12. Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк. Втор пат ја читам, од пуста досада. Ја препорачувам, трилече кое ќе ве држи во мистерија.
13. Игри на гладните 3 - Мокингџеј. Јас бев воодушевена од првиот дел од серијалот. Вториот ми беше некако набрзинка. А третиов - па, не сум воодушевена. Заврши онака како што сакав да заврши - горе-долу. Ама многу некако акција имаше, почетокот посебно. И ако има војна мајку му стара, овие цело време пред камери го минуваа. Прва книга прочитана на киндлот
14. Малиот принц
Кои метафори ги држи книгава... Ѕверска.
15. Последната Нова Година - Николо Аманити. Првиот пат кога ја прочитав - пред ено 5-6 години, бев воодушевена. Сега некако - не. Премногу морничаво за мене, плус одбивам да поверувам дека нема еден нормален човек на планетава (освен мене, нели
). Али, секоја чест за иронијата на Аманити. Од тој аспект, може со Сидни Шелдон да се носи.
Дејствието: доживувањата на вечерта на Нова Година на станарите на една зграда.
16. Песоци на времето - Сидни Шелдон. Сидни Шелдон е еден од моите омилени писатели.
Во оваа книга се зборува за четири калуѓерки, кои ќе мора да патуваат со едни терористи. Патувањето од само неколку дни ќе им ги смени животите на сите.
Судбината на Сестра Тереза е причината поради која погоре реков дека Аманити може да се носи со иронијата на животот која Шелдон ја вплетува во своите приказни,
На моменти книгава ме нервираше - се упознаваат двава пара и одма после еден ден маживе ги прашуваат жениве за брак. Кај го има тоа?
И друг недостаток - (сигурна сум дека намерно, тоа е својствено за Сидни Шелдон), не докажува некои работи. На пример, имаме еден пар, моментално се далеку еден од друг. Таман девојкава треба да му се јави на мажот, и текнува дека не се еден за друг (шпанскосериски стварчиња бла бла) и одлучува да не му се јави, главата завршува, ти мислиш дека готово со нив двајца. И на последната страница од книгава ги покажуваат заедно. Што станало, како станало, ела откриј да те видам.
Прочитав уште две книги ама ај не ги ставам во списоков.
Првата, затоа што ми е срам, не кажувам која е.
А втората е 20.000 милји по морето од Жил Верн. Книгата си е супер ама е као лектира, па реков ај за 200 страни...