Одговор од МВР до ИВЗ
Законите се еднакви за сите, жената муслиманка не е привилегирана
Уставот на Република Македонија не прави разлика дали некој е маж или жена, христијанин или муслиманин, бел или црн.
Пред Уставот сите сме исти, дали станува збор за работници, директори, професори, студенти, министри, хигиеничари.
“Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба“, стои во највисокиот правен акт на државата.
Оттука не јасни се реакциите зошто во полициската акција “Монструм“ беа приведувани и жени муслиманки.
Но, МВР нема посебна процедура за приведување и спроведување на осомничените во зависност од полот или пак нивната вероисповед.
“При приведување, ставање лисици и спроведување нема разлика дали се работи за маж или жена. Единствено кога станува збор за личен претрес законот предвидува доколку се работи за жена претресот да биде направен од полициски службеник од женски пол“, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 18:43 ---
На Фејсбук се организираат антиалбански протести пред Влада
На социјалната мрежа Фејсбук е формирана група „Протест пред Влада“ во која се повикуваат граѓаните в сабота да се појават пред Владата во 16 часот.
Групата досега брои 182 поддржувачи, но нема наведено кој е организатор и кои се барањата од протестот. Сепак, од коментарите на Фејсбук-страницата, кои се исклучително антиалбански, се претпоставува дека овој протест е контра протестите на Албанците најавени за петок после главната молитва во повеќе градови во земјава.