да се вратам на темата.
црвени шамичиња во рацете на децата,на плоштадот за дочек
на “окупаторите„ и следува првиот ќотек од „ослободителите„
На 10 април уште пред да дојдат има една акција на членови од НОД
уништен е еден воен склад кај пиварницата и „ограбен“
На први Мај е истакнато знаме на разурнатата дивизиска зграда.
По неколку дена мај 41 год. ѕидовите на куќите по скопските
улици беа испишани со пароли против бугарската фашистичка власт.
Во јуни 41год.работници што работеа на весникот„Целокупна Б“лгарија“,
организираа и стапија во штрајк (поради омраза кон хитлеровите слуги)
Во исто време мај-јуни, непосредно пред отварањето на еден споменик
од страна на бугарската администрација,незабележано под платното
на споменикот со црвена масна боја младинци од НОД ги напишаа
паролите; „Долу окупаторот“, „ Да живее слободна Македонија“.
Саботажа прават и група од членови на СКОЈ и НОД , кога во вториот
дел на Градскиот парк што припаѓаше на букарската полиција (коњица)
ќе запалат поголема количина на сено.
Истите прават саботажи и по железниците.
Понатаму следуваат повеќе диверзански акции во градот и околината.
Сите тие се далеку пред 11октомври “41 год.
На Пиротехничкиот завод во Ѓорче Петров
На рудникот „ Радуша“
На воениот аеродром во Скопје
На железницата и ложионицата во Скопје
И на повеќе други воени магацини
Во овие диверзански акции биле набавени:
десетина пушки, два пушкомитралеза, еден сандак со муниција,
30 рачни бомби, 6 револвери, над 1000 кгр.динамит, детонатори,
фитили и друг материјал, две вреќи со јодирани завои, ќебиња и др.
Од овој плен, покрај за првиот скопски одред е праќано и за другите
партизански одреди во Македонија.Во велешко ,битолско,кумановско.
За Прилеп еден куфер динамит и каписли пренесе Стеван Стојановски.
кога бугарите го претресуват не ја откриваат мамката(боја за сандали)
На пример за нападот на тунелот Богомила,каде паѓат и првите бугарско-фашистички жртви жртви и тоа е пред 11 окт.
Дел од динамитот, каписли и друг материјал во неколку куфери
Димко Ангеловски - Габерот ги пренесува до Неготино,каде ги презема
Најдо Стаменин - Орлов и ги носи на Криволак.
еве уште акции пред 11 октомври 1941 год.
Мај-август, беше уништен еден воен фашистички камион во Скопје
....................беше уништен еден воен авион во Скопје
....................беа уништени две локомотиви во Скопје
На 9 септември доаѓа до вооружен судир со бугарската војска и полиција
на ул.335 бр.17 и тука паѓа првата фашистичка жртва .
На 7 октомври во центарот на градот,доаѓа до судир на една група од
првиот скопски одред со бугарските полицајци и агенти.
Сето ова горе наброено е Македонскиот отпор против буг. окупатор.
Но тука спаѓат и демонстрациите на средношколците и студентите,
уште летото и есента 1941 година.
Роберт Гајдик морам за него да отворам посебна тема.
Неуморен борец во НОД на Македонија,Чех по националност.
Го спомнувам и во оваа тема зошто бугариштана само ги боде очи дека
партизанското движење било „ комунистичко - српско“ ама не е баш така.
- во акцијата за уништување на германскиот транспортен авион Ју-52
учествуваа:
Роберт Гајдик, Иван Циганков, Стевче Перовски, Асен Арсов,
Здравко Николовски,Боте Ботевски и Трајко Стојков.
Во август1941год. е вормиран првоит скопски партизански одред и дејствуваше
три месеци во услови кога во Скопје бугарскиот окупатор имаше огромна
концетрација на воени и полициски сили во градот и околината.Во овој период
низ одредот минаа 47 борци од кои 17 загинаа во текот на борбите во НОВ.