Бог е над материјалниот свет, над се што е опипливо и што може да се види со око (како на пример, природните броеви (1, 2, 3...)). Природните броеви не можеме да допираме, да ги видиме, но можеме за нив да мислиме, и исто можиме да ги дефинираме. Но би рекол дека Бог е дури и над светот на мислите, над светот на разумот, над светот на целата игра со дефиниции, анализирања, докажувања, итн (како можеби на пример, our sense of being alive, на пр. кога некогаш се 'чувствуваме' исклучително живи, присутни, иако тоа не е чувство, туку едноставно aliveness на некој начин). Исто како што природните броеви неможеме да ги допираме и е бесполезно да се трудиме да ги допираме, така и Бог не можеме да го дефинираме и е бесполезно да се трудиме да го дефинираме. Убавината на природните броеви е во тоа што можеме да мислиме на нив (а не да се трудиме да ги допираме), и аналогно убавината на Бог е во тоа што можеме да бидеме живи и присутни заедно со Него (кој претставува се), (а не да се трудиме да го дефинираме). Бидејќи на крај и краишта најголемата среќа во нашиот живот е кога се чувствуваме и сме поврзани со некого или нешто и сме исклучително живи и свесни во тие моменти. Исто би го поставил прашањето, зошто да се трудиме да го дефинираме Бог? Што од тоа? Еве да речеме дека сме го дефинирале, и што? Ќе направиме теорија околу дефиницијата. И подоцна цела теорија ќе ја сфатиме со разумот. Можеби ќе ни одговори на некои прашања од типот 'од каде сме и каде одиме'. И ќе си ја задоволиме радозналоста, и толку (вакви теории мислам има многу). Али животот продолжува, нови денови идат, повторно треба да си ги работиме работите во животот, повторно нешто старо нешто ново се случува. И со тек на време мислам дека ќе почнеме да се сомневаме во вистинитоста на нашата теорија, и повторно ќе почнеме да се прашуваме од каде сме и каде одиме, и ќе бараме нови одговори и повторно (свесно или потсвесно) ќе се обидуваме да го најдеме Бог. Мислам дека никоја теорија неможе целосно да не задоволи, нас ни треба нешто над-теорија што ќе може повеќе или потполно да не задоволи. А и во суштина, што е тоа теорија: тоа е една толку глупава, лесна и проста работа, еден склоп на дефиниции и логични заклучоци, која може да се научи за некое време и после да се положи на испит. Во животот има многу потешки работи од теоретизирање, некогаш сме ставени во потешки ситуации него во ситуацијата да се трудиме да го дефинираме Бог, и таквите ситуации ни се случуваат со причина, која според мене е, да се усовршиме како битие, со цел да бидеме силни и слободни, да бидеме "над" работите кои ни се случуваат, да добиеме реална слика за животот и себе си. Тоа е многу повеќе од теорија. А врховната цел е себеспознание, конечно спознавање на вистинската реалност што постои.