OK
Исламот Е едноумие, така да неможеш да се залагаш за ислам а да велиш дека поминало времето на едноумието. Тоа што си го навел како доказ дека исламот не забранува се и сешто во Македонија, Босна, Турција и дел од арапските земји е искривување на фактите, бидејќи тие земји се секуларни и исламските закони се одвоени од законите на државата! Во спротивно, исламот би се наметнал во секој сегмент од животот на луѓето.
Доказ за тоа дека исламот Е религија која забранува се и сешто, е веднаш во продолжение на твојот пост:
Проблемите не се решаваат со егзекуции и сечење раце, нозе, бесење и каменување! А исламот за сите наведени случаи предвидува единствено такво "решение".
Уште поалармнтно е тоа што исламот убива и за морални "причини"! Зошто да убиеш некого затоа што бил геј?! Или затоа што имал врска за една ноќ?! Или можеби и тоа не е едноумие според тебе? Изговорот за преносливи болести е одамна излитен, има безброј превентивни мерки како кондоми. спирали и слично кој успешно спречуваат ширење на сексуално преносливи болести.
Со тоа што исламот казнува за моралот на луѓето, индиректно се наметнува како сопственик на таа моралност. Ако јас поседувам нешто, зошто да бидам казнет поради начинот на кој ја се однесувам со таа моја соспственост? Тој однос само е доказ повеќе за потчинувачкиот - робовски однос и стремеж на исламот кон луѓето!
Ок, ако така сакаш така нека биде, јас сметам дека може и е поинаку и тоа го гледам и во реалноста. За жал очигледно слабо си информиран колкав процес треба да помине за да се донесе одлука за егзекуција и сечење рака. Тоа не оди баш како што мислиш ти и многу други. За да се пресуди и осуди во Исламот потребно е време, докази и релевантни сведоци. Казните никогаш не се престроги иако повеќето од вас така гледаат на нив. Разбирливо е тоа затоа што ти живееш во поинаков свет со други вредности. И јас живеам заедно со тебе и ги почитувам законите, верувам во системот иако понекогаш сметам дека не е доволно праведен, посебно кога изрекува казни на убијци. Во исламот човекот е роб само на еден Аллах, а во реалниот живот човекот им робува на многу други. Робува на директори, газди, шефови, рекетари, лидери... Со еден збор човекот денес му робува на системот а со друг збор на парите. И како и да вртиш човекот секогаш бил и ќе биде роб на нешто.
Исламот не се стреми да биде сопственик на моралот на човекот туку негов коректор. Тој е како упатство за користење на некоја машина, или пак упатство за користење на лек. Има луѓе кои ги читаат тие упатства, и луѓе кои си тераат по свое. Има и такви кои ги читаат и пак си тераат по свое. Тука ништо не е страшно, секој има право на свој избор.
И не е само исламот тој што забранува хомосексуалност, врска за една ноќ, секс пред брак и др. Покрај муслиманите тоа го прави и целиот православен свет, поголемиот дел од католиците, евреите и многу други. И сега шо ќе кажеш ти, дека сите верници се будали? Епа ако вие атеистите се борите за правата на ваш начин, и ние верниците имаме право да се бориме за нашите права на наш начин.
Оди прошетај низ форумов и погледни барем неколку теми. Еве погледни што се пишува за масакрот на 5те млади луѓе пред еден месец, погледни што луѓето пишуваат на темите за секс, за хомосексуалците и сл. Таму ќе видиш еден куп религиозни луѓе кои им припаѓаат на разни религии, ама кога се зборува за казнување или справување со вакви појави, убиства, хомосексуалци, арамилаци, силувања, педофили, е тогаш сите забораваат како треба сето тоа да се санцкионира според релугиите на кои им припаѓаат. Сите тие веднаш би ги прекршиле и нашите државни закони и би превзеле подрастични мерки. Е сеа ја тебе те прашувам дали сите овие луѓе не би постапиле според Исламските закони т.е според законите кои се направени во согласност со човекот и неговите човечки особини. Еве јас кога би имал шанса и кога би одлучувал за убијците на 5те луѓе, би ги судел според исламските закони и знам дека така многу позадоволни ќе бидат и христијаните и атеистите и семејствата на убиените. Ако недај боже твое дете или дете на твои најблиски, биде злоставувано од некого, ти ќе бидеш позадоволен да му суди државата и истата потоа да го пушти на слобода под изговор дека тој монструм бил психички непресметлив или сл. Ако биде силувана твоја жена или сестра, мајка, зарем сметаш дека Исламот нема да им пресуди исправно на силувачите? Е па можеби ти имаш полиберални ставови, можеби христијаните и сите останати се полиберални, послободно живеат, ама кога се работи за тешки криминални дејствија, верувај дека повеќето од нив не би суделе според законите на државата па и според прописите кои им ги препорачува христијанството.
За крај ќe ти дадам уште еден пример колку е практичен Исламот. За разлика од другите религии каде што разводот строго се забранува, во Исламот за тоа има неколку конкретни правила. Во куранот е точно предвидено кои обврски ги има мажот кон жената кога ќе се разведе од неа, што треба да и обезбеди( куќа, злато или пари и сл.), како треба да ги чува децата и многу други работи. Е сега ајде кажи ми ти каква е реалноста денес? Дали во Македонија и светот, христијаните кои се разведуваат, го прават тоа според христијанските закони или ова повеќе одговара со Исламските прописи? Дали, е нормално оние кои поради многу причини не можат да бидат во брак, само заради религијата која така им налага, да не може да се разведат? Дали е нормално човек да живее во брак без љубов и почит? Дали пак оние кои сепак се разведуваат отфрлаат многу важен дел од нивната религија? Ова е само доказ дека Исламот не сака да контролира туку дава решенија кои се во корелација со човечките реални потреби. Последново го натурив само како пример па ако сакаш подетални информации пиши.