Мислам дека треба да се фрлат пари за било кој дел во тимот под услов да биде млад играч докажан во своето првенство и да игра за репрезентација а не ние да ги калиме во Интер .
Де Јонг не дека е стар или слаб играч ама мислам дека треба да се подмлади со долгорочно решение како Мвила кој има 21 година . Мвила , Гуарин и Снајдер - па појак среден ред ќе имаме од време Мурињо . Напред Лавеци со Кутињо/Рики и Милито . Ова е тим што 100% носи титула само да е на ниво одбраната .
Па нека е и Де Јонг , само да ги седнат стариве и ќе пркнеме . Маикон со Коларов за кој има шпекулации и топ ќе биде . Само да не ми носат Кучка мучка и Марига да го вратат .
Мене многу ми праи мерак Мвила , ама кој ме слуша мене . Годинава често глеав француско и дечково и топ и ете читам као готов иде кај Венгер . И Муса Сисоко како што викаш е топ . Сам ја држи средината у Тулуз . Блан го зима и за репрезентација . И друг од Франција класа е Хазард .
MВила ја го знам од менаџер, ретко кој од тука го гледал у 30 натпревари од сезона за да оформи став за него, од друга страна Де Јонг е 27, има уште 4 добри години во него фудбал, да игра на високо ниво, ја ако би бирал без око да ми трепне би го одбрал него наместо МВила ( поради огромната разлика во цената, ако се точни муабетиве за тие 22м ) за кого реков, незнам ништо, освен дека е доста перспективен ама 22 милиони евра/фунти ? Нема шанса, сум категорично против толку пари да дадат за ваков фудбалер кој сеуште е недокажан на некое повисоко фудбалско нивом игра за екипа која не е у топ 3 делот во Франција и игра на тој дел од теренот ( уште еден клучен детал зашто сум против ). Деструктивците за денешниве калчо стандарди не прават некоја голема разлика, Милан со Ван Бомел крпеа лани ... успешно.
Да не ме сватиш погрешно, он или Сисоко од Франција сметам дека ќе се добра инвестиција од која тимов ќе има корист, али кога правиме муабет за инвестиции, све што е над 15м евра за нив е (пре)многу и нема теорија истото да биде исплатено од Интер.
Во Италија е многу битен нападот, Милан лани таму инвестираа и добија Скудето ама сезонава кога требаше да продолжат со исти тренд но во средина, се заебаа гадно.
Поли, Гуарин, Оби плус евентуално Исла и Де Јонг, пуна капа за сезона кога не се игра во Европа. Башка тука ќе се и Камбијасо, и Занети, може уште некој од младинска, тоа би било тоа кога е во прашање средниот ред, ја би бил презадоволен ако ова бидат играчите за наредна сезона, за понатака ќе видиме, се во свое време.
Лавеци плус уште еден покрај Милито, и евентуално Дестро ко прва опција од клупа за напад и тоа би било тоа. На крај доаѓа одбраната каде не треба да се инвестира ко да нема утре зашто не се игра во ЛШ, па во една таква ситуација и вака се солидни но ете, најверојатно лев бек ќе носат. Киву најверојатно ќе остане на барање на Страма кој го планира за стоперска позиција.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 19:53 ---
Ете Милан иако има дупло посилен тим од нашиот и повторно ќе купува и ќе го реконструираат тимот за догодина да атакуваат на нови успеси а нашите нормално ќе ги остават истите фудбалери и ќе го купат кучка за резерва..полека полека како Арсенал стануваме тим без амбиции и купуваме во август што е најтрагично некои просек фудбалери......догодина како што тргнало пак ќе се бориме за ЛЕ и ќе ги гледаме Милан/Јувентус +20-30 поени пред нас..не Страмачиони бил..и Мурињо да дојди со овие сили толку
Затоа ги откорнаа пред некој ден во ситуација кога они мораа да победат, дека се дупло посилни од Интер, исто и у Јануари, само тогаш Раниери беше тренер па само 1-0 победија.
Кој дупло посилни бе, напад имаат подобар, Ночерино, Аквилани, Мунтари и остали таму што им играат ли се оние кои те тераат вака да размислуваш ?
Они имаат тренер, кој си наметна своја филозофија, лани освоија титула зашто Мур им го допушти тоа, инаку Интер воопшто не се слаби и денес за Калчо стандардите, слаби се за ЛШ, едни Лацио беа трети до пред некое коло, Лацио со Козак, Броки, Маури, Дијас и ред други пародични фудбалери кои им играат у прв тим.