Ок направив малце тестирања (speedtest.net) за
3 Max Start пакетот со два ресивера и еве ги што добивам:
На сите тестирања пингот се движеше меѓу 32-37 ms
Без ниеден ресивер уклучен брзината на интернетот ми се движи помеѓу 8,0 - 8,12 Mbps
Со еден ресивер уклучен дава брзина на download од 8,0 - 8,06 Mbps
Со втор ресивер уклучен брзина меѓу 6,0 - 6,05 Mbps
Вчера додека врнеше интернет брзината падна на ~6 Mbps, но интернетот беше стабилен и не се прекинуваше конекцијата.
До рутер ми имаат пуштено 12288 kBit/s (max DSLAM data rate), а мојот рутерот се синхронизира до 11811 kBit/s не знам зашто (current data rate). Се надевам ќе пуштат 14 Mbps за корисници со два ТВ ресивери, за да не губиме на брзина (нормално таму каде што линијата тоа го дозволува). За телевизијата не коментирам многу, сликата е стакло, каналите се тие што ги промовираат на нивниот сајт, снимање, ТВ-тека, Video on Demand се е тоа супер. Заклучив дека еден ресивер троши околу 2 Mbps сообраќај (нормални канали, не HD), а интернетот ми е ограничен на ~8 Mbps без разлика дали имам пуштено ТВ или не. Торенти симнува со 900-940 kB/s
П.С. На предходните страници некој напиша дека добил интернет брзина и до 10 Mbps со истиов пакет, затоа не го земајте мојов пост како правило, туку чисто како информација.