The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.037
- Поени од реакции
- 3.623
Еве го и четвртиот мастерс во годината кај мажите. Претходните 3 беа освоени од 3 различни тенисери, Индијан Велс од Федерер, Мајами од Ѓоковиќ и првиот земјен мастерс во Монте Карло беше освоен од Надал.
Првото коло на турнирот започнува во недела, а телевизиските преноси започнуваат од понеделник. Последниот меч од турнирот т.е. финалето ќе се одигра на 13. мај во недела.
Mutua Madrid Open е целосното име на турнирот, еден од најважните, најдобро организираните и најпосетените турнири во светот. Главна причина за тоа е тенисот кој се игра во две конкуренции паралелно, во машка и во женска конкуренција во истата недела. Во главниот град на Шпанија овој мастерс се одржува од 2002. година, за почеток во сала и се' до 2008 се играше таму, последен шампион беше Мареј во такви услови. Од 2009, овај турнир се игра на земја неколку недели пред Ролан Гарос и важи за одлична проба за големиот грен слем во Париз. Најважната вест поврзана со мастерсот за оваа година е промената на подлогата, за прв пат во тениската историја се воведува сина земја по инстистирањето на директорот на турнирот кој тврди дека единствената разлика ќе биде бојата и не треба да се очекуваат проблеми.
Овај турнир иначе во минатото менувал повеќе локации како Стокхолм, Есен, Штутгард за на крај да се пресели во Мадрид од 2002 па се' до денес. Еве ги победниците од минатото :
Како што може да видите од горната слика, 3 пати се одржал мастерсот на земја во Мадрид и има 3 различни победници, Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Многу е веројатно дека еден од нив ќе ја прослави титулата и по втор пат, но кој? Најголеми се шансите за Надал, потоа за Ноле па за Федерер. Во изминатите 10 години од кога турнирот се игра во Мадрид, Надал и Федерер имаат по 2 титули. Интересно по една на двете подлоги, Федерер триумфираше во 2009 и 2006, а Надал во 2005 кога се врати после негатива од 0-2 во сетови против Љубичиќ во финалето и во 2010 кога го совлада Федерер во последниот меч.
Главниот стадион на овај одличен комплекс има капацитет од 12442 седишта и се вика Маноло Сантана во чест на еден шпански тенисер. Покрај него има уште 2 помали терени, Аранџа Санчез, исто така го носи името на една шпанска тенисерка како и теренот број 2. Сите 3 терени од овој комплекс имаат подвижен покрив што значи дека дождот и не треба да не загрижува премногу. Покрај тенисот, има и други возбудливи работи кои се одржуваат на главниот стадион. Обично се одржуваат некои концерти, а пред 2 години благодарение на подвижниот покрив кошаркарскиот тим на Реал Мадрид ги играше своите мечеви.
Време е да се збогуваме од овој поглед, како што спомнав погоре, а и повеќето од вас верувам сте информирани за новата земја. Од оваа година тоа ќе изгледа вака :
И да се вратиме на најглавното, на тенисот кој не очекува од наредната недела тука. Тешко е да се прогнозира кој колку би можел, не знаеме како ќе реагираат играчите на новата земја, да ја видиме формата на сите тенисери од првото коло и ќе биде полесно за било каква дискусија. Ако условите бидат исти како минатата година или доста слични, нема сомнение дека играчите со силен сервис ќе имаат голема предност тука, знаеме дека минатата година тука земјата беше многу брза, особено кога ќе се играше под покрив.
Рафаел Надал како двократен освојувач на титулата во Мадрид, според многу е најсериозниот кандидат за освојување на титулата тука. Освои 2 големи турнири во низа, игра со голема самодоверба и мислам дека тука лежи кључот за успехот.
Новак Ѓоковиќ, бранител на титулата, имаше тажни моменти на мастерсот во Монте Карло. Да се надеваме дека сето тоа го има пребродено и дека е 100% спремен да ни пружи големо задоволство во главниот град на Шпанија.
Роџер Федерер е тенисерот кој е секогаш непредвидлив. Кога сите мислевме дека ќе се откаже од тенисот после онај пораз во 2009 во Мелбурн, тој се врати и го освои Ролан Гарос за прв пат и уште 2 грен слема покрај него. Се зборува дека топчето скока помалку годинава што ќе му одговара на Швајцарецот кој направи подолга пауза и преостанува да видиме како се спремил за сината земја.
Енди Мареј, требаше да биде четврти носител, но поради повреда се повлече од турнирот.
Други тенисери кои би можеле да бидат опасни за останатите се :
Ферер,Дел Потро, Алмагро, Лопез, Вердаско. Има и уште други, сепак не може за сите да напишеме, ќе дискутираме околу тоа во наредните мислења и се надевам на одличен турнир следната недела и со нетрпение ја очекувам новата, сина земја.
За женската конкуренција нема да пишувам, освен за финалето каде Квитова ја совлада Азаренка.
Еве слики од шампионите од 2011. :
Се надевам дека ви се допадна отворањето, се извинувам доколку има некои грешки и би сакал да ги поправам доколку ги има. За крај, да се потсетиме на црвената земја во Мадрид и спектакуларниот удар од финалето помеѓу Рафа и Ноле :
Корисни линкови поврзани со турнирот :
Машка конкуренција - жреб
Женска конкуренција - жреб
Официјален сајт - тука