Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Честито Полди! Честито и за нас за ваквото засилување.
Очигледно овој пат А.В. нема да остави се на вербата дека РвП нема да си оди затоа што он така мисли. Добро е тоа - му дојде памет. Секако нели се надевам дека РвП нема да си оди и ќе остане во Арсенал до крајот на неговата кариера.
Малку е рано знам но некако ми дојде една визија пред очи за наредната сезона.
Мислам дека А.В. ќе ги изненади сите (веќе со Полди почна) и трансфер сезонава ќе купи квалитетни играчи, ќе продаде тоа абдалите што зимаат плата за џаба и мислам дека дури и формација ќе смени.
Наредната сезона ќе биде уживање да се гледа Арсенал некаде после 4-5 коло, ќе освоиме титула во ПЛ (а можеби и по некој куп) и А.В. ќе поднесе оставка и ќе си оди како победник.
ТАка некако ми мириса мене.
 
СО оглед дека си го напишал постов сабајле околу 09 00, и плус после Први мај, ќе ти простиме. Имаш алкохол у венама сеуште. :D :D
 
Ar0pP2lCQAAXb1_.jpg
 
Има Венгер главата да го боли летово од трансфери,само погледнете ја листата на позајмени играчи и се ке ви стане јасно
 
Ништо од киксови на конкурентите, сега се е до нас.

Искрено ако не го победиме Норич дома, па и не треба да играме во ЛШ.
 
Има Венгер главата да го боли летово од трансфери,само погледнете ја листата на позајмени играчи и се ке ви стане јасно
Нека го боли, купува еден куп деца, од кои 60% нема да ги биде и после нема што да им прави па ги дава на позајмица. А се тоа влече пари што можат да донесат еден ѕвер играч.
 
3114-rvp.jpg

Робин ван Перси најдобар оваа сезона во Премиерлигата според фудбалските новинари

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси ја освои наградата Фудбалер на Сезоната која ја доделува Асоцијацијата на Фудбалски Новинари во Англија.
Робин ван Перси кој веќе го доби признанието за Најдобар Фудбалер од Асоцијацијата на Професионални Фудбалери, сега на гала приредба во Лондон, неговата фантастична сезона беше потврдена и од Асоцијата на Фудбалски Новинари.

Холандскиот напаѓач се најде на врвот на листата пред Вејн Руни и Пол Сколс од Манчестер Јунајтед и Клинт Демпси од Фулам.

Робин ван Перси вели дека не ја очекувал оваа награда, особена чест за него е тоа што таа доаѓа од фудбалските новинари кои многу добро ги познаваат фудбалерите.

"Горд сум што сум тука, ја видов листата на претходни добитници, никогаш не мислев дека ќе седам тука и ќе го освојам овој трофеј" - изјави Ван Перси по примањето на наградата.

"И оваа сезона не мислев дека ќе освојам некој личен трофеј, едноставно само играв бидејќи го сакам тоа и сакам Арсенал да заврши колку што е можно повисоко во лигата".

"Бев навистина изненаден. Кога дознав дека сум добитник си реков Што? Јас? Навистина?".

"Горд сум што сум дел од оваа историја".

"Новинарите знаат се за сезоната бидејќи го гледаат секој натпревар, го анализираат секој гол, секое движење, знаат се за вас".

"Прават интервјуа со мене и другите фудбалери, имаат јасна слика за тоа кој е најдобар фудбалер, па да бидам изгласан за најдобар од овие момци, ми значи многу".
 
Абе он е најдобар секоја сезона само на овие тек сеа им текна. :P
 
Ајде добро ве најдов!:)

И порано бев член на форумов и фан клубов( пред едно 2 години) ама гледам се нови членови сте и чат пат некој од постарите. Се надевам квалитетни дискусии ќе се водат.

И едно прашање од старт. Уште е член Arshesavin или како и да се викаше? :icon_lol:
 
Ај добро ни дојде, повторно. Не знам дали сум го приметил тој член. *Дополна* Последна порака на Arshesavin е од 24 октомври 2011.

Честито за Робин! Си заслужи човекот, само нека биде среќен што Папис Сисе дојде на сред сезона, дечкото растури до сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom