Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Да бе! Ние Стружани по мајка да не сме дојдени?:icon_lol: Ах не можам да се сетам на неколку зборчиња што ме смееле... ај ако ми текне ќе ти пишам:icon_lol:
А и со таа самосталноста, без цитати да прашам. Јас живеам сама со години, дечко немам, газдарица сум и сама си плаќам се`, а и плаќам други луѓе да работаат за мене. Скопјанка ли сум?:vozbud:
80,3% Скопјанка + #влијателна, што е многу битно. Задоволително... :D
Е сега ако возиш и некој џип, имаш уште некои си +15% и има добри членови што ќе ти дадат уште некој процент, и таман ќе е. Скопјанка со тапија. :P:D

Инаку, утре ќе пишам на темава, ако не заборавам. Има многу за пишување, а сега ми се спие.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Shto ti e ma na tebe?
Neli gleas deka se zezam.

Tee Bog da cuva lugjevo po sabajle ke me iznerviraat :D
Ne se nerviraj Eleonor4e, you girly hardcore, you.:)

Он: Немам многу што да додадам, освен да се согласам со ова:
За мене провинција е карактерна особина а не географски одредиште.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
само што дојдовод работа,бев 3см. и ја читам расправијава
до каде отишла,односно забегала а темата е
Релација Провинција-Скопје
Сега само ќе се задржам на насловот т.с. стрикно за него

За Скопје (прво за него да кажам) провинција е: Ново село,Сарај,Волково,
Стајковци,Смилковци,Мралино,Кадино,Сопиште,Бразда,Глуво,Радишани.
Но за Скопје кое јас го познавам некогаш Автокоманда беше провинција или поточно почеток односно крај на градот.Тука беа касарните - авто единица главниот влез се уште стои,тоа е она „бетонско“над цвеќарата.
Синѓелич, Маџари или Козле беа далечни села.
На излет се одеше во: Кисела вода,Тасино чешмиче или Капиштец.Сега овие места не постојат како такви,некогаш беа надвор од градот.Тука околу нив беше празно,немаше куќи а сега е цел град над овие места.

Провинција не е Велес, Тетово или Куманово. Тие и другите градови си се сами за себе центри. Па затоа ни во однос на Скопје не се провинција.
За Велес може да е провинција: Тунелот или Превалец. Може и вака да се каже Порцеланка и Свилара се на или во провинција на Велес.
Башино село си е Башино село,иако најблиску е до Велес.Тоа не би го ставил во провинција.Затоа што и тоа си има своја провинција и центар.
Во овој случај сега на провинција на селото Башино село се повеќе објекти:отпади,бензиска пумпа,сервиси,произвоствени погони и сл. или и тука е крајот или почеток на селото,(а до пред 15 год беа ниви и лозја) дури и има и новоизградени куќи од жители на околни села:Кумарино,Новачани и др.( тие може да се наречат дојденци но никако провинцијалци, наспроти тукашните или староседелците.

Јас работам веќе 40 години. Во поголема компанија каде поминале неколку илјади работници.Првото прашање,при контакт,разговор или пак со понепознат или новопримен е: од каде си ?
Јас кажувам од Скопје, ја кажувам вистината, немам друг одговор.
Ама тоа тие другите не го очекуваат,дури осеќам им е чудно и веднаш уште едно прашање. А од кај си дојден ?
Јас се запрепастувам што да дговорам, а одговорот е ист. Скопје.
Но следува: а мајкати од каде, ај не лажи дури ќе употребат.
Јас веќе вџашен кажувам:кај ти се гробиштата од таму си.
Неверојатно но вистинито.Гробиштата на родителите на моите родители
се тука во Скопје, тогаш јас од каде сум.А и нивните се тука.
Признавам скоро и да не познавам некој во компанијата „тукашен“, сите се од некаде. Никогаш ама баш никогаш до сега овие 40 години не сум го употребил зборот провинцијалец,спрема никого. А сум кажал Кумановец
како е, што има ново.Ако треба ќе кажам Мариовец (што е и вистина) за
некој мој колега бидеиќи знам дека е од таму но не и провинцијалец.
Никогаш тоа мене ми е туѓо, тоа е сега измислено,така не беше порано.
Еве за оние жители во Стајковци или Мралино никогаш не сум чул ама баш ниеднаш да рекол некој провинцијалци, туку Паланчани.
Мене и на никого не му сметале или да не сме живееле со било кого од новодојдените или населените во Скопје.Па нив ги има и повеќе него ли нас,и тоа многу повеќе.Во градежните компании блиску се до 100% тие.
Кај мене преовладуват,прилепчани,кумановци,поречани и во поново време овие години велешани. (од кога ги затвирија таму фабриките)
Ако ги прашаш прилепчани, тие одговараат од Прилеп, а инаку се од:Ропотово,Мажучиште,Дебреште,Секирци,Слепче,Коњари,Св.Митрани.
Јас веднаш би кажал од: Воѓани, Бела Црква или Пашино Рувци односно точно од каде сум,не би се срамел.Пробајте прашајте дали во стотина паланчани еден ќе ви каже дека е од Подржикоњ,Мождивњак или Отља.
Е сега уште да одговориме кој е Скопјанец.Мора да има некој како мене.
Јас освен еден дом,два кауча и две парцели во Бутел немам друго.
А такви се повеќето од нас тукашни.И јас не ми дале да бирам од кај да бидам,од тука сум,од никаде а колку би сакал да бидам од некаде.
Па да и оној ќе го рачунам од Скопје што ќе дојде во 18 часот пред врата на воена болница, (само не е 8 септември ни Филип 2, ни гарнизонска)

Стварно незнам,од каде излегол овој збор: провинцијалец да се сега толку спомнува и употребува, а кога може на пр.Велешанец или дојден од Велес,населен тука и сл.Дури и од внатрешноста што е спомнато не би одговарало,значи ли тоа дека има и од надворешноста,или Скопје е некаде надвор, а Берово и Дебар се внатре (а знаеме колку внатре)
Да не сами си се нарекуват така, како во првиот пат во првата тема за исти овој проблем што се нарече „провинцијалец“ а сега се прекрстил.

За вработувањето во друга прилика, исто така ќе образложам.
Ќе биде многу интересно ви ветувам. Анчо од Скопје.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Морам да истакнам дека понекогаш ме фаќа срам што сум провинцијалка поради некои од провинцијалките таму. Посебно провинцијалките! Има милион примери кои одат таму со јасно зацртана цел - факс како хоби до брак. Плукам на таквите појави и не сакам ни да ги коментирам. Поради нив, Скопјаните на иста нивна фреквенција знаат да генерализираат, а во таквите генерализации нормално би влегла и јас. Одвратно.
Не дека ти реплицирам, туку кога спомна веќе, јас пак немам сретнато "провинцијалка" дојдена да се омажи овде. И како бе ќе се омажиш од Скопје дека е? Нели треба врска да има, ово-оно, некое време. Мисијата брак со скопјанец/скопјанка успева само ако има волја од двете страни.

Дури девојката со која што живеев врата до врата долги години, срце ми скрши и се врати дома во едно село близу Виница и си се омажи за дечкото со кого беше подолго време. Ни пропаднаа и утринските кафиња, и кафето во 12 со повикот од тераса (оти лепенка скоро ни беа) Невестооо ај на кафе :icon_lol: (ова заебанции беа, нели) Ни журка гледав, ни машки влези-излези ко што се праат муабети за "провинцијалки". А таа пак онака сељачки беше сатанизирана во нејзиното село. ШО?? У Скопје отишла.. господ знае шопрај таму...Или ако откачи нешто на скопски од навика нели, одма и се сскаа комшиите и роднините демек Скопјанска се праела. :tapp:
Кога отидов кај неа едно лето, срам ми беше да кажам од Скопје дека сум. :icon_lol:

Ти го зеде за пример единствениот град за кој јас знам каде треба да добиеш специјални дозволи за да живееш и купиш станбен простор. Имаше предлог пред некојлку години од некои "стари скопјани" и во скопје да се направи нешто слично но да се разбереме - Скопје не е Љубљана а Македонија во никој случај не е Словенија
Да. Во Љубљана не можеш да добиеш жителство скоро никако. Со Закон е регулирана границата на жители.

Ама па и не можеш да ја споредиш Словенија со Македонија. Струја, асфалтирани патишта, вода чиста и исправна и до најзатуцаните села, поврзаност со поголемите гратчиња, повисокиот стандард си го прави своето. Зошто побогу некој од Мрибор би сакал да иде и да живее во Љубљана кога се си има во својот град? И Универзитети, и работа, и пари и безбедност секојден да оди во Љубљана ако му се сака...

Додека некој си ја градеше Републиката од помалите се цицаше и си останавме исцедени и во џебот и во изгледот, од мозокот сами си цицаме.
Ама јас ко што гледам на темава не им се проблем семејствата што се преселуваат (ако се преселат нели) туку студентите/ средношколците што живеат привремено.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Четири сопки. До јаја мазохистче.
Тоа што ти пробуваш во твојата френетична самобендисаност да го спинуваш е токму твојата неспособност на прво место да ПРОЧИТАШ пост, потоа да разликуваш кога некој напишал "зборува" а не "пишува", за на крај да го браниш тој игнорамус ексцесус максимус со моронска претпоставка дека кој пишува разделно, тој и говори разделно(со паузи).
Последната дефанзива беше таа дека постоел и правопис и правоговор. Оваа твое сознание ме изненади и се сомневам дека го имаш гуглано.
И зошто така пуфларски удираш на крај, со нови, свежи претпоставки, налик тие за разделно говорење( :icon_lol: ) за мали курови или шотијазнам? И од таа патолошка болест ли патиш? Да им ги видиш и пробаш на сите? Во тој случај признавам дека за тебе можно е да ми е мал. Кај можам јас со кенијци и нигеријци, познатите таргет групи на скопските би-поларни пуфли кои сакаат нешто со 25+ сантима. А нашиве сироти млади македончиња ги оставаат во очај. Да се пукаат. Со пиштол. Во глава. ;)
Тонеш пријател, откажи се.

глеј само што упорно кажуваш:
напишал "зборува" а не "пишува"
Не ти звучи ова бесмислено. незнам како продужија да ти одговараат после ова, не ни продужив да читам надоле.

Зборуваш за литература а не знаеш правопис?:confused:
Па што е литература?
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Па ете - генерализациите од типот скопјанки се скапи проститутки, парталки, искомплексирани оти од Скопје биле (how yes no, кога ќе кажам дека сум од Скопје, се осеќам како од Њу Јорк да сум (y) ) неспособни да се грижиме за себе сме биле, дечковците наши ни биле daddy, абе мислиш мед и млеко ни тече, ние само одмараме цел ден и јадеме трици за ,,провинцијалците,,.
Половина од тие работи ги напиша Сусаро ама вие се запаливте на другиот поголемиот дел каде пишува како секоја од провинција дооди да се омажи за скопјанец. Што не му реплицираш на него за тоа што го напиша туку се попали пред компјутерот кога го читаше неговиот пост и тоа не го примети и си велеше во себе ете така плесни им во фаца. Тоа што везилка видела 4-5 хипстерки и одма удри на генерализација ти и џезебел веднаш кренавте во напад исто со непотребни генерализации како немој покуси да останете.

Јас разбирам дека до неодамна Скопје нудеше најдобри услови за студирање (во поглед на видовите на студии) и повеќе не е изговор ,,таков факултет нема во моја близина,,. Се разбира, ако е поспецифичен факултетот, ова не важи. Не знам, имаше муабет ,,квалитет на студиите,,. Ќе научиш колку што сакаш да научиш, без оглед на кој факултет си. Јас студирам на релативно неквалитетен факултет, па во многу дискусии сум дошла до сознание дека знам повеќе од многу мои колеги од ,,поквалитетен факултет,,.
Јас како што знам има голем број на студенти во Штип,Кочани(правен),Битола, нешто во Охрид,Прилеп,Струмица. По останатите градови, дисперзираните студии им беа тотален промашај. А и неможе мене некој да ми приговара зашто студирам на факлутет во Скопје , а не на некој дисперзирани студии зашто тоа е мое право каде сакам да студирам. И во двор нека ми е факултетот, ако сакам ќе се запишам во Скопје/Охрид/Тетово/Битола тоа е мое право. Исто како и тоа каде да живеам. Ако на некој му смета мојот дијалект јас немам вперено пиштол на него да се дружи со мене и да ме слуша, зашто никогаш не ми е сметало дијалект кој не разбирам неколку зборови и така и очекувам да се однесуваат со мене.


И да не е овој форум ќе мислев дека нема вакви смотани поделби и размислувања на оваа тема. Или е тоа или пак колегите/пријателите од Скопје ова не ми го зборуваат во очи. Ама после 4 години не ми се верува дека е второто. Али пред компјутер секој е моќен да хејта све.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Тонеш пријател, откажи се.

глеј само што упорно кажуваш:

Не ти звучи ова бесмислено. незнам како продужија да ти одговараат после ова, не ни продужив да читам надоле.

Зборуваш за литература а не знаеш правопис?:confused:
Па што е литература?
Значи и ти мислиш дека тој кој пишува разделно и говори разделно? ОК. :)
Јас за тоа првично се побунив. Требало убаво да прочиташ.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Главен град во било која држава преовладаат луѓе кои не се жители на главниот град.
Не ја тупете со ова, аман...

Плус, Скопјево метрополиште некое па да се тепаат да дојдат тука, чумки у Токио си. Поутепана ствар од скопски кремци у комбинација со провиниска сељачанаа нема на светов...мајке ми.

После тоа се создаваат хибрид сељаци, па ќе видиш скопјанец со црвени обрафчиња и слично.

Матер у цицка идам да гледам голи жени...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Значи и ти мислиш дека тој кој пишува разделно и говори разделно? ОК. :)
Јас за тоа првично се побунив. Требало убаво да прочиташ.
Јас зборувам за литература, ти за акцентирање.
Џабе се фрли во критики кои нити се оснавани нити имаат смисла.

Ние Велешани зборуваме нај литературно
Ова за тебе е во ред?
Ова ти е реторичко прашање, го знаеме одговорот.

Критиките на Jezebel се можеби премногу педантни на место каде г******* е комплимент.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Ова за тебе е во ред?
Ова ти е реторичко прашање, го знаеме одговорот.

Критиките на Jezebel се можеби премногу педантни на место каде г******* е комплимент.
Ако е реторичко прашање и го знаеш одговорот, тогаш дозволи ми да го оправдам.
Постот, коментарот или што и да е, не е во ред. Инаетлив е и провокаторски. На такви постови не одговарам, затоа што се ефтини. За сметка на тоа, кога некој реплицира на таков пост и си придава елоквенција и познавање на јазикот во пишана и говорна форма, тогаш очекувам тој некој да знае да направи дистинкција на тоа што е напишано во цитатот. А во цитатот беше кажано дека велешани зборуваат најлитературно. Или нај литературно. Значи-зборуваат, говорат. И тоа е точно. Ако е напишано разделно, таквата претпоставка дека и разделно би било кажано е, во најмала рака, идиотска.

Продолжија.

Продолжив.

Зборуваш за литература а не знаеш правопис?
Да бев ситничар како Jezebel, од старт ќе ти ги цитирав "продужетоците". Ова беше под присила, за да повлечеме два заклучоци.
-Дека е можно некој во брзање да згреши при пишување пост и да утне во терминологија, интерпункција или контекст.
-Дека ситничарењето врз такви грешки и обвинувањето дека тие се пренесуваат и во говорењето е на место, што во случајот со велешкиот дијалект не е точно. Во скопскиот знае да биде. Дури и тренд стана.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Ако е реторичко прашање и го знаеш одговорот, тогаш дозволи ми да го оправдам.
Постот, коментарот или што и да е, не е во ред. Инаетлив е и провокаторски. На такви постови не одговарам, затоа што се ефтини. За сметка на тоа, кога некој реплицира на таков пост и си придава елоквенција и познавање на јазикот во пишана и говорна форма, тогаш очекувам тој некој да знае да направи дистинкција на тоа што е напишано во цитатот. А во цитатот беше кажано дека велешани зборуваат најлитературно. Или нај литературно. Значи-зборуваат, говорат. И тоа е точно. Ако е напишано разделно, таквата претпоставка дека и разделно би било кажано е, во најмала рака, идиотска.



Продолжија.



Продолжив.



Да бев ситничар како Jezebel, од старт ќе ти ги цитирав "продужетоците". Ова беше под присила, за да повлечеме два заклучоци.
-Дека е можно некој во брзање да згреши при пишување пост и да утне во терминологија, интерпункција или контекст.
-Дека ситничарењето врз такви грешки и обвинувањето дека тие се пренесуваат и во говорењето е на место, што во случајот со велешкиот дијалект не е точно. Во скопскиот знае да биде. Дури и тренд стана.
Што пробуваш да докажеш? Безвезе ти е муабетов.
Еве ти една домашна задача. Научи што е литература, акцентирање, дијалект и сленг.
Знаеш и ти дека не си во право а продолжуваш да верглаш.

Ако ти одговорам уште еднаш ќе ме банираат.
--- надополнето: 16 мај 2012 во 12:01 ---
Why dont you lot spread the sex instead?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom