Колку сте високи колку сте тешки? Проблеми, ситуации?

  • Креатор на темата Креатор на темата Solider
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе не се замарајте со идеална тежина, јас мислам дека тоа не постои. Погледнете се во огледало, ако не ви се допаѓа како ви изгледа телото превземете нешто.
Мускулестото тело без разлика со која висина и тежина е, добро ќе изгледа. Освен ако не е дебело мускулесто тело.
Пример: ако една личност е висока 175cm и е мускулеста со низок процент на bodyfat добро ќе изгледа и со 75кг и со 95кг.
Како и да е мислам дека огледалото е најдобриот показател на тоа дали имате идеална тежина или не.
 
1,80 cm со 65 kg...
Спортувам и никако да наголемам килажа,секогаш варира од 63-67 kg.

Многу зависи генетската предиспозиција, постојат три типа на градба на тело. За тоа повеќе може на нет да се најде. Плус секој организам си е приказна за себе во однос на метаболизмот. Е сега за да се качи килажа (мускулна а не сало) мора да се вежба плус да се има режим на исхрана. Ако се нема режим на исхрана џабе ти е прво мораш да си израчунаш дневен внес на калории колку ти се потребни за таа моментална висина+килажа и до која килажа треба да дојдеш има калкулатори на нет. Проблемот кај сите што имаат брз метаболизам или такви генетски предиспозиции е тоа што не внесуваат доволно калории секојдневно. Значи не е доволно самода јадеш или да гнетеш 3 пати во денот, туку да имаш режим на исхрана по 5-6 пати калорични и богати со јаглехидрати за да качиш и да го запазиш дневниот калоричен внес. Тргање на нездрава храна и под вежбање за добро тело се подразбира вежбање со тежини тоа е долг и за некои напорен процес исхрана+вежбање со програма значи треба да се уложи многу кај секој различни се резлутати ама ќе ги има ако го практикуваш ова.
 
Ист како и јас, само што јас стигнав од 62 до 67 за едно два и пол месеци. Ќе треба да си ја "појачаш" исхраната, пред се со јагленохидрати и масти. Пиши ако треба дообјаснување.
Ауууу не со масти! а ни со јаглехдирати ...зашо јаглехдсиратите се трупаат во масти ако не се искористат! Треба со протеини.Со масти само на сало ќе добиеш а не на мускул!
Сепак мислам дека на вас тие слабите тоа ви е предност затоа што после 40 година кога се успорува метаболизмот ќе си дојдете во нормала а додека тие ние што имаме проблем со гојазноста т.е склони сме е тогаш тешко нам а исто и на тие со нормална тежина 80% од нив покачуваат некое килце после 40 та! Сепак 180 со 65 е многу разлика тоа е - 15,во ред ако сакате да сте маникени ако не јадете повеќе месо,јајца салати,риба и пијте повеќе млеко.Сепак метаболизмот ви е многу по забрзан! Можеби и ќе дојдете во сакани килограми и откако телото ќе почне да расте па ќе си надокнади!
 
Ауууу не со масти! а ни со јаглехдирати ...зашо јаглехдсиратите се трупаат во масти ако не се искористат! Треба со протеини.Со масти само на сало ќе добиеш а не на мускул!
Нема да има проблем, посебно ако има брз метаболизам, а и кажа самиот дека вежба-спортува. Објективно гледано протеините се најлош извор на енергија, ќе биде потребно значајно да се зголеми внесот на истите за да се качи некое кило, ама па со зголемување на внесот на протеини може да се јават други проблеми. Затоа реков дека ќе треба да "ја појача" исхраната со ЈХ и масти, организмот ќе си ги согори ЈХ-те први, башка кога е човек физички активен ова оди побрзо, а мастите постепено ќе си ги зима телото кога ќе му треба. Сега муабетот ми е се со мерка, не да земе да јаде пирошки(леб пржен во зејтин) или хамбургери да крка или пак ,не дај боже, да земе бел шеќер за доручек да срка. Има добри извори на ЈХ кои имаат и темпо на абсорбција во телото. Како извор на масти, јогуртот, млекото(не-обезмастено, најобично , со ~3г масти, ова за пакуваните во продавница), месото(свинско, телешко, јагнешко), оревчиња, бадеми се одличен извор. Протеините ќе си останат градиво на мускулот, а од ЈХ и мастите ќе дојде енергијата. Ова е доколку станува збор за човек кој има потреба да накачи некој килограм.
п.с.
Ако е оф-топик нека се избрише или премести.
 
Во тој случај во ред може од здравите јаглехдирати и од здравите масти(омега 3 масн и киселини) така може да се добие на тежина и лесно да се трансформира во мускул додека ако се добива на тежина од пржења такви работи не се претвара во мускул!
Јадете грав,леќа,по малце соја(за машките по малце),пилешко и телешко месо,риба,јајца, а пред салатии и мнооогу овошје! и секако пијте повеќе вода! Здрава исхрана може и да здебели и да ослаби...ако си превише слаб може да ти надокнади на тежината а ако си превише дебел може да те ослаби! :D
 
Јас сум 198.
Не гледам причина да се гордеам што сум ептен висок.

1) 80% од Македонките се 168 високи
2) Ако си висок како мене ќе имаш редовно низок притисок :))
3) Често нема да те собира секаде. Еве во кинеските автобуси ќе виткам кичма на вториот спрат :))

Како и да е, темата е повеќе за психологија отколку ...здравје :)

Хаха, иста е приказната и кај мене.. 1.98 см - средношколец
Новите двокатни минибуси ми се ноќна мора, сите со глава се лупаат горе јас со грб.
--- надополнето: 6 мај 2012 во 19:04 ---
1.98 см со 60 кг - неухранет.
Неам здравствени проблеми, иам комплекс, јадам као свиња, не иде неможеш против гени(наследени од таткоми).. таков ми е метаболизмот и крај! За неверување е. Сите едно исто ми тупат "Јадеш ли нешто?" "Јади повеќе!" "Со што те хранат дома?".

Имам идено по спортски кампови и нели у хотел престој - групно јадење у ресторан и се имам уверено дека јадам 5 пати повеќе од многу деца со нормална а и голема килажа.
 
Ке земеш ке пиеш Креатин и ке одиш во теретана, тоа може да ти помогне да се укрупниш
 
Равенката е: висина во цм - (минус) 110,
пример 170 цм - 110 = 60 кг како оптимална тежина
Иако, оваа равенка не може да се земе здраво за готово бидејќи луѓето имаат различна градба, некој има крупни коски, повеќе мускул, повеќе сало, варира од човек до човек.
Исто така е дискутабилен и BMI од истите причини.
Да речеме по твојата равенка јас со 190 цм висина треба да бидам 80 кг тежок.
Тогаш јас повеќе ке личам на топола отколку на човек.
Инаку тежината ми е 110 кг
 
Затоа пишав дека не треба да се земе здраво за готово равенката.
Идеалната тежина варира од човек до човек и е во зависност од градбата на телото.
 
1.88 м.
75 кг.

Мора малце да подработам на килажа т.н контрадиетата.
 
Хаха, иста е приказната и кај мене.. 1.98 см - средношколец
Новите двокатни минибуси ми се ноќна мора, сите со глава се лупаат горе јас со грб.
--- надополнето: 6 мај 2012 во 19:04 ---
1.98 см со 60 кг - неухранет.
Неам здравствени проблеми, иам комплекс, јадам као свиња, не иде неможеш против гени(наследени од таткоми).. таков ми е метаболизмот и крај! За неверување е. Сите едно исто ми тупат "Јадеш ли нешто?" "Јади повеќе!" "Со што те хранат дома?".

Имам идено по спортски кампови и нели у хотел престој - групно јадење у ресторан и се имам уверено дека јадам 5 пати повеќе од многу деца со нормална а и голема килажа.
Можеш да се здебелиш без креатини и гејнери.Балансирана исхрана и тренинг кој ги вежба сите мускули.
http://skinnybulkup.com/compound-exercises/
Се е возможно ако се сака.
Креатинот после кога ќе прекинеш да го земеш водата во мускулите се враќа во нормала.
 
Хаха, иста е приказната и кај мене.. 1.98 см - средношколец
Новите двокатни минибуси ми се ноќна мора, сите со глава се лупаат горе јас со грб.
--- надополнето: 6 мај 2012 во 19:04 ---
1.98 см со 60 кг - неухранет.
Неам здравствени проблеми, иам комплекс, јадам као свиња, не иде неможеш против гени(наследени од таткоми).. таков ми е метаболизмот и крај! За неверување е. Сите едно исто ми тупат "Јадеш ли нешто?" "Јади повеќе!" "Со што те хранат дома?".

Имам идено по спортски кампови и нели у хотел престој - групно јадење у ресторан и се имам уверено дека јадам 5 пати повеќе од многу деца со нормална а и голема килажа.
Колку години имаш?
Јас на 14 бев висок 184 и тежок 54 кг, на 18 висок 192 и тежок 63-64, сега на 24 сум исто висок исто, ама тежок сум 81-82кг... Се во свое време.
 
До колку години се расте одприлика? Или за секој организам различно?
 
Вообичаено се да се израсте во рамки на висината на родителите, со мали отстапки. И да за секој организам е различно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom