Aко ме прашуваш лично мене, моја нога таму доле не стапнува пред се поради малиот милион репресии кои го прават нивните граничари и остала багра. И не дај Боже да морам да одам да работам таму, па колку сака нека ми плаќаат.
Да одам и на граница он да ми лепи лепенки по кола не!
Мене друго ми беше муабетот, познавам двајца кои лани лето заминаа да работат таму и се вратија.
Едниот од нив пред 2 лета работел таму, лани отиднале кај истиот сопственик. Им рекол дека џабе доаѓале зашто работа нема, нема со што да им плати. Прошетале уште на неколку места, сличен одговор добиле.
После се вратија и беа да работаат во Охрид.
Поради тоа прашав дали би отиднале да работат таму со оглед дека се наоѓаат во голема пред се економска криза, а сега и политичка по се изгледа.