Честито титула на Федерер али според мене Бердих играше подобро, особено во првиот сет и до средина на вториот. Бердих загуби поради физичката исцрпеност, едноставно не можат ни он ни Раонич ни Иснер да издржат такво темпо на игра со првите тројца на свет. У прв сет буквално го здроби, какви винери маваше, едноставно како машина изгледаше, го избуши. Ама тоа е данокот кој го плаќаат тенисерите кои негуваат таков стил на игра, ако не го завршат мечот во два сета во третиот под дифолт имаат проблеми бидејќи маваат рамно, без спин, за разлика од Надал или Ѓоковиќ и кога се мава рамно доста сила се употребува. Како и да е Бердих покажа дека е во страшна форма, не знам на поспорава земја до кај ќе иде али мислам дека и во Рим ќе догура далеку.