- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.462
- Поени од реакции
- 5.881
Нина Нинеска-Фиданоска
Уште не стивнати реакциите за заемот кој Македонија го зема од Дојче банк во вредност од 250 милиони евра, од Вашингтон деновиве стигна вест за најавено ново задолжување, сега кај Светска банка, од 100 милиони долари.
![](http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/8CB5545B0752E14095DECD9E1555BE10.jpg)
Никола Поповски, професор и поранешен министер за финансии, неодамна изјави дека власта од година во година се' повеќе го зацртува економскиот безизлез на Македонија во иднина, и наместо да размислува како да го зголеми растот на БДП и да ја намали невработеноста, таа се задоволува со раст од еден до два отсто и со нови стотици милиони евра задолжување во странство. Џевдет Хајредини, исто така поранешен чувар на државната каса, прогнозира дека на долг рок ни претстојат тешки проблеми, во смисла на тоа како ќе се враќаат долговите. Според него, задолжувањата се прават за проекти кои нема да донесат раст на БДП, што значи дека нема да бидеме способни за враќање на долгот во иднина.
За повеќе:
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E23BF305A778B549A5807AA18B8E146E
РЕЗУЛТАТИ
- 8,4% ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА И МИНИМАЛЕН РАСТ ОД 3,3% ЛАНИ;
- 3% РАСТ НА БДП ЗА ЦЕЛА 2011 ГОДИНА, 0,2% РАСТ ВО ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ И НЕГАТИВЕН ПРВ КВАРТАЛ ВО 2012 ГОДИНА.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83529/ne-nor-mal-no!_700_milioni_evra_dolg,_za_ekonomski_rast_od_samo_3.aspx
Кој јунак ќе најде пари за враќање на долговите
Па така, од графиконот може да се види дека во 2012 година треба да се вратат околу 110 милиони евра, вкупно по основа на надворешниот и внатрешниот долг. Но, ситуацијата станува многу посериозна веќе во 2013, кога по основ на надворешниот и внатрешниот долг, вкупниот износ што треба да се врати е околу 290 милиони евра. Во 2014 вкупната основица за отплата е малку над 150 милиони евра.
И веќе од 2015 до 2018 година, столбовите на графиконот не би можеле да ги остават рамнодушни граѓаните во земјава. Па така, во 2015 основицата за отплата вкупно би изнесувала околу 360 милиони евра. Слична е ситуацијата и во 2016 година, кога отплатата треба да биде околу 370 милиони евра. Највисок е столбот за 2017 година, за која основицата вкупно се доближува до границата од 400 милиони евра колку што би требало да се вратат во таа година.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=93C8D16525221C409BEF40748770CF3B