Помеѓу две форми кои единствено постојат во бујната фантазија на Дарвинистите
--- надополнето: 2 мај 2012 во 01:37 ---
Хипотезата „пунктуален еквилибриум“ или „прекината рамнотежа“ нема ни Т од теорија. Тоа е обична хипотеза, претпоставка полна со фантазии, цртани филмови, со суетна надеж на Дарвинистите.
Хипотезата произлезе од долгогодишниот фосилнен наод кој беше и се уште е крајно разочарувачки за Дарвинистите и спротивен на нивните очекувања.
Откако Дарвинистите се соочија со огромните провалии помеѓу животинските видови (наспроти очекуваната континуирана и непрекината низа на фосили), еволуционистот Гоулд излезе со нова режија, со нов анимиран филм каде што објаснува како би можела да се случи претпоставената еволуција, а да при тоа не останат траги од неа.
Ете што се случува кога Дарвинистите ја земаат Дарвиновата претпоставка како догма и вистина сама по себе и потоа со помош на неа се обидуваат да објаснат зошто фактите не ја подржуваат.