Прашање по Хемија

  • Креатор на темата Креатор на темата WildChild
  • Време на започнување Време на започнување
-Супстанци, поделба, физ и хем.својства
-Закони на Лавоазје и Пруст
-Мол, моларна маса
-Да пресметуваш: моларна маса, масен и количински удел
-хемиски симболи, формули, равенки(примери)
-Определување на валентност на елемент во дадена формула
-Атомски број, масен број, изотопи, изобари(примери)
-Квантни броеви(4) дефинирање и вредности
-Принцип на Паули и Хундово правило
-Атомски орбитали, електронска конфигурација до 20ти елемент
-Јон(катјон, анјон), јонска и ковалентна врска со пример
-Да се објаснува структурата на периодниот систем
-Класи на s,p и d елементи(дефинирање и место во пер.систем)
-Јонизациона енергија, електронегативност(дефиниции и промени по групи и периоди)
-Валентни електрони
-Оксиди, киселини, хидроксиди, соли(поделба, свој стил, примери)
-Оксиди(Амфотерни..., киселини, базни, неутрални) Примери, дефиниции, имиња
-Киселини(кислородни и бескислородни со примери и имиња
-Хидроксиди/соли (хидроген, хидроксид, нормални, двојни) Примери и имиња
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Атомска орбитала е дел од просторот каде што постои најголема веројатност да се најде електронот. Во тој дел од просторот квадратот од брановата функција по просторните координати (густина на веројатност) има најголема вредност.
Атомски број - број на протони во јадрото на соодветен елемент
Масен број - збир на протони и неутрони во јадрото од соодветен елемент.
Изотопи, елементи со ист атомски (реден) број, а различен масен број.
Изобари, елементи со ист масен, а различен атомски број.
Катјон ти е позитивно наелектризиран јон.
Анјон негативно наелектризиран јон.
Јонска врска е врска која настанува со електростатско привлекување на јони со спротивен полнеж. Зависи од Јонските радиуси на соодветните јони. Пример: NaCl, CaF2 ...
Ковалентна врска настанува со формирање на заеднички електроснки пар помегу 2 атоми, пример: CH4, NH3...
Валентни електрони се оние електрони кои се наоѓаат во последното енергетско ниво, овие електрони учествуваат во формирање на врската.
Енергија на јонизација е потребна енергија која треба да му се приложи на атомот за да од него се избие електрон од последниот енергетски слој. Кај алкалните и земноалкалните елеметни, енергијата на јонизација опаѓа одејќи од горе надолу по група.
Принцип на Паули, во една орбитала не може да се најдат 2 електрона со исти вредности за четирите квантни броеви, кога 2 електрона потполнуваат орбитала, тие МОРА да бидат со спротивни спинови.
Хундово правило, дегенерираните орбитали (тоа се орбитали кои се исти по енергија) се потполнуваат на тој начин што секоја орбитала се потполнува по еден електрон, а потоа со по уште еден.
Квантни броеви:
1.Главен квантен број се означува со n, ја дава големината на атомската орбитала.
2.Орбитален квантен број, се означува со l, го дава обликот на атомската орбитала.
3.Магнетен квантен број, се означува со ml, ја дава просторната ориентација на орбиталата. (во одсуство на надворешно магнетно и електрично поле)
4.Спински квантен број, се означува со ms, дава информации за насоката на ротација на електронот во насака на стрелките од часовникот и обратно.
Спинскиот квантен број е воведен отпосле, за да може да се оправда принципот на Паули, иако Шредингеровата равенка не знае за спински квантен број.

Овие што ти ги пишав ми изгледаа малку потешки па ти ги одговорив, инаку другите се ептен лесни, незнам по која книга учите, но сепак ако не ги најдеш во книгата, имаш еден куп на интернет.
 
Ти благодарам многу :)
 
Абе сум бил и ја мрза, не ми биле сите петки. Али ова, не зезај, отвараш учебник и ги наоѓаш прашањава. Али знам, каква хемија, не дупи, CS си е CS. Којзнае што бот генерации ќе искочат од вас, изглеа сите ќе бидете професионални бета тестери за WOW, LOL, HON, итн..
 
:facepalm: Лелел не ми се верува дека некој се труди да ги одговори прашањата...алоо бе,земи отвори книга,не замарај луѓе(n)
 
ете некој се понудил да ми помогне, не се сите како тебе има и добри луѓе што сакаат на некој да помогнат
 
А што ти прави разлика ако читаш од книга??:pos:Истото го имаш...мислам не ми е јасно зошто е отворена темава..па уште во наука и технологија???
 
Па неможам све да најдам у книга, и нема примери за некои прашања па затоа тука пишав :tapp:
 
Добро е кога има желба да научи, а не да прати некој да му ургира за 2ка. :)
Ако имаш нешто нејасно пиши...
 
Абе дечиња земите учите,...
Да ви препорачам добро книџе по хемија аку?

Потсетник по Хемија од Пена Соколоска
Има и збирка задачи
 
Наброј 3 кетонски тела?

- ацетон, ________, __________ ?
Кетони или кетонски тела? Кетонските тела се продукт од азотниот метаболизам.
Ако е кетони тогаш:
-ацетон (диметил кетон), ацетофенон, бензофенон, хексан-3-он и ткн.
 
Кетонски тела.

На листот ми пишува ацетон, ацетоацетат и Бета хидрокси бутерил, ама не сум сигурен....
 
Според ова што го напиша се мисли на кетонски тела, пошто тие што ги наброја се кетонски тела.
--- надополнето: 20 август 2012 во 19:47 ---
Пардон, кетонските тела се продукти од метаболизмот на вишите масни киселини, учам тука нешто слично па тоа ми е у глава и сум пишал азотен метаболизам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom