Toa e ствар на вкус, мене не пример не ми се допаѓа физичка игра, нити форсирање на една иста тактика со години, него ја преферирам техниката - елеганцијата, разновидноста и прилагодувањето на разни подлоги, (Федерер е скоро еднакво добар на сите подлоги) добро е познато дека играта на Федерер генерално се смета за уживање да ја гледаш, ама ајде тука да прекинеме на таа тема и пак ќе речам вкус и нема да кажам дека грешиш.
Она што го истакна дека Федерер тепал заради психичка доминација е исто еднакво за Надал, затоа се најдобри, не се кршат во клучни моменти, и го дигаат нивото на игра, како што беше денес случај со Бердих, Бердих доминираше но во клучните поени скоро секогаш Федерер излеагаше како поуспешен и истите поени ги изигра многу агресивно, и храбро, што неможе да се каже за Бердих иако на двапати на меч топка се враќаше од 0-40!
Ако веќе збориш за психичка предност, што да се каже за Надал над Федерер? дали јас треба да кажам дека Надал тепа само заради присхичката доминација во неговите дуели со Федерер? колку неизунедни имал Федерер вс Надал во кључни моменти на грен слем натпревари? колку бекенди у публика? колку форхенди во мрежа (не во аут) дали се сеќаваш? значи според мене таа аналогија е погрешна, ако е така никој никого нема да победи и ќе играат цели денови без еден од нив да заврши како победник, тенисот е таква игра и тоа е тоа.
А за напреварувачки дух, ако не рипаш до небо на секој поен, или да стискаш тупаница, или пак да се молиш на господ, не значи дека немаш натпреварувачи дух, се е ствар на дисциплина и ментален развој - навика. Федерер е учен - трениран, (ментален склоп) да не покажува емоции и тоа е тоа, а дали во него има натпреварувачи дух, докажаа солзите при освојувањето на првиот Вимболдон, и солзите при поразот од Надал на АО.
Да се каже такво нешто за човек кој е најдобриот на сите времиња (според достигнувања) е нелогично. Само екстремно мотивиран и човек спремен за натпреварување - кне по нашки, е способен за такви достигнувања и констатност дури и на 31 година.