Прашање по Хемија

  • Креатор на темата Креатор на темата WildChild
  • Време на започнување Време на започнување
Продукти на гликонеогенеза?

Гликонеогенезата е процес на создавање шеќер наменет за катаболички реакции, кој се одвива во црниот дроб и бубрезите со помош на не-јагленохидратни молекули (аминокиселини, триглицериди, глицерол). Во процесот, макромолекулите се разложуваат на гликозни мономерни единици, за потоа да се створи ATP (аденозин трифосфат - комплексно хемиско соединение што се формира со енергијата ослободена од храната и се наоѓа во сите клетки, особено во мускулните)
Значи, краен продукт на гликонеогенеза се шеќери, односно гликоза.

Едит: http://mk.wikipedia.org/wiki/Глуконеогенеза ....
 
Продукти на гликонеогенеза?
Се вика глуконеогенеза. :) Тоа ти е обратен процес од гликолизата, со измена на 3 чекори и слично. Главниот продукт на глуконеогенезата е глукозата.
Но освен неа може да се синтетизираат и дисахариди, гликоген, скроб некои глукопротеини и слично.
 
Формула на 2,3,5-триметил-4-хлоро-4-бромоундекан ?
 
Дали некој може да ми каже Зошто масата на протонот(1.6726х10-27ма) е нешто на помала од масата на неутронот(1.6749х10-27ма)?!

Прашањево ми е за 10 поени, значи навистина битно ако некој го знае нека пиши, ќе бидам благодарен!
 
Разликата во масата се должи на структурата на честичките.
Основната структура на неутронот се состои од три кварка, еден горен и два долни.
И протонот е составен од три кварка; два горни и еден долен.
Горен и долен кварк не е исто бидејќи постои разлика во нивниот полнеж и маса.
Кварковите можат да се комбинираат во протони, неутрони и многу други честички. Нивното комбинирање има голем ефект врз масата на добиената честичка.
Следствено, заради масата на кварковите и начинот на нивното поврзување, неутронот има поголема маса од протонот.

Кварк - Елементарна честичка, градбена единка на материјата.
Кваркот е градбена единка на сите мезони и бариони (како што се протоните и неутроните, за кои се потребни само горни и долни кваркови од постоечките 6 типа на кваркови.)
 
Следствено, заради масата на кварковите и начинот на нивното поврзување, неутронот има поголема маса од протонот.

Ако не се лажам масата на горните и долните кваркови е еднаква, напоредно на тоа безразлика дали во едниот случај имаме 2 горни 1 долен, а во другиот 2 долни и 1 горен, тие (протонот и неутронот) би имале исти маси, исто разбирливо и логично е да при нивното сврзување настанат некои модификации, кои ќе доведат до ‘минимални‘ промени во нивната маса, но што точно се случува во тој процес на сврзување и како неутронот ја добива таа поголема маса од протонската.

Прибидејќи станува збор за испит, можно е(најверојатно) да добијам вакво под прашање, искрено, не верувам дека проф. ќе се задоволи со само ваква груба проценка.

Ти благодарам премногу за веќе даденото објаснение, кое да бидам искрен не го знаев(не ни знаев дека постојат вакви елементарни честички на веќе ‘елементарните‘ делови од атомот).
 
Не си ме цитирал, не ми стигна нотификација -.-

Еве тетка Вики што вика за масата на кварковите:
Up.....................1.7 to 3.1 MeV/c2
Down................4.1 to 5.7 MeV/c2

Долните кваркови имаат нешто поголема маса од горните, а пошо неутронот има два долни за разлика од протонот што има само еден, неговата маса е поголема :)
Ова ти држи вода за на испит ја мислам!
 
Секоја чест за тебе и за ‘тетка Вики‘ :)
Со овој податок имам доволно цврст доказ (барем јас се надевам дека имам) за разликата на масата помеѓу протоните и неутроните.
Благодарност уште еднаш

П.С. ако земам 10-ка честам кафе хехе
 
Имаш, прво појасни ги кварковите, кажи ја масата на горните и долните, објасни во кој честичка по колку кваркови од двата вида има and you're good to go! :)
Иначе ова ти го одговорив со 10 минути гуглање :) Тry harder next time.. Чисто онака :)
И, да си стоиш на зборот. :)
Со среќа!
 
Сашо, незнам што предмет полагаш.

Едно од објаснувањата е ова со кварковите, друго вклучува еквилибриум на распад, трето е поврзано со јаките и слабите интеракции на нивото на јадрото и слично. Ама мислам дека ова првово е сосема доволно.

И со ова прашање повеќе се занимава физиката, скоро сите реакции во хемијата се одвиваат со учество на електроните, само еден мал дел - радиохемија се занимава со јадрото. :icon_mrgr:
 
-Сепак испадна дека не е доволно, професорот бара друг дел за објаснување на оваа појава, потпирајќи се на овој со кварковите како почетен, но не и доволен :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom