Даи да видим пресудата, шо пише унутар, се остало е белетристика, а нормално дека Србин си навел ко източник на приказната. Даи пресудите, ама и на овие - Ченто, Венко Марковски и сите остали великани на Македониа после 1944.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
Во С О Ф И Ј А ноќта помеѓу 18 и 19 август е обесен.
осудениот на смрт МАКЕДОНЕЦОТ Васил Антевски-Дрен
од страна на бугарските фашисти-слуги на хитлера
Драмски, прав глумец си и вртикапа како царчето
што улога сега играш нели си во е в р о п а
еве ти пак имиња на книги и тоа бугарски,
пишувани од бугарски писатели-затвореници
кои и го запознале нашиот народен јунак Дрен
Ради Радев, - „917 дни смртен“, издание Софија 1972 год
еве дел од таа книга.
Во софискиот централен затвор стасаа во безнадежна состојба.
Прангите им го разјадоа месото на нозете,а од физичкиот напор
за нивното совладување при движењето,беа страшно изнемоштени.
„ Ги дотераа попладне.Штотуку се затворија ќелиите,во ходниците
се чу невообичаен тропот на железо.Јасно беше дека тоа беа прангите
со кои беа оковани некогаш Најден и чичко Јанко.......
Се стрчавме кон ќелијата на новодојдените.Го подигнав капачето на
„шпионката“.Внатре лежеа четири души.Најпрвен што паѓаше во очи,
беа прангите,исковани од железо од колски шини,а обрачите за нозете
не беа ни заоблени.Под нив се црвенееше раскинатото месо на нозете.
Седеа на сламеникот и молчеа.
-Другари од каде доаѓате? ги запрашав
-Од Црна Гора, одговорил еден од нив.
( се работи за борци од првиот скопски партизански одред
меѓу кои и Периша Савелиќ-црногорец - моја забелешка)
-Со каква пресуда? ги запрашав пак
- Смрт,другар .А вие кој ста?
- И ние сме како вас.Тука сите сме осудени како вие...
Им остапив место и на другите кои сакаа да ги видат и да позборуваат.
Кога на „шпионката“ застана Сираков,тој извика ненајдено,еден позна.
Наредното утро имав можност пак да ги видам Црногорците...
Сите четворица беа храбри по дух и весело разговараа со нас......
По неколку дена,едно утро кога се враќавме од прошетка ја видовме ќелијата празна.ЗНЧИ УШТЕ ЧЕТВОРИЦА БРАЌА,
четворица борци
паднаа за победа над фашизмот.
Неколку минути пред да ги обесат дежурниот надзирал и ја отворил ќелијата на Дамјан,која беше до нивната,и за чудо со каква
човештина му рекол:
- Сега ќе ги изведат. Појди и види се со нив.
Дамјан влегол во ќелијата, прегрнал секого од нив за збогување...“
Дамјан Брнаков, „ љубов в’белезници“ - издание Софија 1974 год.
Средбата со борците од Македонија,во тој последен момент на
живеење ја запишал на свој начин.
„ Кога околу полноќ се отворија ќелиите и пред неа застанаа
МРШОЈАДЦИТЕ се беше јасно. Се прегрнаа за последен пат и се
проштеваа. Достоинствено тргнаа кон бесилката под товарот на
оковите и мртовечките сандаци. Тогаш тие ја запејаа Интернационалата
и со нејзините звуци ги одбележаа своите последни моменти од животот.
За потоа да продолжат мртви да се борат за Револуцијата.
Последен за бесење остана Васил Антевски -Дрен.Кога го запрашаа за последната желба само кажа.
„ брат Никола да се грижи за моето незгрижено дете“
Последните моменти беа посветени на Интернационалата.
Тој беше и остана со големо човечко срце“
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Васил Антевски - Дрен архив на Скопје книга девета
--- надополнето: 11 мај 2012 во 10:00 ---
Бугаре, не спинувај тема!
Ти не си никаква Комисија за утврдување на историската вистина, замоли го Анчо да направи скен/слика или да ти го даде насловот од книгата да си ја купиш, малку едукација никогаш не е на одмет.
еве нека прати адреса на мој трошок ќе му пратам некоја книга
бар малку од малку историски правилно да се едуцира,