Другар, види вака... нов сум на форумов, незнам која е "историјата" со тебе на Кајгана, но ќе ти дадам едно реално мислење од мене, базирано на неколку твои траки кои ги преслушав во меѓувреме.
ЗА НИКОТ (Musaka): ников не ми се свиѓа, стварно. Мој прв впечаток за тебе, кога видов дека треба да преслушам трака од Славко Мусака и кога ги слушнав првите неколку секунди од траката, си помислив дека е некоја заебанција, некоја феилка (fail) промовирана од Motika.com.mk, како што беше промоцијата на
Кољо Фацата. Благодарение на никот, делото од старт е сфатено со потсмев кај слушателите. Згора на тоа кога ќе се додаде чудниот глас, не професионалната продукција, флоу кое не е доволно извежбано... се' тоа предизвикува лош прв впечаток за тебе. Без разлика дали текстот е добар, има работи кои не му дозволуваат да дојде до израз.
ЗА ФЛОУТО: незнам колку време/години активно рецитираш и колку траки имаш, но ако си почетник и немаш многу снимано, не е лошо флоуто. Нормално треба уште вежбање, но да не заборавиме дека има поединци кои рецитираат со години, а пак се тиња.
ЗА ГЛАСОТ: Имаш чуден глас, не викам не. Но сепак зависи и какво уво има слушателот. Има вокали во рапов кои мене лично многу ме иритираат, не сите подеднакво, но сепак...
Пр. неможам да го поднесам ЏоЏо од Стрес (Битолска група). Многу иритирачки вокал и рецитал има (за мене) и кога слушам траки од Стрес, го прескокам неговиот дел.
Друг пример е РНС (Tonyo San). Глас има како за на детска евровизија, посебно некои негови траки, траки како за на забава во детска градинка. Но не сите.
Пука Козметика исто неможам да ги слушам, за Спирт не ми се прави муабет. и др. да не набројувам сега.
ЗА ТЕКСТОВИТЕ: верувај имам слушано траки со текстови сррррааање на квадрат. Кога ги слушав ми идеше да фатам, да го фрлам компјутеров низ прозор. Јас се срамев што ги слушам, а камо ли јас да ги објавам како трака.
Еве ќе ти дадам пример за текст на артист кој е бивши член на ДНС Екипа: P.K.M. (Пупе Ќелавиот од Мичурин), тој може вода да ти носи, што се однесува до текстови и флоу нормално.
Види само кое срање од текст е напишано:
Еве ја траката со спот:
http://www.youtube.com/watch?v=pF9WBfvtq18
А прати го сега и следново "ремек дело" од текст, исто од P.K.M.
Еве ја траката со спот:
http://www.youtube.com/watch?v=dwNVvYmkYhY
Како што кажав претходно, многу гласот ти расипува просек. Но најважно, се чувствува дека пишуваш од срце. Продолжи пак да пишуваш, но немора по секоја цена да објавуваш траки. Снимај, но ако сметаш дека не си доволно добар, и ако сметаш дека нешто не штима (глас, флоу, текст... било што) - не ја објавувај траката.
Пред да објавиш трака, консултирај се со твои другари, дали е како што треба, дали вреди да се објави, дали нив им се допаѓа (ама реално)... И кажи им да не ти прават лице, ако е добра траката - нека ти кажат дека е добра. ако е срање - нека ти кажат дека е срање.
Лицемерието или во превод правење другар - не ти е од корист. Која корист ќе имаш ако сите испаднат другари пред тебе и ти кажат дека коска е траката, а всушност е срање?
Нема логика, така?
И да, во право си за тоа со ценење на трудот и македонците. За жал таков народ сме и ни нема спас.
Поздрав.