Mutua Madrid Open 2012 (ATP & WTA Tour)

Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623

Еве го и четвртиот мастерс во годината кај мажите. Претходните 3 беа освоени од 3 различни тенисери, Индијан Велс од Федерер, Мајами од Ѓоковиќ и првиот земјен мастерс во Монте Карло беше освоен од Надал.
Првото коло на турнирот започнува во недела, а телевизиските преноси започнуваат од понеделник. Последниот меч од турнирот т.е. финалето ќе се одигра на 13. мај во недела.
Mutua Madrid Open е целосното име на турнирот, еден од најважните, најдобро организираните и најпосетените турнири во светот. Главна причина за тоа е тенисот кој се игра во две конкуренции паралелно, во машка и во женска конкуренција во истата недела. Во главниот град на Шпанија овој мастерс се одржува од 2002. година, за почеток во сала и се' до 2008 се играше таму, последен шампион беше Мареј во такви услови. Од 2009, овај турнир се игра на земја неколку недели пред Ролан Гарос и важи за одлична проба за големиот грен слем во Париз. Најважната вест поврзана со мастерсот за оваа година е промената на подлогата, за прв пат во тениската историја се воведува сина земја по инстистирањето на директорот на турнирот кој тврди дека единствената разлика ќе биде бојата и не треба да се очекуваат проблеми.
Овај турнир иначе во минатото менувал повеќе локации како Стокхолм, Есен, Штутгард за на крај да се пресели во Мадрид од 2002 па се' до денес. Еве ги победниците од минатото :


Како што може да видите од горната слика, 3 пати се одржал мастерсот на земја во Мадрид и има 3 различни победници, Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Многу е веројатно дека еден од нив ќе ја прослави титулата и по втор пат, но кој? Најголеми се шансите за Надал, потоа за Ноле па за Федерер. Во изминатите 10 години од кога турнирот се игра во Мадрид, Надал и Федерер имаат по 2 титули. Интересно по една на двете подлоги, Федерер триумфираше во 2009 и 2006, а Надал во 2005 кога се врати после негатива од 0-2 во сетови против Љубичиќ во финалето и во 2010 кога го совлада Федерер во последниот меч.

Главниот стадион на овај одличен комплекс има капацитет од 12442 седишта и се вика Маноло Сантана во чест на еден шпански тенисер. Покрај него има уште 2 помали терени, Аранџа Санчез, исто така го носи името на една шпанска тенисерка како и теренот број 2. Сите 3 терени од овој комплекс имаат подвижен покрив што значи дека дождот и не треба да не загрижува премногу. Покрај тенисот, има и други возбудливи работи кои се одржуваат на главниот стадион. Обично се одржуваат некои концерти, а пред 2 години благодарение на подвижниот покрив кошаркарскиот тим на Реал Мадрид ги играше своите мечеви.

madrid.jpg
Време е да се збогуваме од овој поглед, како што спомнав погоре, а и повеќето од вас верувам сте информирани за новата земја. Од оваа година тоа ќе изгледа вака :


И да се вратиме на најглавното, на тенисот кој не очекува од наредната недела тука. Тешко е да се прогнозира кој колку би можел, не знаеме како ќе реагираат играчите на новата земја, да ја видиме формата на сите тенисери од првото коло и ќе биде полесно за било каква дискусија. Ако условите бидат исти како минатата година или доста слични, нема сомнение дека играчите со силен сервис ќе имаат голема предност тука, знаеме дека минатата година тука земјата беше многу брза, особено кога ќе се играше под покрив.

Рафаел Надал како двократен освојувач на титулата во Мадрид, според многу е најсериозниот кандидат за освојување на титулата тука. Освои 2 големи турнири во низа, игра со голема самодоверба и мислам дека тука лежи кључот за успехот.
Новак Ѓоковиќ, бранител на титулата, имаше тажни моменти на мастерсот во Монте Карло. Да се надеваме дека сето тоа го има пребродено и дека е 100% спремен да ни пружи големо задоволство во главниот град на Шпанија.
Роџер Федерер е тенисерот кој е секогаш непредвидлив. Кога сите мислевме дека ќе се откаже од тенисот после онај пораз во 2009 во Мелбурн, тој се врати и го освои Ролан Гарос за прв пат и уште 2 грен слема покрај него. Се зборува дека топчето скока помалку годинава што ќе му одговара на Швајцарецот кој направи подолга пауза и преостанува да видиме како се спремил за сината земја.
Енди Мареј, требаше да биде четврти носител, но поради повреда се повлече од турнирот.
Други тенисери кои би можеле да бидат опасни за останатите се :
Ферер,Дел Потро, Алмагро, Лопез, Вердаско. Има и уште други, сепак не може за сите да напишеме, ќе дискутираме околу тоа во наредните мислења и се надевам на одличен турнир следната недела и со нетрпение ја очекувам новата, сина земја. :)

За женската конкуренција нема да пишувам, освен за финалето каде Квитова ја совлада Азаренка.

Еве слики од шампионите од 2011. :



Се надевам дека ви се допадна отворањето, се извинувам доколку има некои грешки и би сакал да ги поправам доколку ги има. За крај, да се потсетиме на црвената земја во Мадрид и спектакуларниот удар од финалето помеѓу Рафа и Ноле :


Корисни линкови поврзани со турнирот :

Машка конкуренција - жреб
Женска конкуренција - жреб
Официјален сајт - тука
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.934
Поени од реакции
16.226
Да се пријавам на темата, чисто, да ми идат известувања.:)
Иначе типот за овој турнир.. па мислам дека без разлика што се бунтува Рафа за оваа необична плава земја, и за рекламите околу теренот(wtf човече o_O ) , би требало лесно да дојде до финале, се надевам нема така лесно да го освои турнирот како што направи во Монте Карло и дека барем еден од Роже или Новак ќе му се спротистави во финалето, делот кај што се наоѓаат Роже и Новак на овој турнир е далеку посилен од тој каде што е сместен Рафа, но нели, на маката се познаваат јунаците. Новак брани 1000 поени, многу битни, па ќе видиме како ќе се понаша на овој турнир, исто ме интересира и како тоа се подготвил Роже за земјената подлога, бидејќи во Монте Карло го откажа учеството и не бевме во можност да видиме...
За откажувањата на некои од тенисерите, Мареј, Фиш, Родик.. па и не ми менува многу тоа, далеку се од фаворити на земјена подлога, па нивното учество и немаше многу да промени, освен за атрактивните имиња на учесниците.
 
L

Löwe

Гостин
Се е супер поврзано со турниров али трофејот е катастрофа :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Се е супер поврзано со турниров али трофејот е катастрофа :)
Добро сега, не е баш катастрофа. Доста е деликатен, не е финтава да им дајме на шампиониве по еден џин како во Барселона. Ова е нешто напревно од посебни луѓе и е многу ценет трофеј. И оваа година ќе се дава тој, се надевам. 2009 и 2010 беше мизерно, еве види сам :)



Работава е, и да си шампион... пак ќе можеш да отвориш ресторан....:facepalm:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ке има нешто од турниров на еуроспорт или на телма???
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ке има нешто од турниров на еуроспорт или на телма???
На Евроспорт не ги пренесуваат машките турнири освен Доха,Квинс,Истборн и грен слемите. Ќе има на Евроспорт Мадрид женскиот дел од турнирот, а машкиот на СпортКлуб, СпортКлуб+ и на Телма, но највероватно Телма ќе започне од четврток со преноси.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
И сеа ја шо немам спорт клуб шо ке правам :)
Можете некои стримчиња да ставите кога ке почнат па да можеме и ние шо ја немаме оваа програма да гледаме.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
И сеа ја шо немам спорт клуб шо ке правам :)
Можете некои стримчиња да ставите кога ке почнат па да можеме и ние шо ја немаме оваа програма да гледаме.
www.hahasport.com

На сајтов ќе има стримови, по 2-3 за секој натпревар :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мој тип за турниров. Новак и Рафа пак ќе се сретнат во финале. Рафа ќе тепа, ама многу потешко од Монте Карло, зашто Ноле нема да биде психички толку слаб.:)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.934
Поени од реакции
16.226
Novak canceled the press conference due to stomach problems...

После ова, ќе видиме како ќе биди.
 
L

Löwe

Гостин
Мој тип за турниров. Новак и Рафа пак ќе се сретнат во финале. Рафа ќе тепа, ама многу потешко од Монте Карло, зашто Ноле нема да биде психички толку слаб.:)
Не верувам на такво финале. Ноле има многу тежок ждреб, + Роже ако стаса до 1/2 финале тука ќе има епска борба. Роже не играше на Монте Карло, веројатно се има добро спремено за овој турнир. Ќе видиме
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Анкета кој ќе биде победник нема а?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ќе видиме се надевам роџер да догура до финале
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Ќе го даваат на некој од нашиве канали турниров?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom