Во последно се срамам од својот народ. Не поради тоа што не е премногу образован, премногу културен, економски моќен или било што друго, туку едноставно затоа што ми се руши верувањето дека овој народ може некој лесно да го лаже и манипулира. Секогаш стоев на мислењето дека овој народ може да биде излажан и изманипулиран, но да е свесен за тоа и без разлика на тоа што знае пак да си тера по свое. Но, нажалост и тука се разочарав.
Вчера,непрофесионалното, неквалификувано и безвредно МВР( Министерство за Валкани работи), излезе со тврдење дека децата кои пред помалку од месец дена брутално го загубија животот, се убиени од страна на долгобради Исламски радикали кои откако успешно ги завршија своите задачи во Авганистан, Пакистан и Ирак ( убија илјадници американци .потопија клучни носачи на авиони, ги уништија главните бази на неверниците итн..), се вратија во Македонија да се справат со домашните неверници , и со убивање на млади деца на Македонската јавност и светот им докажат дека тие не само што успешно можат да се справат со една суперсила, туку можат исто толку успешни да бидат во убивањето невини деца.
Валканото министерство исто изјави дека кај терористите пронашле УЧК униформи и книги кои им помагале во развивањето на нивната идеологија (Најчитана била книгата “ Џихаџ ; Од масакрирање деца, до уништување суперсила).
“ Биди сериозен , Македонија плаче ти си играш к.р“
Не, немаше да ја пишувам темава воопшто, ако видев дека барем еден храбар Македонец, ама еден храбар Македонец без никаков сомнеж стане и јавно рече “ Не ни ги продавајте овие гомна! Или најдете ги убијците или поднесете си сите оставка!„ Но кому ќе го кажеш тоа? На Министерката (жалното девојче) или на тајната служба која единствено е професионална во прислушувањето разговори меѓу сопружници ?
Жално е што во нашата држава ретки се тие кои го зачуваа паметот во овие улави времиња што не опкружија. Ебати економијата, ебати НАТО, ебати ЕУ, ебати све...На Македонија не и требаат овие работи. Најпрво и најбитно и е да расчисти со домашните непријатели (Албанци, Исламисти, Бранко, А1, Сител...) Не бре Сител глупав!!!
После повеќе недели редовни истраги каде што требаше да се признае нестручноста и килавоста на нашето МВР, сосема јасно беше дека ќе се излезе со лага која ќе биде поверувана од сите . Ќе се обвинат луѓе кои се омразени кај сите подеднакво и со тоа решени се сите проблеми. Македонците на прес конференција ќе кажат: “Завршивме работа„. Албанците на прес конференција ќе кажат: “ Главно не бевме ние“, и сите среќни на крај, а ти народе мрази се меѓу себе пошто попаметна работа од омразата не ти остана.
И? Не бев доволно јасен ли? Еве кратко резиме ( ForDummies) :
1: Исламистите се наместени!
2: МВР не го расчисти убиството!
3: Некој има корист од креирање меѓуетнички конфликти
4: МВР не го расчисти убиството!
5: Убиството на младите можно да е дело на специјалци.
6: МВР не го рачисти убистовото!
7: Се оттргнува вниманието од реалните проблеми (eкономија, кривосудство, неефикасна администрација и милион други)
8: МВР не го расчисти убиството!
9: Сосила се креираат сценарија на можна меѓуетничка војна.
10:МВР не го расчисти убиството!
11: Македонија има неефикасна, неодговорна и неморална власт!
Абе спомнав ли дека МВР не го расчисти убиството?