Македонија: За една година нови 700 милиони евра долг

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Нина Нинеска-Фиданоска

Уште не стивнати реакциите за заемот кој Македонија го зема од Дојче банк во вредност од 250 милиони евра, од Вашингтон деновиве стигна вест за најавено ново задолжување, сега кај Светска банка, од 100 милиони долари.


Никола Поповски, професор и поранешен министер за финансии, неодамна изјави дека власта од година во година се' повеќе го зацртува економскиот безизлез на Македонија во иднина, и наместо да размислува како да го зголеми растот на БДП и да ја намали невработеноста, таа се задоволува со раст од еден до два отсто и со нови стотици милиони евра задолжување во странство. Џевдет Хајредини, исто така поранешен чувар на државната каса, прогнозира дека на долг рок ни претстојат тешки проблеми, во смисла на тоа како ќе се враќаат долговите. Според него, задолжувањата се прават за проекти кои нема да донесат раст на БДП, што значи дека нема да бидеме способни за враќање на долгот во иднина.

За повеќе:
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E23BF305A778B549A5807AA18B8E146E


РЕЗУЛТАТИ

- 8,4% ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА И МИНИМАЛЕН РАСТ ОД 3,3% ЛАНИ;
- 3% РАСТ НА БДП ЗА ЦЕЛА 2011 ГОДИНА, 0,2% РАСТ ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ И НЕГАТИВЕН ПРВ КВАРТАЛ ВО 2012 ГОДИНА.


http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83529/ne-nor-mal-no!_700_milioni_evra_dolg,_za_ekonomski_rast_od_samo_3.aspx


Кој јунак ќе најде пари за враќање на долговите

Па така, од графиконот може да се види дека во 2012 година треба да се вратат околу 110 милиони евра, вкупно по основа на надворешниот и внатрешниот долг. Но, ситуацијата станува многу посериозна веќе во 2013, кога по основ на надворешниот и внатрешниот долг, вкупниот износ што треба да се врати е околу 290 милиони евра. Во 2014 вкупната основица за отплата е малку над 150 милиони евра.

И веќе од 2015 до 2018 година, столбовите на графиконот не би можеле да ги остават рамнодушни граѓаните во земјава. Па така, во 2015 основицата за отплата вкупно би изнесувала околу 360 милиони евра. Слична е ситуацијата и во 2016 година, кога отплатата треба да биде околу 370 милиони евра. Највисок е столбот за 2017 година, за која основицата вкупно се доближува до границата од 400 милиони евра колку што би требало да се вратат во таа година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=93C8D16525221C409BEF40748770CF3B
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Затоа сега ќе создадат нови даноци,како например ако чуваш куче од поопасните раси мора да платиш 1800 денари ццц за да се вратат парите! Гарант нови даноци ни следуваат. ..
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Ризична стратегија на владава со кредитиве но не гледам ништо лошо да се вложат парите на пример во изградба на инфраструктура итн. но некако ми се чини дека добар дел не оди за тоа. СК-2014 настрана кој има и добри ефекти на пример за граджништвото, ја мислам дека голем дел од овие пари одат за плати и социални трансфери, дали има некој актуелни бројки? Не можев да најдам на брзина ништо. Да киниса економијата и да се множат инвестициите и со тоа да се намали невработеноста, под таков развој може да се парира на поголемото задолжувајне но ако не се деси тоа, некој ќе мора да го плати цехот, и како секојпат тоа ќе биде народот. Иначе клучно е овие пари да се искористат разумно пошто следните години ќе немаме можност за вложувајне на толку пари, тоа е јасно.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Затоа сега ќе создадат нови даноци,како например ако чуваш куче од поопасните раси мора да платиш 1800 денари ццц за да се вратат парите! Гарант нови даноци ни следуваат. ..
Капка во морето е данокот на миленици .
Може да ти стават 25 проценти данок па да се чешаме каде што не не чеша .
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Ризична стратегија на владава со кредитиве но не гледам ништо лошо да се вложат парите на пример во изградба на инфраструктура итн. но некако ми се чини дека добар дел не оди за тоа. СК-2014 настрана кој има и добри ефекти на пример за граджништвото, ја мислам дека голем дел од овие пари одат за плати и социални трансфери, дали има некој актуелни бројки? Не можев да најдам на брзина ништо. Да киниса економијата и да се множат инвестициите и со тоа да се намали невработеноста, под таков развој може да се парира на поголемото задолжувајне но ако не се деси тоа, некој ќе мора да го плати цехот, и како секојпат тоа ќе биде народот. Иначе клучно е овие пари да се искористат разумно пошто следните години ќе немаме можност за вложувајне на толку пари, тоа е јасно.
За пензии одат 350 милиони од буџет и 600 милиони од придонеси цирка окулу 1 милијада. Плати се окулу 500 милиони. Тековни трошоци 400 милиони. Субвенции 300 милиони. Капитални инвестиции вклучувајќи го и Скопје 2014 се само 350 милиони евра. 85% се плати, пензии, социјални трансвери, субвенции, стари долгови и тековно работење. Ако се минусира Скопје 2014 за реални капитални инвестици не е ни 10% од буџетот.
 
V

Vollstandig

Гостин
Oд 700 милиони евра, барем еден милион да се вложеше за нов воз. Ќе речевме “по по шо стори воз ни донесоа нов“.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Oд 700 милиони евра, барем еден милион да се вложеше за нов воз. Ќе речевме “по по шо стори воз ни донесоа нов“.
Има МЖ-Транспорт отворено надавка на мислам 4 воза и товарни вагони. Има и 2,5 милиони евра за реконструкција на Железничка Станица Скопје од некој европски фонд.
 
P

Princ

Гостин
Да не се заборават 100те милиони заем од домашен пазар од последниов месец само, молам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да не се заборават 100те милиони заем од домашен пазар од последниов месец само, молам.
100 земаа, 60 им доспеаа за враќање, 40 им останаа за зголемување на буџетот на Шител тв и анал5.
 
V

Vollstandig

Гостин
Има МЖ-Транспорт отворено надавка на мислам 4 воза и товарни вагони. Има и 2,5 милиони евра за реконструкција на Железничка Станица Скопје од некој европски фонд.
Не велам дека нема, само уште не се појавиле на дело.
 
P

Princ

Гостин
100 земаа, 60 им доспеаа за враќање, 40 им останаа за зголемување на буџетот на Шител тв и анал5.
Не знам на кои мислиш дека доспеале, јас зборам за педесет што ги земаа пред 15 дена (нешто после први мај мислам) и уште педесет што од денес почна да се збори дека ќе ги зимаат http://www.plusinfo.mk/vest/42993/Ministerstvoto-za-finansii-objavi-aukcija-za-zadolzhuvanje-so-5041-milioni-evra-so-poniski-kamati
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не знам на кои мислиш дека доспеале, јас зборам за педесет што ги земаа пред 15 дена (нешто после први мај мислам) и уште педесет што од денес почна да се збори дека ќе ги зимаат http://www.plusinfo.mk/vest/42993/Ministerstvoto-za-finansii-objavi-aukcija-za-zadolzhuvanje-so-5041-milioni-evra-so-poniski-kamati
Вчера слушав на тв, веќе ред не им се фаќа. Де дома, де надвор, грабај додека има. Ќе ги вратат парите туристите ти е гајле.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.328
Поени од реакции
26.278
Не знам на кои мислиш дека доспеале, јас зборам за педесет што ги земаа пред 15 дена (нешто после први мај мислам) и уште педесет што од денес почна да се збори дека ќе ги зимаат http://www.plusinfo.mk/vest/42993/Ministerstvoto-za-finansii-objavi-aukcija-za-zadolzhuvanje-so-5041-milioni-evra-so-poniski-kamati
Идејата зад ваквиот чекор е да им се остават повеќе пари на банките, како и да се поттикнат повеќе да го финансираат стопанството.
Земаат кредит со цел да им остават повеќе пари на банките. :pos:Ова исто како објаснувањето на Ставревски кои во Собрание се пофали дека новите задолжувања биле со цел да се презентираат новите финансиски механизми кои ги користело министерството, кои досега не биле употребувани. :vozbud:

Врв им се изговориве, ама на сите ни е јасно дека вака веќе не оди. Се надевам дека во буџетот за 2013 нема да проектираат раст.
 
P

Princ

Гостин
А јас се надевам до буџетот за 2013 година народот ќе престане да пасе трева и ќе ги исшутира и нив, а и било кој нареден што ќе вакви глупави и непромислени потези.
Пуста надеж...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.328
Поени од реакции
26.278
Варијантата дека ќе се опаметат ми изгледа повозможна...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom