Еве тебе те земам за пример да ти кажам и на тебе и на другите кои имаат вакво мислење дека многу себично и неправедно размислуваш и ке ти кажам зошто.
Еве за момент се ставам во неутрална позиција нит сум албанец нит македонец,замислувам дека неутрален сум во моментов, не припаѓам на ниедна нација.
Исто како што и македонските навивачки групи и кога ке се соберат толпа народ извикуваат "смрт за Албанци" ја пеат онаа " нека разберат клетите Албанци македонско име нема да загине" , "само мртов албанец е добар албанец", така и тие ни одговараат, значи со ист вокабулар си дофрлуваме меѓу себе, и затоа ниту македонците не можат албанците да ги обвинат за навреда ниту албанците можат да ги обвинат македонците за навреда.
Е сега оваа држава што се вика Македонија, не му припаѓа, односно со неа не стопанисува само Македонецот, туку во неа живеат и другите националности кои ПОДЕДНАКВО ја поседуваат или припаѓаат на оваа земја, како што македонецот ја поседува. Она, "македонија на македонците" било некогаш, бидејки македонците тогаш биле окупирани, и морале да измислуваат такви пароли да се држат заедно со една мисла. Сега е различно, живееме во време и простор на мултинациопнално општество и ние сакале или не мораме заеднички во мир и почит да живееме. Во спротивно, многу невини животи ке згаснат, поради некои лидери кои си остваруваат некои свои интереси.
А ова што некои деца ги с'снале да пцујат што им текне на памет, тоа ке си помине, зар да се симнуваме на рамниште на некои попалени деца кои на тие години им врие крвта и прават незрели глупости. Нека викнат два три пати по некој погрден збор, нек си се издуваат фино, па ке си отидат дома и така, никому ништо. Се додека оваа толпа народ мирно протестира, мислам на физички мирно, ситуацијата е ок, нема потреба за паника, па и нека им се направи мерак да се издуваат малку со викање не е страшно.
Лошото е кога возрасните нема да се разберат, а уште полошо кога лидерите на моќта, оние кои ги донесуваат одлуките нема да можат да се разберат, тогаш ке биде вруќо.