Бугарските ѕверства врз Македонскиот отпор

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
темата не е за Југославија,Германија или Танзанија
БУГАРСКИТЕ ЗВЕРСТВА ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ ОТПОР
Во своите настојувања окупацијата во Македонија да ја прикаже како
„преземање на своите национални територии“,бугарските фашистички окупатор создаде силен пропаганден апарат кој во целата 1941 година заземаше централно место во спроведување на великобугарската политика во Македонија.За таа цел беа формирани: читалишта,библиотеки,пеачки,спортски и други организации.
Посебен акцент беше даден на т.н.„ родољубави“ организации:
Друштвото на борците на фронтот, Друштвото на Илинденците,
Друштвото на Македонските одрински ополченици,
Друштвото на резервните подовицери „Полковник Дрангов“,
Друштвото„ Ратници за напредок на Бугарија“ и сл.
Беа формирани и женските профашистички организации, кои ги носеа
најчесто имињата на жените членови на царското семејство, на пример:
„ Царица Јоана“, „Кнегиња Луиза“ и т.н.
Особено значење им беше дадено на младинските фашистички организации „Браник“ и „Отец Пајсиј“, кои што требаше да одиграат посебна улога во денационализацијата на средношколската младина и нејзина бугаризација. Дирекцијата за национална пропаганда организирала растурање на бесплатни учебници, списанија и весници и друга литература меѓу учениците.Со целосно ангажирање на школските управи и со нудење на посебни привилегии,особено се инсистирало на што помасовно зачленување на средношколците во овие организации.
Ова наиде на мал скоро никаков одзив меѓу младината.
Но затоа уште во првите денови на окупацијата бугарските фашистички власти наидоа во Македонија на најразновидни отпори.Тоа беше бојкотирањето на разни нивни свечености кои во Скопје во првите месеци на окупација беа многу чести.На тие така
наречени „тржества“ присуствуваа само граѓани-бугаровили и националисти и деца доведувани од училиштата со наредба и под команда на своите учители исто така бугари или бугаровили.
За бугарскиот окупатор тоа беше јасен знак, дека македонскиот народ не го дочекал како „брат“ и како „ослободител“ ами како окупатор.
 
I

Iblis

Гостин
Не, аргумент за легитимноста е потпишаната од страна на Југославија капитулација. Исто како Отоманската империја потпишува капитулацијата по Руско-турската војна (1877-1878) и Русија окупира дел од Отоманската империја. Тоа е дел од меѓународното право.
off topic
Тоа беше онаа Југославија од која избега кралот?
Без разлика, населението не цела Југославија, вклучувајќи го и она на територијата на Македонија не се согласиле со таа капитулација. Нешто не ни одговарал "Бугарскиот модел". Да не заборавиме дека Бугарија беше една од губитниците на војната, по тоа меѓународно право вие тие придобивки сте ги изгубиле, како такви и според истото тоа право требало да ви се наложи да исплаќате репарации.

on topic
Анчо погоди како , дедо ми и брат му, ги викале бугарските војници?
Распашољ банда, немало ред за нив, немало закон, на кој како ќе му дошло така работел, затоа и брат му тргнал да ги снабдува со муниција, преку нишанот се разбира :D
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
711
Капитулацијата е термин од меѓународното право и нема никаква врска со тоа дали народот се согласува или не. Капитулира државата, не народот. Народот при пречекот на бугарската војска јасно покажал што мисли за неа, има слики, има видео филмови има спомени.

Тука на форумот има најмалку 100 луѓе сум чул дека имаат роднини "учествувале" во "борбата" против "Бугарите-фашисти", а во 1941 година тоа се околу 1000 лица. Секој е или наследник на "борец против фашизмот" или на "илинденец" во зависност од темата. Вистината е сосема друга.

"Злосторствата" т.е. начините за добивање на информации, кои денес некои сметаат за злосторства биле нормална практика во тоа време. Настраданите невини луѓе не се повеќе од средно-статистичките грешки во денешните садови и полициски станици во Република Македонија. Останатите се уго комунисти (СКОJ-ци, КПJ-ци и нивните jатаци), извршувале терористички акти, фрлали бобми по институции, взривувале мостови, возови, згради, од нивната рака се загинати невини луѓе кои се извршувале своите обврски, вклучувајќи и многу луѓе родени во Вардарска Македонија (војници, полицајци, администрација и обични граѓани).

Биле само фанатизирани радикални комунисти кои убиваа поради својата идеологија (убиствата не се начин да покажеш дека твојата идеологија е подобра), и поради фактот дека таа не е главна за државата. Во денешно време фанатизирани радикални исламисти убиваат, затоа што нивната религија не е основна за една земја и мразат другите религии и убиваат свои сограѓани.. Што е разликата?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Oд 18 април 1941 год. кога бугарската фашистичка окупаторска власт навлезе со огромен воен,полициски,административен,пропаганден,образовен и вкупен општествен арсенал подготвен за својата голема мисија -- денационализација на македонскиот народ и остварување на својот романтичен сон за ГОЛЕМА бугарија со Македонија како нејзин составен дел.

Штабот на 5 бугарска армија беше во Скопје. Командантот на 5 армија Бојдев,на 6 октомври 1941 година,праќа упаство до командантите на дивизиите за борба против партизаните. ( значи имало партизани пред 11 октомви и нивни акции)

Eве дел што вели во тоа упаство:

"Кога борбата со четите ги надминува можностите на административната и полициска власт за борба против нив-да им се нареди на воените началници да го преземат целосното раководење и водење на таа борба. ( опа? значи овој очекува или има веќе борби со некои чети)

10. Законите на земјата во врска со Жаневската конвенција не важат во борба против овие чети. Животот им се поштедува само на оние четници кои доброволно ќе се предадат пред да биде дадаена било каква жртва од наша страна. Сите фатени при обид за бегство - се убиваат.

11. Селата чии жители заедно со четниците давале отпор, да се запалат откако ќе им се даде рок на жените,децата и старците,не поголем од 2часа, да го напуштат селото.

Сите оние кои го напуштиле селото се собираат на едно место.

Тие што се фатени со оружје се стрелаат веднаш..." ( дури ни ова напишаново бугарските фашисти не го почитуваат)
 
I

Iblis

Гостин
Капитулацијата е термин од меѓународното право и нема никаква врска со тоа дали народот се согласува или не. Капитулира државата, не народот. Народот при пречекот на бугарската војска јасно покажал што мисли за неа, има слики, има видео филмови има спомени.
"Злосторствата" т.е. начините за добивање на информации, кои денес некои сметаат за злосторства биле нормална практика во тоа време. Настраданите невини луѓе не се повеќе од средно-статистичките грешки во денешните садови и полициски станици во Република Македонија. Останатите се уго комунисти (СКОJ-ци, КПJ-ци и нивните jатаци), извршувале терористички акти, фрлали бобми по институции, взривувале мостови, возови, згради, од нивната рака се загинати невини луѓе кои се извршувале своите обврски, вклучувајќи и многу луѓе родени во Вардарска Македонија (војници, полицајци, администрација и обични граѓани).

Биле само фанатизирани радикални комунисти кои убиваа поради својата идеологија (убиствата не се начин да покажеш дека твојата идеологија е подобра), и поради фактот дека таа не е главна за државата. Во денешно време фанатизирани радикални исламисти убиваат, затоа што нивната религија не е основна за една земја и мразат другите религии и убиваат свои сограѓани.. Што е разликата?
Државниот врв не е државата, народот е. Јасно ни е на сите што кажал народот во врска со бугарската окупација и методите кои се применувале. Има доста спомени, едно се пропагандните филмови, друго е она што дома ти го кажале. 3наеш не за џабе тргнале нашите предци против Бугарите, имале можност да бираат: Југославиа или Бугарија. Моментална власт и сила била Бугарија, изборот е добро познат.

17.000 Македонци-цивили, загинале на територијата на Македонија според Vladimir Žerjavić, за време на бугарскатa окупација, ќе излезе дека комунистите ги убиле, по твое се разбира.

И уште нешто ако убиствата не се начин да покаже човек дека неговата идеологија е подобра, оти сте пукале на наша земја по наши луѓе?
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Иванн Козарев и Никола Парапунов и тиа велиш са биле македонци, а не бугари? Па немои, вака тиа двамата винаги су били бугарски комунисти, дел от БРП (к) и никогаж не се изаснили за Национална борба на Македониа, винаги за антифашистичка и интернационална. Се пак во Бг има око 10 школа, булеварди и улици кои ги иамле иминјата на Козарев и Парапунов веднага след 1944? Наведи ги истите во Мк ама след 1944 одмах? Пагаш длибоко вака. Ке доиде, дек пак бугари кренали македонската борба во Пиринскиот дел на краиот;)
Детуленце мрсулаво, ти немаш поим за што зборуваш.

Уште во текот на 1941 година Никола Парапунов води еден разговор со Стефан Нанов (кој подоцна беше одговорен за Централната Малцинска Комисија при ЦК на БРП) и од него дознава за активностите на еден друг македонски патриот во времето на НОБ по име Кузман Јосифовски-Питу којшто уште во 1939 година остварил контакт со Никола Јонков-Вапцаров, при тој разговор Никола Парапунов го изјавил следново:

"При каква и да е положба во војнава, треба да се знае дека мораме да држиме врска со борците од Вардарска Македонија, не преку Софија."

Цитирано во: БРП(к) и македонското ослободително движење во Пиринска Македонија во периодот 1938-39 година. "Пирински Глас", Скопје, 19 мај, 1952
исто и кај: Коце Солунски "Кузман Јосифовски-Питу", Скопје, 1973, стр. 142.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Со тебе за ништо јас не говорам, зашто ти си мрсулаво детуле кое не знае понатака од носенцето.

Значи според "логикава" вашите Ѓорѓи Димитров и Васил Коларов кога работеа во Коминтерната во Москва беа Руси ли..?

Значи сите борци од цел свет коишто отидоа да се борат против фашистите на чело со генерал франко во Шпанија да ти биле "Шпанци"...
:facepalm:
Гошо Тарабата веке е на буништето, зошто со Коларов са доказани соработници за јужнословенска федерациа и коминтерновци слуги. Они имали саветски пасоши! Предавници мрсни, кои веке дури и комунјарите во Бг не почитуват, да им мочам на Интернационала! Оние беа саветски шпиуни и југословенски слуги!
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.616
Поени од реакции
711
Еве ти една книга за "домашно" токму на оваа тема. Не е БАН, а се документи од Државниот архив. Прочитај малку оригинални документи, а не "дедо ми вели", "баба ми раскажува".

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Еве ти една книга за "домашно" токму на оваа тема. Не е БАН, а се документи од Државниот архив. Прочитај малку оригинални документи, а не "дедо ми вели", "баба ми раскажува".

па према насловот на корицата,сосем добра книга
некој овој сеашен наш дел од Македонија,го крстил
му дал име, некоја геогравска одредница - поим
значи,сосем добро има и други делови од Македонија,
значи некаде постојат откинати делови, а наши
значи тоа и тие тогаш го занеле ама и ние
значи ли тоа нешто, што се ближи 2013 година
значи ДА ! ги сврби,ги јаде јанза,знаат дека не е нивно
значи и за нас, да ја продолжиме борбата за слобода
значи има уште некои неослободени Македонии
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ако има Вардарска значи има и Пиринска (и Егејска-колку да не остане неспомната).
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Гошо Тарабата веке е на буништето, зошто со Коларов са доказани соработници за јужнословенска федерациа и коминтерновци слуги. Они имали саветски пасоши! Предавници мрсни, кои веке дури и комунјарите во Бг не почитуват, да им мочам на Интернационала! Оние беа саветски шпиуни и југословенски слуги!
Абе "Гошо тараба" ваков-таков, ама без него и Коларов денешниов Булгаристан немаше да постои.
А на Тито треба секој ден по едно кандилце да му палите и да му се молите зашто врз грбот на Македонците ви дозволил делумно да си ги искупите наци-фашистичките гревови. Ама на шизофрена нација како вас тоа никогаш нема да и стане јасно.

Еве едно сликче од формирањето на нова т.е. денешна Б'лгарија, после крајот на втората светска војна.
Види кој будно бдее врз твојата иднина во позадината.

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Мајскиот бугарско-фашистички политички судски процес
одржан од 27 април до 9 мај 1942 година во Скопје
Обвинети се 45 организатори на НОД, борци на првиот скопски партизански одред,членови на КПЈ и СКОЈ од скопје.
Под реден бр.5 на списокот на обвинетите стои името на
Васил Стефанов-Антевски,од село Оморани, Велешко,стар 37 години,
Бугарин,православен,писмен,неженет, адвокат,осудуван по ЗЗД

Васил Антевски - Дрен
„ Васил се уште седеше на своето место. Изгледаше мирен. Човекот познат по својата скромност, со тивок и мил збор, пробивен во сите средини, сега на крајот од овој процес се надвиси и себе си, ги скрши предвидените норми со сценариото, за кое вложи толку труд, во последниот момент реши тука на ова место да ја брани честа и револуционерната улога на Партијата, на која и припаѓаше, да биде адвокат на НОБ, бидеиќи својата среќа ја гледаше во слободата на македонскиот народ и на класата, за чии интереси веќе една година согоруваше.
Најпосле беше прозван. Стана од местото и со достоинствени чекори,колку што дозволуваа прангите и синџирите, следени со нивното звечкање, со исправена глава и разиграни мускули на вилиците, се прибра пред прецедателот.Тие што го познаваа пробивниот збор на Васил секако очекуваа силен двобој со прецедателот. Но никој не очекуваше таква експлозија на адска машина.
Ненадејно се приближи до масата на прецедателот на судот и посегна во десниот џеб од палтото. Врз масата истресе нешто од шамивчето што го извади од џебот.
Пред судот на масата се најдоа ноктите, како неумоливи сведоштва
од сите десет прсти од нозете на на Васил. Со тон што обвинува тој се обрати до прецедателот.
-Погледнете го ова чудо, господине прецедателе, да видите како се однесуваше полицијата при иследувањето спрема нас што седиме на овие обвинителни клупи.
Во салата настана молк. Судот се најде во многу непријатна положба.
Настапот на Васил ги збуни. Дури прецедателот во тие први моменти не знаеше како да реагира.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
сакам и некаде да го напишам и целиот судски процес во тема - Дрен
сега молба и до Бугарите
Дајте некој,извадок-линк од книгата,или напишете нешто-препишете
од Ради Радев- „917 дни смртен“ стр.170-172. издание Софија 1972год.
и од Дамјан Брнков,-„Љубов в’белезници“ -издание Софија 1974год.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Анчо,
за тебе посебно признание треба, за трудот, мотивацијата и способноста овие значајни извадоци секогаш да се прецизно по темата.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
еве уште за овој судски процес
Самиот почеток на судењето,при земањето на генералиите од секој обвинетите поделно недвосмислено покажа дека обвинетите дошле на суд решени со своето достоинствено држење да укажат дека окупаторот ќе се сретне со вооружен отпор од страна на македонскиот народ,кој е единствен сопственик на оваа окупирана и поробена Македонија.
На прашањето од претседавачот на Судскиот совет на која народност и припаѓаат,ниеден од обвинетите не прифати да се декларира за
Б У Г А Р И Н .
изјава на обвинетите: „ Јас сум Македонец,Јас сум тукашен и нашинец“
навестува своевидна демонстрација во таа судска драма.Упорно одбегнување на обвинетите да ја прифатат бугарската национална припадност,го принуди,Судскиот совет повеќе да не инсистира на генералиите,туку сам да го извршува пополнувањето на овие податоци.

изјавата на Васил Антевски - Дрен
„ Син сум на македонски земјоделец и македонска мајка од Велешка околија ....“ тоа беа првите зборови во протоколот
изјава на Пајо Момчиловиќ
„ Во затворот дојде обезличен како никој од нас.На сте десет прсти од нозете ноктите му беа паднати-откорнати,а на табаните имаше живи рани, од кои се јавуваа црви и гној. Со свои очи гледав како црвите излегуваат. Раните му беа наполно запуштени во иследниот затвор.Нозете на Васила за сето време на иследниот и судскиот процес останаа со живи рани.
На нозете не можеше чевли да обуе, затоа бевме приморани да му шиеме патики од стар шајак. Тој и со нив тешко се движеше. За среќа на сите нас тој многу не му обрнуваше внимание на тоа,како да не знаеше за физички маки. Наспроти тоа духовно беше пак како челик, со сиот сјај на еден револуционер што бугарските мршојадци не можеа да го скршат“
 
Даи да видим пресудата, шо пише унутар, се остало е белетристика, а нормално дека Србин си навел ко източник на приказната. Даи пресудите, ама и на овие - Ченто, Венко Марковски и сите остали великани на Македониа после 1944.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom