- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 2.815
- Поени од реакции
- 3.070
Се сметаат аудио книги у ова?озбилно...
се смета зошто да не
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се сметаат аудио книги у ова?озбилно...
12. Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк. Втор пат ја читам, од пуста досада. Ја препорачувам, трилече кое ќе ве држи во мистерија.
13. Игри на гладните 3 - Мокингџеј. Јас бев воодушевена од првиот дел од серијалот. Вториот ми беше некако набрзинка. А третиов - па, не сум воодушевена. Заврши онака како што сакав да заврши - горе-долу. Ама многу некако акција имаше, почетокот посебно. И ако има војна мајку му стара, овие цело време пред камери го минуваа. Прва книга прочитана на киндлот
14. Малиот принц
Кои метафори ги држи книгава... Ѕверска.
). Али, секоја чест за иронијата на Аманити. Од тој аспект, може со Сидни Шелдон да се носи.

„Песоци на времето“ според мене е најлошата книга од Шелдон без сомнеж![]()
А и морам да се согласам дека Песоци на времето и мене некако ми е послаба од другите негови.
Поназад имам пишано дека не се нафаќам на предизвиков, ама онака си ги борја и до сега негде 15 имам прочитано.
^^Зарем има книга за која можеш да кажеш дека ти е срам што си ја прочитала?
Срамота за мене е кога некој ќе каже дека едина прочитана книга во животот му е Зоки Поки.![]()
Зошто?
Ух, па има многу недостатоци во книгата. Шелдон ми е омилен автор и сум читал безброј други подобри книги од него, од сите издадени на македонски уште само три ги немам прочитано и тоа новите Голото лице, Господарот/Господарката на играта.
Во Песоците на времето некако ми немаше никаква возбуда книгата, ужасно опишани ликови, целата книга како набрзина да е напишана без да се почувствува напнатост како што има во неговите книги. Не знам, не ми се допадна, и тоа е прва книга од Шелдон за која такво мислење имам.

Ако некој сака проза, секогаш тука се изданијата на Ѓурѓа, (не)згодно скратени и осакатени. Така, на пример (не знам дали го објавиле ни дали имаат намера) ќе се јават читатели кои Тивкиот Дон го решиле за два часа, ако не и за пократко.Абе Сидни Шелдон е лесен за читање, зошо не пробате на Англиски? Ем ќе забаталите овие лоши преводи, ем ќе се воведете во англисиот за понатаму да читате оригинали.

Не сум некој што е многу загреан за предизвици, па не се ни пријавувам за 40-ката. А и бројките се релативна работа.
Овде веројатно станува збор за нешто што се прави за себеси и ми се допаѓа како идеја, ако е така.
Инаку за чалам, ако запне некој 40 поетски збирки не се ништо посебно. За месец се читаатАко некој сака проза, секогаш тука се изданијата на Ѓурѓа, (не)згодно скратени и осакатени. Така, на пример (не знам дали го објавиле ни дали имаат намера) ќе се јават читатели кои Тивкиот Дон го решиле за два часа, ако не и за пократко.
Еве читај го Шелдон. Или пак Стивен Кинг. Можеш и Мапа од коски/Храмот на инките од Џејмс Ролинс. Ваква литертура вала имаш колку сакаш.15. Тhe Girl Who Played With Fire - Stieg Larson
16. The Gril Who Kicked The Hornet's Nest - Steig Larson
17. The Bourne Identity - Robert Ludlum
Сега ја читам The Bourne Supremacy на Ludlum.
Имате препораки за некој техно-трилер? Нешто како Bourne или Digital Fortress?
Еве читај го Шелдон. Или пак Стивен Кинг. Можеш и Мапа од коски/Храмот на инките од Џејмс Ролинс. Ваква литертура вала имаш колку сакаш.


Делата на Кинг повеќето ги имаш во Икона на англиски. Претпоставувам ги читаш на оригинал.Фала.
Ќе побарам нешто од Шелдон.
Со месеци ја барам 11/22/63 од Кинг. Никаде ја нема.![]()