Кога стратегијата континуирано се спроведува
„Она што можеш да го направиш денес не го оставај за утре“
Медиумски напад за чистење на теренот се покажа како успешна стратегија. На маса се изнесуваат заговори, монтирани случаи и угнетени нации. Приказна која лесно може да се продаде на Америка и на Западот. Потребни се само три слики на повредени цивили направени во воените години на Балканот и две видеа на истрауматизирани жители во воени подрачја. Тоа фино се склопува и се продава како приказна под наслов: „Борба за човекови права“.
Велат ако еднаш те повредат тогаш сам си виновен, но доколку дозволиш втор пат на ист начин да те повредат тогаш си будала.
Кампањата од прилика изгледа вака:
1. Финансираш политичка фигура да зборува за заговор и монтиран случај
Диогарди: Апсењата на Албанците се координиран заговор
Понеделник, 07 Мај 2012 10:39
Лидерот на Албанско-Американската граѓанска лига, Џо Диогарди за новинската агенција ИНА изјави дека последните апсења на Албанци во Скопје и Прешевската долина се координиран заговор на властите од двете земји.
„Владите во пјРМ и Србија создадоа некаков таен заговор и добро дефинирана цел да се компромитира духот на слободата, религијата и албанската традиција кај меѓународното мислење. Албанците не се терористи и ова е поткрепено со историскиот пат на нашите луѓе со долга традиција во Европа", изјави Диогарди.
Додава дека албанското прашање во Македонија и Прешевската долина се соочува со, како што вели, брутална тортура поради ултранационалистички заговори.“
2.Организираш протести во сите земји каде живее оваа популација
Албанија 07.05.2012
3. Добиваш радикална маса во земјата каде очекуваш добивка
4. И повторно организираш протести:
11.05.2012
http://www.albtime.com/?p=35207
За да не ја заборават лекцијата, повторно ја повторуваш за една недела. На тој начин добиваш поддршка од светски рамки, „угнетено малцинство“ и слободен терен за минирање на правната држава која ти е запишана во агендата.