Најнова вест:
RTL ја купува Канал 5?!
Германската телевизија за која се шпекулираше дека е заинтересирана за влез на македонскиот пазар, наводно преку купување на српската Пинк 15 ќе влезе на пазарот преку Канал 5
Германската телевизија
RTL
покажала интерес за купување на Канал 5, тврди
Капитал
. Според натписот во
Капитал
, германската телевизија за која се шпекулираше дека е заинтересирана за влез на македонскиот пазар, наводно преку купување на српската Пинк 15 ќе влезе на пазарот преку
Канал 5.
Телевизијата Канал 5, која е во сопственост на Емил Стојменов, минатата година имаше раст на профитот од неверојатни 372,5%. Податоците од Централниот регистар покажуваат дека Канал 5 во 2010 година имала профит од 310.000 евра и не била рангирана меѓу 200 најпрофитабилни, за веќе наредната 2011 година профитот да и се зголеми на 1,5 милиони евра.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=70292