Кој е Бог?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па објавено ти е во сите Божји книги, за Џеннет и Џехеннем. Па знаеме дека тие постојат. Па кога ми рече дека џеннемот и мене че ме чекал, сигурно веруваш во тоа дека постои. Па како можеш да му речеш на некој дека нешто че го чека ако не веруваш за истото дека постои??? Атеист колку и да се криеш и да кажуваш дека не веруваш знај дека ќе се сплеткаш.
Ти веќе си сплеткан и тоа дебело пријател.
Прво тврдиш дека куранот е сведок дека бог постои, а потоа тврдиш дека бог го напишал куранот. Циркуларна логика..... Не можеш со тоа да докажеш. Тебе џенемот ќе те чека оти ти веруваш во него, јас не верувам. А од знаење си далеку....
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72

Бог постои а тоа е наведено во Куранот, цитатите кој се наведени во Куранот се од Бог, а Бог во нив наведува дека постои. Пак велиш дека џенемот ќе ме чекал мене, па како знаеш дека ќе ме чека кога не веруваш? Ти веруваш дека постои но сега не знаеш да се искажеш. Тогаш молчењето е најдобро. Па дали мислиш дека твоиве зборови кој ги пренесуваш се ЗНАЕЊЕ??? Да би имал барем 0.1% знаење ќе веруваше во оној кој те создал, кој ти надарил ум. Но за жал ти тој ум не го користиш.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Бог е над материјалниот свет, над се што е опипливо и што може да се види со око (како на пример, природните броеви (1, 2, 3...)). Природните броеви не можеме да допираме, да ги видиме, но можеме за нив да мислиме, и исто можиме да ги дефинираме. Но би рекол дека Бог е дури и над светот на мислите, над светот на разумот, над светот на целата игра со дефиниции, анализирања, докажувања, итн (како можеби на пример, our sense of being alive, на пр. кога некогаш се 'чувствуваме' исклучително живи, присутни, иако тоа не е чувство, туку едноставно aliveness на некој начин). Исто како што природните броеви неможеме да ги допираме и е бесполезно да се трудиме да ги допираме, така и Бог не можеме да го дефинираме и е бесполезно да се трудиме да го дефинираме. Убавината на природните броеви е во тоа што можеме да мислиме на нив (а не да се трудиме да ги допираме), и аналогно убавината на Бог е во тоа што можеме да бидеме живи и присутни заедно со Него (кој претставува се), (а не да се трудиме да го дефинираме). Бидејќи на крај и краишта најголемата среќа во нашиот живот е кога се чувствуваме и сме поврзани со некого или нешто и сме исклучително живи и свесни во тие моменти. Исто би го поставил прашањето, зошто да се трудиме да го дефинираме Бог? Што од тоа? Еве да речеме дека сме го дефинирале, и што? Ќе направиме теорија околу дефиницијата. И подоцна цела теорија ќе ја сфатиме со разумот. Можеби ќе ни одговори на некои прашања од типот 'од каде сме и каде одиме'. И ќе си ја задоволиме радозналоста, и толку (вакви теории мислам има многу). Али животот продолжува, нови денови идат, повторно треба да си ги работиме работите во животот, повторно нешто старо нешто ново се случува. И со тек на време мислам дека ќе почнеме да се сомневаме во вистинитоста на нашата теорија, и повторно ќе почнеме да се прашуваме од каде сме и каде одиме, и ќе бараме нови одговори и повторно (свесно или потсвесно) ќе се обидуваме да го најдеме Бог. Мислам дека никоја теорија неможе целосно да не задоволи, нас ни треба нешто над-теорија што ќе може повеќе или потполно да не задоволи. А и во суштина, што е тоа теорија: тоа е една толку глупава, лесна и проста работа, еден склоп на дефиниции и логични заклучоци, која може да се научи за некое време и после да се положи на испит. Во животот има многу потешки работи од теоретизирање, некогаш сме ставени во потешки ситуации него во ситуацијата да се трудиме да го дефинираме Бог, и таквите ситуации ни се случуваат со причина, која според мене е, да се усовршиме како битие, со цел да бидеме силни и слободни, да бидеме "над" работите кои ни се случуваат, да добиеме реална слика за животот и себе си. Тоа е многу повеќе од теорија. А врховната цел е себеспознание, конечно спознавање на вистинската реалност што постои.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Бог постои а тоа е наведено во Куранот, цитатите кој се наведени во Куранот се од Бог, а Бог во нив наведува дека постои. Пак велиш дека џенемот ќе ме чекал мене, па како знаеш дека ќе ме чека кога не веруваш? Ти веруваш дека постои но сега не знаеш да се искажеш. Тогаш молчењето е најдобро. Па дали мислиш дека твоиве зборови кој ги пренесуваш се ЗНАЕЊЕ??? Да би имал барем 0.1% знаење ќе веруваше во оној кој те создал, кој ти надарил ум. Но за жал ти тој ум не го користиш.
Момче, да го користеше ти мозокот ќе прочиташе што пишав, не да верглаш една те иста работа по 100 пати а ништо да не кажеш, доказ дека бог постои е светата книга, а светата книга ја напишал бог. Како не бе. Твоите убедувања не се никаков доказ.
А за знаењето ај прочитај уште еднаш што реков, ни за читање не те бива не па за користење ум. Јас никаде не реков дека знам.
 
Член од
7 март 2012
Мислења
296
Поени од реакции
55
Bog ima 99 iminja :)
22.on e Allah! nema drug bog osven nego.
znalec na vidlivoto i nevidlivoto. on e milostiv i somilosen.
23. on e Allah! nema drug bog osven nego! Vladatar, Svet.
spasitel,miroljubiv, zashtitnik,silen mokjen, gord! slaven neka e Allah visoko nad ona sto mu podmetnuvaat.
24. on e Allah! sozdatel, tvoritel, oblikuvac! najubavite iminja se negovi. nego go slavi se sto e na neboto i vo zemjata.
on e silen i mudar. (Kuran 60) eve go bog kako se opisuva vo svetiot Kuran vredi da se slusa http://www.youtube.com/watch?v=qliyOXPRyuU
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Во животот има многу потешки работи од теоретизирање, некогаш сме ставени во потешки ситуации него во ситуацијата да се трудиме да го дефинираме Бог, и таквите ситуации ни се случуваат со причина, која според мене е, да се усовршиме како битие, со цел да бидеме силни и слободни, да бидеме "над" работите кои ни се случуваат, да добиеме реална слика за животот и себе си. Тоа е многу повеќе од теорија. А врховната цел е себеспознание, конечно спознавање на вистинската реалност што постои.
Пеќи...... Зошто тогаш религиите (сите досега и живи и мртви) се трудат да ни донесат некаква си дефиниција за ваков или онаков бог? Зошто потребата да се даде „некава си“ дефиниција. Или се лежи во желбата за моќ и пари.

П.С. Болдот ти е одличен, но некако не ми оди заедно со бог.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А ти имаш доказ дека не ја напишал?
Негативно тврдење не се докажува. Товарот, бремето на докажување го има оној кој го тврди постоењето или вистинитоста на одреден исказ.
Ако јас тврдам дека имам во кутивчево 10000000 евра а ти тврдиш дека нема, кој треба да докажува??
--- надополнето: 14 мај 2012 во 18:33 ---
na ateistite da im kazes deka edna kukja od nisto se gradela taka sama nisto nikoj ne cepkase. ke ti rece ti glupav li si?
a oni zaboravaat deka cel univerzum nastanalo od nisto :) barem oni taka mislat ;)
Грешка си. Никој Атеист не мисли дека настанало од „Ништо“. Тоа тврдење дека од ништо настанало е на верниците. Тие тврдат дека од ништо бог направил се.
 
Член од
7 март 2012
Мислења
296
Поени од реакции
55
Негативно тврдење не се докажува. Товарот, бремето на докажување го има оној кој го тврди постоењето или вистинитоста на одреден исказ.
Ако јас тврдам дека имам во кутивчево 10000000 евра а ти тврдиш дека нема, кој треба да докажува??
--- надополнето: 14 мај 2012 во 18:33 ---

Грешка си. Никој Атеист не мисли дека настанало од „Ништо“. Тоа тврдење дека од ништо настанало е на верниците. Тие тврдат дека од ништо бог направил се.
dobro vie sto mislite od sto nastanalo ? samo gospod moze da napravi od nisto seshto :)zatoa od nisto e sozdadeno se toa e potvrdeno od naukata.
no ova od nisto ima znacenje od gospod od negovata mokj. moze i ti treba da sledis eden od ovie http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_converts_to_Islam_from_Atheism
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
dobro vie sto mislite od sto nastanalo ? samo gospod moze da napravi od nisto seshto :)zatoa od nisto e sozdadeno se toa e potvrdeno od naukata.
no ova od nisto ima znacenje od gospod od negovata mokj. moze i ti treba da sledis eden od ovie http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_converts_to_Islam_from_Atheism
А ти што мислиш, ако се мора да има творец, тогаш бог кој го создаде? Од „апсолутно ништо“ никој па ни бог не може да направи нешто.
Да да од утре почнувам да следам еден од тие.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Момче, да го користеше ти мозокот ќе прочиташе што пишав, не да верглаш една те иста работа по 100 пати а ништо да не кажеш, доказ дека бог постои е светата книга, а светата книга ја напишал бог. Како не бе. Твоите убедувања не се никаков доказ.
А за знаењето ај прочитај уште еднаш што реков, ни за читање не те бива не па за користење ум. Јас никаде не реков дека знам.
Знам дека ништо не знаеш, па за тоа не можеш да сватиш/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom