаат топки, да сечат, да стартуваат над противниците, да им бидат на помош на дефанзивците кога ја вадаат топката. Тие не се вклучуваат во нападот, тие покриваат позиции на играчи од задниот ред кои се вклучуваат во нападот - бекови, штопери(при сет писес). Еден вид чистачи, кога средината ја згреши они да поправаат.
Ова нашите везњаци не го играат. Нашите се мултитаскинг, но ДМФ никако не се. Појасно е сега?
А Керик кај го ставаш АМЦ да не игра :)
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Реков и погоре дека ова со позициите е многу релативна работа. Едноставно играчите имаат задачи кои ги исполнуваат и може да исполнуваат задачи кои се карактеристични за повеќе позиции, тоа е така.

А зошто па „АМФ" рече за Керик а???

Неможе да се каже, барем јас ги избегнувам овие термини како ДМФ, АМФ и курци, но можам да ти ги набројам неговите улоги во играта, па види сега со што се карактеризира. Но оној класичен ДМФ не е.

Сега точно е и тоа што го рече ти дека се разликува играта на ДМФ на денешниот фудбал, па ако се гледаат карактеристиките на денешните ДМФ тогаш и ти си во право.

За секоја формација може ДМФ да има различни карактеристики. Ептен релативно е така да и нема потреба да се дискутира ова веќе :)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
Кога играме стандардна 4-4-2 со игра по крила, средњациве наши значи играат и дефанзива и креираат, но поголем акцент на креирањето имаат крилата кои ја влечат играта бочно и нафрлаат во пеналтикот, влегуваат внатре. Исто се случува и крилава да повлечат на средина околу 16-те метри (нешто што го прават Јанг, Нани, Гигс).
Е сега се случува да играме и формација 4-5-1, кога играме со истурен напаѓач. Оваа формација е фактички 4-2-3-1, а некогаш и 4-1-2-2-1 со што во првиот и во вториот случај има потреба од деструктивец. Имено, во првиот случај еден од тие двајцата што ќе бидат во средината треба да биде деструктивец кој ќе сече, а другиот бокс ту бокс играч кој ќе ја повлече играта напред и ќе ја предаде до плејот и со крилата да креираат напад. Во вториот случај е без класичен плеј, со двајца бокс ту бокс играчи и еден деструктивец кој ја има задачата од претходниот формат со тоа што двајцата бокс ту бокс играчи имаат дел во креирањето, но исто поголем акцент имаат крилата. Значи ние си ја играме класичната 4-4-2, но во минатото сме сведоци дека во ЛШ и во некои дерби натпревари САФ влегува со 4-5-1 односно со неформулирани 4-2-3-1 или 4-1-2-2-1. Поради тие причини има САФ изјавено дека не ни треба деструктивец зошто во вакви случаи може да игра Џонс, а исто и Керик и Флеч би можеле да се снајдат (не се класични деструктивци, но можат да играат на таа позиција).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Едно е тоа дали ние мислиме дали ќе ни е потребен таков вид на фудбалер, друго е стариот што мисли. Не сме ние менаџерите :) Со самото тоа што му кажал на Есиен кога беше кај нас на проба дека задоволен е од него како фудбалер но таков тип на играч не му е потребен за неговата формација, треба да сконтаме дека не сака стариот такви фудбалери. Нас ни треба како Харгривс, брз, енергичен, упорен, неуморлив :Р
 

Kajgana Shop

На врв Bottom