Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Која е разликата помеѓу знаеше дека ќе се случи и дозволи, и така беше запишано во Божјиот план?

Мене се ми се чини дека е истата работа формулирана на два различни начини.

Бог, кога делува лично и непосредно, тоа значи дека Он благоволи (активен принцип), т.е. ги уредува настаните, за да имаат доброчинство.

Бог, кога не делува непосредно (пасивен принцип), тоа значи дека Он допушта настанот да се случи со лоша завршница.

И во двата случаи, Он знае што ќе се случи.
 
И во двата случаи, Он знае што ќе се случи.

Мики, не гледаш колку ти се мизерни објаснувањата?

Се разбира дека знае, штом тој го створил планот. Не можеш да избегаш од заклучокот дека тој го испланирал и ова злосторство, како и сите пред него низ историјата.

Нема бегање, Микибој...
 
Она кое од авион се гледа, тоа е само Твоето телесно мудрување...

Се разбира, кога не можеш да одговориш, тогаш јас мудрувам.

За греота.

Овде ќе ја прекинам дискусијата со тебе, затоа што само претураш од шупливо во празно, и се прпелкаш како риба на суво.

Немаш одговор на контрадикцијата која се јавува помеѓу Божјиот план и неговата семоќ, и постоењето на Зло во светот.

Тоа е, живеј со тоа...
 
Најавено беше дека стручен тим од конзерватори, хемичари и сл. ќе дадат свое мислење после Велигден. Празникот помина, никакви новости...
Сигурно спремаат „рационално“ објаснување на појавата....
 
Катедрата на Богословија итно треба да акредитира пост дипломски студии за Исусопојаволози. Дефицитарен кадар се, а има работа.
 
Бог, кога делува лично и непосредно, тоа значи дека Он благоволи (активен принцип), т.е. ги уредува настаните, за да имаат доброчинство.

Бог, кога не делува непосредно (пасивен принцип), тоа значи дека Он допушта настанот да се случи со лоша завршница.

И во двата случаи, Он знае што ќе се случи.
Смртен грев е да се знае што е добро а што е лошо:

И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.

Битие 2: 16-17
 
Секое чудо за три дена, така и ова.
Македонци, само политиката трае вечно овде... најголемо чудо е... и тоа без цркви без попови без богови... само „светци“!
 
Најсмешно од се ми дојде она соопштение дека цитирам “ Во македонија нема каде да се анализираат примероците “ мислам ало бре на ПМФ ДНК анализи прават,се тестираат примероци од храна, хемикалии, препарати, биохемиски анализи на вода, со точност од илхадити дел од грамот се утврдува колкаво количество на бизмут има во некоја козметика или во милијардити дел од грам се одредува колку има жива во килограм риба,тие овде најдоа да тврдат дека таква анализа не можела да се направи.
 
Кажа ја , нема да направат ништо , нит да кажат дека е фејк , нит дека е реално. Дипломатски.
 
Прокрварија иконите, прокрварија 4 деца и еден средновечен човек...
Никому ништо.
 
Бог, кога делува лично и непосредно, тоа значи дека Он благоволи (активен принцип), т.е. ги уредува настаните, за да имаат доброчинство.

Бог, кога не делува непосредно (пасивен принцип), тоа значи дека Он допушта настанот да се случи со лоша завршница.

И во двата случаи, Он знае што ќе се случи.

А во овие 2 случаи како делува?

480218_3079274702649_1287222447_50542840_1151786439_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom