Скоро еден месец сум на телекабел, користам нет од 16ч па натаму, до сега само два пати беше успорен са да тешко отвара страни, вториот пат знам имаше невреме а тогаш знам дека сите оператори имаат проблеми. Инаку сем тие случки брзината му е стандард околу 8 Mbps, од торент симнувам со иста брзина као што ми беше од Дуо екстрем од Оне, а цената меѓу нив е каде-каде разлика. Во секој случај за сега сум пријатно изненаден, очекував многу полошо. Барем кога сакам може да се пребацам на друго мес.
А за HD канали, мислам дека има уште два германски, ако добро видов, едниот за подароци и накит, другиот дава документарци, природа и слично, знам дека е супер сликата на нив. Едино им замерувам што на неколку дигитални имаат сецкање на сликата а некои се толку замрзнати што не ни може да се гледаат. Мислев прво дека тоа е последица на временски прилики пошто имам сателитска антена и знае некогаш да е така, додуше доста ретко, ама не е до тоа,константно им е.