Здрави навики и намирници - клуч за здрав живот [општа дискусија]

K

kalimer0

Гостин
Нешто околу засладувачите кои обично ги содржат газираните сокови:

  • Е102, E104, Е110, Е123, E128, Е129 – Внимание овие емулгатори се особено отровни и се забранети во САД и повеќе европски земји. Може да ги сретнете во гумени, чоколадни и останати видови на бонбони, разни видови на пудинзи и шлагови, замрзната риба, млечни кремови за готвење, топени сирења за мачкање и сосови.
  • Е250 - Натриум нитрит и Е251-Натриум нитрат –предизвикуваат рак на желудникот и особено се присутни во сите видови конзервирано месо, сувомеснати производи и колбаси.
  • Е211 Натриум бензоат - Ја оштетува човековата ДНК и предизвикува Алцхајмерова болест и оштетување на црниот дроб. Присутен е во повеќето водечки безалкохолни, газирани пијалоци и Кока Кола веќе почна да го исфрла, но за жал само во некои од своите пијалоци и прво тоа и успеа со диеталната кола во Британија.
  • Е951 Аспартам – го оштетува мозокот и предизвикува од губиток на меморија па се до тумори на мозокот. Овој засладувач е 200 пати посладок од шеќерот и особено се користи во “диеталните” производи “без шеќер” како безалкохолни газирани пијалоци со наставките “Diet” или “Light” и во разни видови мастики и бонбони.ж
  • Е621 Мононатриум глутамат – многу силно ги надразнува и стумулира нервните клетки и на тој начин трајно ги оштетува. Затоа учествува во развојот на повеќе неуродегенеративни заболување како Алцхајмеровата, Паркинсоновата и Хантингтоновата болест. Го има како подобрувач на вкусот во повеќето солени производи како чипсови и грисини, скоро во сите видови супи, како и во повеќето зачини за готвење од типот на вегета.
ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА РАК: E 216, E 217, E 131, E 142, E 210, E 211, E 212, E 213, E 215

Трудете се да ги избегнувате, барем тие што можете.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Вештачките засладувачи пепел прават по организмот, сахаринот, аспартамот, се големи хетероциклични молекули кои имаат азотни атоми, овие азотни атоми имаат својства да го врзуваат калциумот и магнезиумот, па прават дисбаланс во нивното количество.
Натриум бензоат уште го користат како конзерванс за зимница... :cenzura:
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Пинџур,ајвар,манџa,сирење,пиперки,кромид,лук,некои затуцани бабини рецепти..(Овие што ги набројав ептен меинстрим се,не ми текнуваат други)саде здрава храна..Ни Е има,ни Б има..

Многу се напињате без везе бе...Која будала продава јајца со салмонела?Од кај купуаш ти јајца?Од Кина?
Имало ова она,штетно било..Абе ајј...

Коа збориме за јајца,не купувајте од фирмата ВЕЗЕ Ш-ипт-АРИ..Продаваат скршени јајца со пердуви.. :D
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Ајварот е далеку од здрав, нешто што се пржи 4 сата со литар зејтин, не може да е здраво. Но ете ептен е добар, ѓавол да го носи.:D
Никогаш не сум се замарал, јадам тоа што ми се јаде, месо избегнувам особено пилешки стек, риба јадам и тоа многу, зеленчук, овошје, многу планински чај.
Кога сме кај чаевите, овошните се полни со ароми, боја...
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124

зошто не е здрав? кој се разболел од ајвар? ако дебелее
малце не значи дека е штетен по здравје.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
зошто не е здрав? кој се разболел од ајвар? ако дебелее
малце не значи дека е штетен по здравје.
Зашто термички ги уништуваш сите антиоксиданси во пиперката, пример се знае дека пиперката изобилува со витамин C, после термичко третирање на пиперката витаминот скоро и да го нема, затоа што се распаѓа, исто е и со другите антиоксиданси.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
подобро ајвар одошто помфрит или пирошка или нешто друго.Храната треба да ни биде балансирана,значи што поздрава исхрана повеќе време за живеење оти ризикот за рак,удар,леукемија такви болести модерни во денешно време да се појават ризикот е минимален(освен сега генетски ако е предодредено) додека кај некој што се храни нездраво ризикува да се здобие со многу болести кои можат да бидат кобни по животот почнувајќи од дијабетес и висок крвен притисок!
 
Добро тоа е малку дискутабилно, биохемиски гледано навистина количеството на слободни радикали се зголемува, пушењето го зголемува антигенот CEA и така натаму, но тука веќе поголема улога имаат загадувањето, тешките метали и она што е најопасно органските соединенија, фенолот, дериватите на бензенот они се на врвот на списокот на канцерогени, а може да се најдат насекаде околу нас и во издувните гасови и во овошјето и зеленчокот кои се третирани со пестициди.
Се сложувам дека нездравата исхрана доведува до значителни промени во организмот, зголемување на лошиот холестерол, намалување на калциумот, проблеми со тироидната шлезда, пореметување на концентрацијата на репродуктивните хормони, не е чудно зошто постепено се зголемува бројот на брачни парови што не може да имаат деца и слично.
Но, страшно ме нервираат оние компании што ќарат на незнаење и прават профит од нивните производи т.е. суплементи замисли се продава АТP демек давал енергија, го забрзува метаболизмот, а една таблета има 200mg ATP, а организмот му се потребни околу 3kg за непречено и беспрекорно да се одвиваат метаболитичките процеси.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
не треба да ги исклучиме ниту оние компании кои што произведуваат разни прозиводи за слабеење,сепак тоа е индустрија тешка неколку милијарди долари!
Никогаш не лажете се да купувате капсули(неодамна имаше случај со капсули некакви со зелка знам дека рече една жена и се здобила со песок во бубрегот) или медобил и такви разни прозиводи турбо шланг и така натаму...сите тие влијаат периодично на жлездите(пример тироидна) и благодарение на нив се губи вода а не сало!
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Од млеко би препорачал само пазарско свежо. Во индустрискиве никогаш нема да знаеме дали ставиле антибиотик наместо да го пастеризираат. Таквото антибиотско се користи само за африкански пазар и е канцерогено. Има муабети дека и тука такво го прават..
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Од млеко би препорачал само пазарско свежо. Во индустрискиве никогаш нема да знаеме дали ставиле антибиотик наместо да го пастеризираат. Таквото антибиотско се користи само за африкански пазар и е канцерогено. Има муабети дека и тука такво го прават..
Да,најдобро е од приватни набавувачи природно млеко да си купувате.Тоа пастеризираното содржи и плус шеќер а и се сомневам да има повеќе од 50% чисто млеко во него.Исто така најубаво е и сами да си правите поткваса дома од млеко за да добиете кисело млеко...
Знам само една мала фирма пак е околу рејонот на Берово каде се продава јогурт Смојмирски кисело млеко во кое навистина има чисто млеко.И на етикетата стои да не се употребува ако стои повеќе од 1 недела а не на овие јогурт по 1 месец или 2.Луѓе незнаете натаму повеќе има старо население дури, има стари лица од 90 години па нагоре уште се живии а денес ретко некој да ја надживее 70 тата година! Има многу фактори,покрај здрава исхрана и психолошкото здравје е овде,генетиката и природата!
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Јас со пазарско млеко правам кефир и е ептен добро.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Шо мнение имате за млакара Битола ? Гледам дискусија за млеко и млечни производи има , па ме интересира , пошто премногу го користам Баланс јогуртот ( пошто има голема количина на протеини ) , практички пијам по едно литро на 2 дена.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Шо мнение имате за млакара Битола ? Гледам дискусија за млеко и млечни производи има , па ме интересира , пошто премногу го користам Баланс јогуртот ( пошто има голема количина на протеини ) , практички пијам по едно литро на 2 дена.
Баланс има протеини?? мислам има ама мислам дека јаглехидратите преовладуваат во таа смеса!
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Баланс има протеини?? мислам има ама мислам дека јаглехидратите преовладуваат во таа смеса!
3,5 г протеин со 5,5 г ЈХ и 1 г масти на 100 г.
Сепак го пијам од сабајле како еден оброк , и за сега сум задоволен , ама ме интересира и друго мислење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom