Овие што убија невини деца нема да добјат ништо друго освен пекол. Ама тие си убија за својата нација а не за верата како што се наметнува. Да беа од некоја терористичка организација немаше да чекаат да дојде министерката и да ги фати, туку самите ќе објавеа исто како што тоа го прават сите терористички групи. Кога ги апсеа ја не видов ништо шо би асоцирало на исламски радикали освен албански знамиња и ознаки на учк. Ама тоа е политика и да ја оставиме на политичарите.
Е сега тоа шо ти сакаш да дознаеш дали таму на тој свет за нас муслиманите ќе има 72 девици,тоа не може никој точно да ти го одговори. Ќе мора првин да видам кај ќе ме сместат па после ќе ти јавам
.
За тоа каурски празник или каури, немој да се лутиш. Такви погрдни зборови се кажувале и ќе се кажуваат на овој балкан. Исто како клетите Албанци и турци во македонските песни, и зборот каури лошо звучи ама никого не утепал. На крај на краиштата каур е човек кој не верува во ништо, а христијаните сепак веруваат.
--- надополнето: 13 мај 2012 во 22:03 ---
А со што тоа е “споено„ небото за универзумот? Да не има гипс картон помеѓу нив?
Што се однесува до животот. Тој ако од вода не е создаден, без вода ќе умре. Се што е живо на оваа планета во себе има вода. Што е тоа толку нејасно? И како тоа во многу претходни дискусии многумина од вас зборуваат дека куранот е копија на Библијата а сега ја порекнуваат таа копија? Изгледа не е се копирано тука а? Изгледа има нешто поинакво? Тука се зборува , за небо, звезди, вода, семе од кое настанал човекот.Да, се зборува за многу работи и вие едноставно треба да си прочитате па да видите што е во ред а што не. Ама ви смета шо не е јасно, шо не пишува сперма наместо семе,или шо не пишува вселена наместо небо. Ајде де, демек во тоа време народот знаел што е вселена, што се планети и сл. Па до 16 ти век црквата палела луѓе кои ќе кажеле дека земјата е округла а вие сакате во книга која е напишана многу пред тоа да пишува детално за работите за кои пак ни Мухамед, ни Архимед ни сите светски познати “фаци„ во тоа време ништо не знаеле. Да не случајно требало да напишат аминокиселини за да ве уверат дека се работи за точно претскажување. Е штета шо тогаш пророкот не знаел за аминокиселините инаку сигурно тој термин ќе го вметнел во книгата.Еве ја за разлика од другите муслимани на форумов ќе ви препорачам да земете и да си прочитате, затоа што вам никој не може да ви даде одговор таков каков што вие сакате. Шо и да ви се каже не ви е по мерак. И остај шо не ви е по мерак, па сакате и на нас да не ни е. Шо е сега да не сакате да не спасите од нешто?